Lenovo K5 Note 2018 - Елегантен фаблет со ниска цена

Објавено на 31.12.2018 во Рецензија


Lenovo K5 Note 2018 - Елегантен фаблет со ниска цена

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
8.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Модерен сетап

 

Negatives:

 

- Нема брзо полнење на батеријата



Целата рецензија

Lenovo во последните години ја намали големата продукција на нови телефони и наместо тоа реши да понуди помал волумен на нови модели. Предноста на ваквата стратегија е креирање на подобри и целосно реализирани смартфони кои одговараат на модерните потреби на потрошувачите. Во таа насока доаѓа и новиот Lenovo K5 Note 2018 смартфон кој располага со одлични новитети, а притоа е прилично евтин. Затоа во продолжение откријте повеќе детали за можностите кои ги има Lenovo K5 Note 2018.



Дизајн

Lenovo K5 Note 2018 е еден од првите смартфони на Lenovo кој пристигна со целосна искористеност на предната површина на екранот при што има навистина тенка и речиси невидлива рамка. Модерноста на Lenovo K5 Note 2018 освен во функционалноста е задржана и во самата естетика па така е креиран еден симпатичен смартфон со елегантен изглед во златна, црна и сина боја на маската. Скенерот за отпечатоци е поставен одзади и добро е вклопен, додека пак селфи камерата на предната страна е на лентата над екранот.



Дисплеј

Овој смартфон целосно ја заслужува наставката "фаблет" бидејќи има прилично огромен 6 инчен IPS LCD дисплеј со пристојна резолуција од 720 x 1440 пиксели, модерен размер на дијагоналата од 18:9, како и солидна густина на сликата од 268 ppi. Lenovo K5 Note 2018 како модерен фаблет е идеален за преглед на содржини и работа со апликации.



Перформанси

Lenovo K5 Note 2018 како поевтин смартфон нема премногу да ги ограничи корисниците бидејќи работи со солидниот Snapdragon 450 процесор со Cortex A53 технологија со работен потенцијал од 1,8 GHz. Хардверот на Lenovo K5 Note 2018 е комплетиран со максимални 4 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, слот за microSD, како и екстра батерија со капацитет од 3760 mAh. Бидејќи нема USB Type C конектор овој смартфон не располага со брзо полнење на батеријата.



Камера

Lenovo K5 Note 2018 за квалитетни слики се потпира на дуо камерата составена од главен сензор од 16 мегапиксели со f/2.0 леќа и PDAF технологијаж Дополнителната камера има 2 мегапиксели со нешто поскромна f/2.4 леќа, а располага и со LED блиц, panorama, HDR поддршка и може да снима видеа со 1080p резолуција при 30fps. Селфи камерата не заостанува со квалитетот бидејќи има 8 мегапиксели и доволно голема f/2.0 леќа.



Заклучок

Lenovo K5 Note 2018 ги исполнува очекувањата за еден модерен фаблет со целосна искористеност на предната површина на екранот, има пристоен хардвер кој ги исполнува задачите, добро оптимизиран софтвер, супер издржлива батерија и секако добар сетап на камерата. Со ниската цена од 150 до 200 евра Lenovo K5 Note 2018 е навистина солиден избор кој нема да ве разочара.

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm