Samsung започнува ново поглавје во мобилните иновации

Објавено на 31.01.2019 во Рецензија


Samsung започнува ново поглавје во мобилните иновации

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Промена на начинот на употреба на смартфоните;
- Флексибилни дисплеи на превиткување;

 

Negatives:



Целата рецензија

Наскоро можеме да го очекуваме следниот бран на големите технолошки иновации. Моментално изгледа како пазарот на смартфони да стагнира, затоа што долго време не сме виделе вистински новитети, кои коренито ќе го променат начинот на кој ги користиме овие уреди.

Постариот претседател на Samsung, Харксанг Ким, тврди дека наскоро можеме да го очекуваме следниот бран на технолошки иновации, со кои смартфоните ќе заземат уште поважна улога во нашите животи. 

„На крилата на технологијата како што е  мрежата, вештачката интелигенција, и проширена реалност, можностите на телефоните ќе бидат уште поголеми и подобри, но за да уживаме во тие новитети, ни треба уште едно нешто - уште поголеми екрани“, тврди Ким.

Проблемот со екраните на смартфоните е тој што се ограничени на големината на самиот уред, иако благодарение на засекот, клизачкиот механизам или последниот тренд за дупки во дисплејот, производителите успеале да развијат екран на скоро целата предна површина на телефоните. За многумина и тоа сепак не е доволно. 

Инженерите на Samsung, не сакале да се помират со ова статус кво, туку одлучиле да пронајдат начин за да го решат овој проблем со ограничувањето на големината на екранот – истражвуањето и развојот траеле многу долго и било потребно да развијат нови материјали и да пребродат бројни технички предизвици, вклучувајќи и целосна реконфигурација на телефоните. Екипата од Samsung успеа да направи флексибилен екран, за кого се пишуваше минативе години и се објавија многу концепти.

Наскоро го очекуваме и официјалното претставување на првиот смартфон со екран на виткање и треба да ги дознаеме сите негови опции – можеби за сега следниот месец, во склоп на претставувањето на Galaxy S10.

Тоа ќе биде почетокот на иновациите на пазарот, Ким верува дека во текот на следните години може да очекуваме екрани што ќе се виткаат и собираат исто како постер, а ќе се растегнуваат и ќе се свиткуваат истовремено. „Иновациите на пазарот на смартфони се на работ на следната голема трансформација. Доаѓањето на Infinity Flex Display е само почеток“, коментира постариот претседател на Samsung за сето она што не чека во иднина на овој пазар.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm