Камерата на Samsung Galaxy A9 (2018) прогледна со четири сензори

Објавено на 31.12.2018 во Рецензија


Камерата на Samsung Galaxy A9 (2018) прогледна со четири сензори

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Четири неприкосновени камери со сеопфатно искуство;
- Моќни перформанси и голема меморија;
- Голем дисплеј;
- Долготрајна батерија;
- Ниска цена;
 

 

Negatives:



Целата рецензија

Првиот телефон со четири задни камери е дефинитивно уникатен од А серијата на Samsung. Четирите задни камери на Galaxy A9 се она што прво ви паѓа во очи и можеби на прв поглед тоа ви се чини како претерување, но Samsung верува дека дополнителните објективи ви овозможуваат подобро искуство и квалитетни фотографии. Galaxy A9 со својата цена е во повисокиот ранг на телефонот, така што е доволно поевтин од предводниците на другите компании, а има солидни перформанси како нив.

Дизајн и дисплеј

Со пониската цена не доаѓаат и лоши спецификации кај овој модел. Премиум перформансите ги следи и премиум дизајн, олицетворен во метално куќиште, кое од предната и задната страна е прекриено со стаклени површини. Samsung Galaxy A9 (2018) нуди 6.3-инчен Super AMOLED Full HD+ дисплеј, што овозможува остри и впечатливи бои, а сликата е брилијантно јасна.

Дисплејот ја следи филозофијата на Samsung од премиум мобилните уреди како што се S9 и Note 9, кој исто така е заоблен, со бои што се преливаат над рабовите на уредот. Најдобро од се е големината на екранот, која е доволно голема за целосно да може да уживате во омилените апликации, видео снимки, но и фотографиите, благодарение четирите задни камери.

Камера

Камерата на Galaxy A9 (2018) дефинитивно се издвојува од конкуренцијата и нешто што не го поседува ниту еден друг уред во понудата на Samsung. Камерата е главната ѕвезда на овој телефон. Главната задна камера располага со 24MP и ви овозможува најдобри слики во услови на лошо осветлување. Следната има 8MP и широко аголен објектив од 120 степени, кој ќе ви овозможи да ги имате сите детали и уште повеќе во своите фотографии. Третата камера има длабочински објектив од 5MP, кој овозможува рачно подесување на длабочината на фотографијата и изострувањето на предметите на сликите за неверојатен квалитет, кои изгледаат како да фотографирал професионалец.

На располагање имате и телефото објектив од 10MP со 2X оптички зум, кој ви овозможува уште повеќе да и се приближите на акцијата. На предната страна се наоѓа импресивниот модул за совршени селфи слики од 24MP. За да го извлечете максимумот од камерите, Samsung големо внимание му посветил и на софтверот, кој нуди многу дополнителни опции за време на сликањето. A9 може да снима и видео до 4K резолуција, но и забавени и супер забавени снимки со пониски резолуции.

Хардвер

8-јадрениот процесор ќе ви помогне да излезете на крај со сите барања што би можеле да ви паднат на памет, додека работната меморија од 6GB ќе овозможи поголема брзина во работата и мултитаскингот.

Ова е така напишано во теорија, но истото се случува и во пракса. Меморијата за лични податоци изнесува 128GB, која може да се зголеми и со помош на microSD картичка. За време на тестирањето нема да имате апсолутно никакви пречки во работата или да чекате повеќе од очекуваното за да ви се отвори одредена апликација. 

Samsung го направил овој телефон да трае долго, но и да овозможува врвни перформанси. Не смее да се занемари батеријата со капацитет од 3.800mAh, сензорот за отпечатоци сместен од задната страна на уредот и секогаш активниот екран што ќе ви ги овозможи најнеопходните податоци за времето, датата, прогнозата и нотификациите, без да има потреба да го вклучувате телефонот. 

Заклучок

Камерите се главната предност на Samsung Galaxy A9 (2018), но останатите спецификации немаат никаков проблем исто така. A9 (2018) е навистина исклучителен телефон, со напредни перформанси, и камери што може да ја уништат конкуренцијата. A9 не е само хит за една сезона, туку ќе ве држи долго со овие спецификации. Неговите моќни перформанси дефинитивно го прават неприкосновен на пазарот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm