Samsung Galaxy J6+ (2018): Голем дисплеј, двојна камера и одлична батерија

Објавено на 27.11.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy J6+ (2018): Голем дисплеј, двојна камера и одлична батерија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.5


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Скенер за отпечатоци на прсти;
- Сензор за препознавање на лице;
- Двојна задна камера;
- Ниска цена;
- Трајна батерија;
- Голем екран;
- Елегантен дизајн;

 

Negatives:

- Слаб процесор;



Целата рецензија

Овој модел е еден од добрите адути на Samsung во средната категорија на смартфони, кој се одликува со голем дисплеј, двојна задна камера и издржлива батерија. Samsung Galaxy J6+ е доказ колку брзо се менува пазарот на смартфони и со какво темпо напредува. Се до неодамна опциите како што се двете камери и отклучувањето на уредот со поглед беа резервирани само за уреди од високата класа, а денес и поевтините телефони доаѓаат со такви напредни опции.

Необична локација на звучниците и сензорот за отпечатоци

Со изгледот дефинитивно ќе ве освои, особено со црвената боја - елегантен изглед, заоблени рабови и атрактивен дизајн од стакло. Дизајнот остава впечаток како да станува збор за уред од повисока категорија. Стакленото куќиште е мамец за отпечатоците од прсти, па препорачливо е со овој уред да се користи и заштитна футрола. Од предната страна доминира големиот 6 инчен дисплеј, кој не ја покрива целата предна површина, туку има рабови над екранот, без notch, само што камерата, блицот и звучникот се сместени над екранот и под екранот.

Од десната страна на смартфонот е типката за вклучување на телефонот, кој е воедно и сензор за отпечатоци на прсти и над неа се наоѓа звучникот. Поради овие необични позиции на звучниците, понекогаш се случува за време на играњето случајно да го покриете звучникот, но ќе се навикнете. Samsung Galaxy J6+ е евин уред, но има две задни камери, сензор за препознавање на лице и сензор за препознавање на отпечатоци на прсти, интегриран во типката за палење на уредот. Сепак локацијата на скенерот е добра, затоа што е лесно достапна. Сензорот за препознавање на лице е за пофалба, затоа што ве препознава и со очила.

Бројни можности со камерата

Силниот адут на Samsung J6+ е камерата, која најмногу се однесува за младите, Snapchat генерацијата што е навикната да снима и објавува фотографии со филтри и AR лепенки, уши, шепи, торти и слично. Иако со квалитетот на отскокнува од уредите од истата и сличните категории, сопствениците на овој телефон сигурно ќе бидат задоволни од снимените фотографии. Од задната страна се наоѓаат две камери со резолуција од 13MP и 5MP, со кои може да се снимаат фотографии со замаглена позадина, при што на екранот може да се управува со bokeh, односно замагленоста на позадината.

Бројните опции на камерата со која што ќе се заиграте и обидувате да го пронајдете најдобриот можен начин за снимање фотографии – освен класичниот автоматски начин и панорамата, J6+ доаѓа и со модул за професионалците, кои може рачно да ги одредат параметрите како што се ISO вредноста, балансот на белите бои и експозицијата. За младите најверојатно ќе биде интересна опцијата со додавање налепници и пораки на фотографиите, што може да се направи со текот на фотографирањето, но и дополнително.

Имено, благодарение на опцијата за „професионално уредување на фотографиите“, сликите може дополнително да се уредат, да им се додадат филтри како на Instagram, да им се внесе текстот, да се додадат различни ефекти и слично. Што се однесува до предната камера, нејзината резолуција изнесува 8MP и важно е да се спомене дека и таа ја има можноста за снимање на селфи со замаглена позадина и опција за широк автопортрет, односно снимање на селфи со повеќе лица.

Перформанси

Мала слабост на овој уред е неговиот процесор - Snapdragon 450, кој сепак ја извршува својата работа коректна, малку забавува при отварањето на апликациите, но нема тоа да ви претставува проблем. За парите што ќе ги дадете за мобилниот уред, дефинитивно ви се исплати. Зборувајќи за перформансите, треба да земете во предвид дека станува збор за телефон од пониска категорија, чии перформанси се во согласност со цената. Со Snapdragon 450, J6+ има и 3GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија, но и влез за microSD мемориска картичка дури до 512GB.

Телефонот доаѓа со оперативен систем Android 8.1 Oreo и Samsung кориснички интерфејс Samsung Experience 9.5. Батеријата има неверојатен капацитет од 3300mAh, која со 6 часа со постојана репродукција на видеа на YouTube, останува со 65% батерија. 

Заклучок

Конкуренцијата во средната класа на смартфони е огромна, но Samsung Galaxy J6 Plus со неговите спецификации и цената дефинитивно им е достоен конкурент. Адутите на овој уред се големиот екран, солидната камера со бројни можности за уредување и разубавување на фотографии, прилично издржлива батерија со користење на биометриска технологија, односно отклучвуање на телефонот преку допир со прст и со погледот. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm