Зошто Apple ја забрани Research на Facebook?

Објавено на 31.01.2019 во Рецензија


Зошто Apple ја забрани Research на Facebook?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Брзо откривање на скандалот

 

Negatives:

 

- Ново нарушување на приватноста



Целата рецензија

Apple соопшти дека ја забраниле Research апликацијата на Facebook на мобилната платформа iOs затоа што неовластено собирала податоци за корисниците.

Facebook преку оваа посебна апликација им плаќал по околу 20 долари месечно на корисниците за пристап до целосната историја на веб сурфање, потоа пристап до листата на пријатели, испратените пораки, локацијата и многу други.

Апликацијата Research им плаќала на корисниците од кои дел биле и малолетници, според пресметките околу 5% од вкупниот број на учесници.

Оваа апликација се коси со правилникот на Apple кој е против собирање на податоци на интрузивен начин и истиот беше обновен летото. 

Facebook направил и злоупотреби на системот Developers Enterprise Program кој го користеле и луѓе кои не се вработени во Facebook. Оваа програма како што асоцира самото име е наменета за интерна употреба во тест фаза од страна на вработените на креаторот на апликацијата.

Сепак, Facebook наводно ја користел програмата и наместо свои вработени тестерите на апликацијата биле платените корисници.

Од Apple открија дека се отстранети пристапите на сите кои биле неовластено дел од оваа програма.

Facebook, пак во своја одбрана тврди дека немало ништо скриено или тајно во проектот, корисниците добивале мала компензација за Research активности, додека пак тие што биле малолетни доставиле формулари за согласност од нивните родители.

Facebook исто така се оправдува дека собраните податоци биле користени само за маркетинг истражување и креирање на стратегии и дека личните податоци на тестерите не биле ставени во опасност или пак злоупотребени.

Секако, ова е уште еден проблематичен случај за Facebook бидејќи апликацијата користела VPN за собирање податоци, а во мрежата бил користен код за проектот во кој не е содржано името на Facebook со цел да не се покаже дека социјалните мрежа е поврзана со него.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm