Apple удри по апликациите кои ви го снимаат екранот

Објавено на 09.02.2019 во Рецензија


Apple удри по апликациите кои ви го снимаат екранот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Брза реакција на Apple

 

Negatives:

 

- Нова закана по приватноста на корисниците



Целата рецензија

Додека Apple ги средува проблемите кои настанаа со грешката во FaceTime апликацијата при што во групните разговори можеше да се направи злоупотреба за неовластено слушање на соговорникот без тој воопшто да знае, компанијата од Купертино се насочи кон нов предизвик кој треба да ја подобри заштитата на приватноста на корисниците, како и нивните сензитивни податоци. Apple реши да „удри“ по апликациите кои овозможуваат снимање на активности на екранот на корисниците, а притоа не поставуваат никакви стандарди за заштита на податоците со што можностите за злоупотреби се неограничени.

За што се користи снимање на екранот?

За прв снимање на активности на екранот на iPhone беше овозможено преку софтверската надградба на iOs 11 со што голем број на девелопери на апликации ја активираа опцијата. Таа е на пример многу корисна ако сакате да снимите видео туторијал или пак за стримерите кои ги снимаат нивните сесии на играње на видео игри кои потоа ги објавуваат на социјални мрежи или канали за гејминг. Сепак, проблемот настанува кога овие апликации имаат непроверени процедури и може да „фатат“ како корисникот внесува лични податоци, лозинки, детали за банкарска сметка, сензитивни информации и други сегменти кои би можеле да се злоупотребат на нивна штета. Затоа Apple воведува нови построги правила и редовна контрола на својот код во самиот оперативен систем iOs 11 кој го користат девелоперите на апликации.

Построги правила и контрола

Новитетите ќе бидат во начинот на кој апликациит работат при што ќе мора да побараат однапред дозвола од самиот корисник за да започне процесот на снимање на екранот. Исто така девелоперите ќе мора да се потрудат сензитивните делови каде се внесуваат лични податоци да бидат целосно заштитетни за да не дојде до нивно протекување за трети страни или малициозни играчи кои би направиле банкарски измами и грабежи на корисници.

Apple со ваквиот потег сака да покаже дека е компанија која најмногу се грижи за заштита на приватноста и личните податоци на корисниците и овие нови стандарди ќе извршат притисок и врз конкурентите. Така на пример и Android платформата ќе мора да се погрижи дека апликациите кои овозможуваат снимање на екранот ќе бидат целосно проверени, а софтверот постојано ќе биде предмет на мониторинг. Истото важи и за девелопери кои користат услуги од специјализирани компании за снимање на активностите на екранот за да видат како одредена апликација се користи, што се клика и што е предмет на интерес на корисникот за подобро да се позиционираат рекламите или важните содржини.

Последици и перспективи

Засега има информации дека биле откриени податоци на 100 илјади корисници на апликацијата Air Canada што е многу проблематично бидејќи станува збор за електронско резервирање и купување на авио билети и сервисот веднаш е ставен под сузпензија од страна на Apple. Дали вакви слични загрижувачки скандали ќе се откријат во наредниот период не е исклучено како можност, но штом се открие слична постапка од Apple велат дека веднаш ќе има санкции во App Store и дека апликацијата или сервисот ќе бидат предупредени или отстранети целосно.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm