Луѓето не ги интересира повеќе приватноста!

Објавено на 05.12.2018 во Рецензија


Луѓето не ги интересира повеќе приватноста!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Мора да се едуцираме и информираме за предностите и слабостите;

 

Negatives:

- Потенцијална опасност од прислушкување, снимање и објавување онлајн;



Целата рецензија

Неодамна спроведеното истражување покажува дека дел од луѓето се откажаа од својата приватност и не се оптеретуваат со бројните потенцијални проблеми што им се закануваат на мрежата. Повеќето се свесни за бројните опасности по приватноста што им се закануваат на интернет. 

Се повеќе се зборува за хакирањето на приватните податоци на Google и Facebook, за што често се вели дека знаат се за вас и вашите најблиски. Дел од луѓето сметаат дека тоа денес е едноставно и ништо не може да се преземе во врска со тој проблем. Дел од луѓето не сакаат ништо да направат за да се заштитат од прислушкување и шпионирање и свесно купуваат нови технолошки уреди, како што се смарт звучниците и смарт екраните, со кои дополнително се зголемуваат ризиците од шпионирање.

Научниците од Универзитетот во Мичиген неодамна направија истражување поврзано со односите на корисниците и смарт звучниците. Резултатите се загрижувачки, вели Флоријан Шауб, еден од авторите на истражувањето. Резултатите укажуваат на „константна ерозија на поимот за приватноста и нашите очекувања од приватноста“, затоа што сопствениците на смарт звучниците сметаат дека Google и Amazon и така знаат многу нешта за нас, а на овој начин им даваме само малку повеќе податоци, што не го сметаат за проблематично.

Не се во прашање само податоците на луѓето што ќе ги дознаат Google и Amazon, туку проблемот е што до тие податоци може да дојдат и други луѓе, односно што некој друг може да ги прислушкува сите разговори во куќите и становите. Неодамна смарт звучникот на Amazon снимаше разговор меѓу двајца луѓе што живеат во иста куќа и истата снимка ја испрати на лицата од списокот со контактите, што е најдобар пример за потенцијалните опасности што ни се закануваат.

Не треба ниту да замислиме што би можело да се случи ако некој хакер или криминалец ги прислушкува приватните разговори преку смарт звучниците, па така би можел да ги уценува лицата што ги прислушкувал, да ги објавуваат разговорите онлајн и на социјалните мрежи, итн.

Шауб предупредува дека повеќето корисници на смарт звучници не ги преземаат ниту основните чекори за да ја заштитат својата приватност, па така, иако постои опција за исклучување на микрофонот, со кој би биле сигурни дека звучникот нема да ги слуша, тие никогаш не ја користат. Наместо тоа, се потпираат на софтверот што го активира микрофонот на звучникот, само кога ќе слушне одреден збор, на пример „Хеј, Алекса“, но во некои случаи се покажа дека микрофонот се активирал и ги слушнал луѓето што зборуваат, а притоа никој не го „разбудил“.

Минатата година смарт звучниците како што се Alexа, биле исклучително барани за време на празниците. Можеме  да очекуваме и оваа година дека луѓето ќе купуваат некои од моделите на Amazon Echo или Google Home уред, не мислејќи на потенцијалните проблеми со приватноста, кои поради тоа би можеле да ги имаат.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm