Nokia 3.1 Plus - Тројка за среќа

Објавено на 30.12.2018 во Рецензија


Nokia 3.1 Plus - Тројка за среќа

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
8.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Модерни елементи

 

Negatives:

 

- Нема брзо полнење на батеријата



Целата рецензија

HMD Global сосема срамежливо започна со воскреснува на брендот на Nokia, па така во првата година моделите со броевите 2 и 3 беа многу едноставни, евтини и со перформанси наменети само за основната класа. Интересно е да се следи еволуцијата на „тројката“ како модел која со секоја следна генерација станува се помоќна и поквалитетна, а притоа цената не расте премногу. Така годинава ја одбележува импресивниот Nokia 3.1 Plus кој стана вистински конкурент во класата на максимална исплатливост за вложената цена и добиените перформанси. Затоа во продолжение ќе посветиме поголемо внимание на Nokia 3.1 Plus и што се тој може да понуди.

Дизајн

HMD Global успева да ја задржи поставената естетика уште од пред две години и во денешна ера кога самиот дизајн не доаѓа до преголем израз, кај Nokia 3.1 Plus му дава доволно впечатливост и препознатливост. Инаку Nokia 3.1 Plus изгледа слично како и повеќето нови, модерни смартфони со целосна искористеност на предната површина на дисплејот со минимална речиси невидлива метална рамка. Селфи камерата е вградена во лентата над дисплејот и не зазема голем простор, ниту пак врши дефокусирање од погледот на екранот што е добро решение. Скенерот за отпечатоци е поставен на задната страна и лесно се досега. Nokia 3.1 Plus доаѓа со избор на сива, сина и бела боја на маската и сите три се доста елегантни и убави за око, па така нема да погрешите со ниту една од нив.

Дисплеј

Дисплејот на Nokia 3.1 Plus е вистинско пријатно изненадување бидејќи како што веќе напоменавме има целосна искористеност со размер од 18:9, солидна 720p HD резолуција со 720 x 1440 пиксели, а поради огромната површина од дури 6 инчи на дијагоналата на екранот густината на сликата е со добри 268 пиксели на еден инч. Nokia 3.1 Plus со IPS LCD технологијата на дисплејот постигнува одлична прегледност, висок степен на богати бои и прецизен контраст, па така сосема солидно ќе може да прегледувате видеа и содржини.

Перформанси

Nokia 3.1 Plus за предводник на харверот го одбра осум-јадрениот Mediatek MT6762 Helio P22 процесор кој е од поевтината класа, но не разочарува воопшто бидејќи е изработен во 12 nm процес што дава солидни перформанси. Хардверот на Nokia 3.1 Plus е надополнет и со 3 GB RAM како и 32 GB основна вградена меморија која може да се прошири преку microSD картичка до 128 GB. Nokia 3.1 Plus може да се пофали и со одлична батерија со капацитет од 3500 mAh, но за жал не располага со технологија за брзо полнење.

Камера

Nokia 3.1 Plus располага со квалитетен сетап на дуо камерата која одговара на потребите во оваа почетна напредна класа. Камерата е составена од главен сензор од 13 мегапиксели со автофокус и леќа од f/2.0 која не е меѓу најголемите но, е доволна, како и од помошен сензор за длабочина со 5 мегапиксели и леќа од f/2.4. Селфи камерата на Nokia 3.1 Plus има 8 мегапиксели, LED блиц, HD видео, леќа од f/2.2 како и поддршка за HDR.

Заклучок

Nokia 3.1 Plus е многу солиден смартфон кој нуди голем степен на исплатливост со огромниот 6 инчен Full дисплеј, располага со солидни перформанси кои нема да ве остават на цедило во ниту еден момент, а притоа не се забележуваат никакви недостатоци или компромиси за намалување на продажната цена. Nokia 3.1 Plus се продава за околу 150 евра во европските земји и е навистина одлична понуда. Што мислите вие за Nokia 3.1 Plus?

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm