Nokia 7.1 е моделот со кого HMD Global се гордее

Објавено на 06.12.2018 во Рецензија


Nokia 7.1 е моделот со кого HMD Global се гордее

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.6


Цена
9.0


Камера
10.0


резултат
9.7


Наши забелешки

Positives:

- HDR 10 поддршка;
- Одличен дизајн;
- Добра камера;
- Android One софтвер;
- Nokia прави луѓето да се чувствуваат топло и забавно;

 

Negatives:

- Перформансите се слаби на моменти;
- Цената е малку висока;



Целата рецензија

HMD Global го претстави најновиот модел Nokia 7.1. Nokia беше долго време еден до водечките производители на мобилни телефони, но во ерата на смартфоните се одлучи за Windows оперативен систем поради што не дојде до воодушевување од корисниците. Прифакајќи го Android оперативниот систем, Nokia излезе на голема врата на пазарот.

Дизајн

Nokia 7.1 има одличен квалитет на изработка и врвни материјали. Применувајќи ги методите што се користат за врвен накит и часовници, моделот Nokia 7.1 го претставува естетскиот склад со различни материјали како што се алуминиумот и стаклото. 

Софтвер

Nokia 7.1 е член на Android One семејството, серијата на смартфони со stock android и овозможуива чисто android искуство без дополнителни инсталирани апликации од производителот. Телефоните со Android One оперативен систем овозможуваат побрза работа на телефоните и подолго траење на батеријата и доаѓаат со иновации во областа на вештачката интелигенција што ја развива Google.

Дисплеј

Nokia 7.1 поседува 5.84-инчен IPS LCD екран со резолуција од 1,080 x 2,280 пиксели со PureDisplay технологија, која се одликува со сооднос 19:9, што претставува еден од водечките трендови меѓу смартфоните. Светлиот Full HD+ дисплеј може да плејува  HDR 10 содржина и автоматски го прилагодува осветлувањето и контрастот во амбиентални услови, обезбедувајќи дека секоја видео содржина е видлива дури и во услови на силно осветлување.

Хардвер

Nokia 7.1 е опремен со Snapdragon 636 процесор, 3 или 4GB RAM меморија и 32 или 64GB внатрешна меморија за лични податоци. Меморијата може да ја зголемите до 400GB преку microSD картичка. Благодарение на новиот софтвер, батеријата со капацитет од 3,060mAh и перформансите се одлични. 

Камера

Zeiss-брендираната камера е 12MP со широчина на бленда f/1.8 и секундарна камера од 5MP со f/2.4 сензор за длабочина. Предната камера е 8MP со отвор од f/2.0. Видеа може да снимате до 2160 пиксели со 30fps. Тука ги имате и интересните AR емоџи, Google Lens, pro режимот и многу други модули.  Од задната страна на телефонот има двојна камера со ZEISS оптика и брз и прецизен автофокус. Со HDR технологијата, корисниците може да прават јасни и остри фотографии, дури и во услови на лошо осветлување. Камерата има bokeh опција, која што овозможува снимање на професионални фотографии како од студиото.

Опцијата за електронска стабилизација на сликите (EIS) го намалува ефектот за „раце што се тресат“ при снимањето, а со Nokia просторниот звук од 360° љубителите на видеа сега може да прават снимки со Hi-Fi квалитет. Технологијата со вештачка интелигенција ги подобрува функциите на предната камера и носи различни опции од препознавање на лицето до анимирани 3D ликови, маски и филтри.

Заклучок

Nokia 7.1 е дефинитивно нешто што се бара на пазарот, само што HMD Global ќе треба да има уште малку трпение додека корисниците да ја вратат довербата во Nokia и така да постигнат нешто големо. Како ви се допаѓа?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm