Snapchat ќе се вади од криза со јавни постови и профили

Објавено на 30.01.2019 во Рецензија


Snapchat ќе се вади од криза со јавни постови и профили

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Одржување на конкуренцијата

 

Negatives:

 

Намалување на оригиналноста



Целата рецензија

Snap Inc. корпорацијата која ја води популарната апликација за тинејџери Snapchat најверојатно ќе воведе големи промени со цел да ја задржи постоечката корисничка група, но и да привлече нови корисници кои би генерирале раст на бизнисот, а со тоа и одржување на стабилни приходи.

Snapchat беше лансирана во 2011 година од страна на Еван Шпигел кој воведе нов вид на мобилен сервис за допишување преку слики и видеа кои по кратко време автоматски се бришат и исчезнуваат. Подоцна одби тешки милијарди на директен состанок со главниот конкурент Марк Цукерберг кој сакаше Snapchat да го претопи во Facebook. Ваквото одбивање создаде мисија кај директорот на најголемата социјална мрежа по секоја цена да го уништи својот млад немесис.

Долго време стратегија на Facebook беше да ги применува опциите кои ги има Snapchat  во своите апликации. Така на пример ги презеде функциите за испраќање на пораки кои се бришат по одредено време, а најголем успех Facebook има со објавата на стории. Тие се покажаа вистински хит на Instagram, а сега веќе се дел и од мобилните апликации на Facebook и Facebook Messenger.

Со ваквиот подем Instagram прерасна во најбрзорастечка социјална мрежа и нејзината мобилна апликација има над 1 милијарди активни корисници, при што голем дел се тинејџери кои ги има во се поголем број, а со брзина на светлината се отвораат и нови профили, па така оваа база на корисници ќе продолжи да расте. За споредба Snapchat има околу 190 милиони активни корисници, но нивниот број во последниот квартал започнува да се намалува, што секако го активираше алармот во компанијата Snap Inc.

Затоа за да направи нешто ново Snapchat најверојатно ќе овозможи да се објавуваат повеќе јавни содржини, додека пак профилите на корисниците наместо со аватари да бидат прикажани со реални податоци, како на пример име и презиме, локација, возраст и занимање.

Snapchat би требало да понуди и можност јавните постови и стории да не се бришат воопшто, односно да бидат достапни подолго време пред јавноста. Секако, ова ќе значи радикално менување на Snapchat како апликација која примарно се користи за тајна комуникација со многу забавни елементи, во апликација која целосно прераснува во друштвена мрежа со постови и поврзување меѓу корисници.

Идеалното сценарио е Snapchat да започне да го „копира“ Facebook наместо како што досега се случуваше обратниот процес и на тој начин да се доближи до поголем број на корисници, но дали таа стратегија ќе биде успешна или ќе даде контра ефект останува да кажат самите млади и тинејџери кои ќе го направат изборот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm