Motorola One: Модел со кого Motorola успешно се пробива

Објавено на 26.02.2019 во Рецензија


Motorola One: Модел со кого Motorola успешно се пробива

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.7


Цена
10.0


Камера
9.7


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- USB-C конектор;
- Одлична батерија;
- Солиден хардвер;
- Чист Android со Android One;
- Квалитетна изработка;

 

Negatives:



Целата рецензија

Motorola е дефинитивно компанија што сака да се издигне од сенка и успева во тоа. Motorola One е уред со засек на екранот, ова е дефинитивно смартфон за оние што сакаат квалитет од Motorola и модерен дизајн. Со други зборови, овој телефон има задача да привлече нови корисници во светот на Motorola. 

Дизајн и дисплеј

Motorola One го има во црна и бела боја и се одликува со софистициран дизајн. Од предната и задната страна има заштита на стакло Gorilla Glass, кој има отпорност од прскање со течности и отпорен е на механички оштетувања. Од задната страна имаме две камери, блиц и скенер за отпечатоци на прсти во централната оска, каде што е сместено логото на Motorola. Од долната страна се наоѓаат звучникот и USB-C влезот, што е вистинска реткост во оваа класа. 

Најважната новост е засекот во дизајнот, што го прави навистина шик, а покриеноста на екранот од предната страна на панелот изнесува 79,2%. Се работи за LTPS IPS екран, со големина од 5,9 инчи, резолуција од 1520 x 720 пиксели и густина на пиксели од 282PPI.

Хардвер

Motorola One е солиден телефон, со добра енергетска ефикасност благодарение на неговиот Snapdragon 625 чипсет, доаѓа со осум Cortex-A53 јадра, кои работат со 2GHz, што значи дека испорачуваат задоволителна брзина. Графиката со Adreno 506 е добра за убаво искуство. Motorola One доаѓа со 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, што е многу поволно. Со други зборови, нема да ви фали ништо во тие ставки, со тоа што може да ја проширите меморијата преку microSD мемориска картичка и до 256GB. Dual SIM слотот има посебно лежиште за microSD картичка, така што може да ја користите и неа и две SIM картички истовремено.

Капацитетот на батеријата изнесува 3.000mAh, што ќе ви биде сосема доволно, затоа што фантастичната автономија и реалните перформанси велат дека со 10 часа користење на YouTube, ви останува дури 42% од батеријата, што е веројатно рекорд за ваква батерија. 

Софтвер

Motorola One е дел од Android One програмата, која ќе добива редовни надградби во текот на годината и ќе биде еден од првите што ќе добие нова верзија на Android. Во следните три години, секој месец ќе добива редовни безбедносни ажурирања, така што корисниците секогаш ќе имаат свеж Android, кој во меѓувреме ќе биде максимално безбеден.

Актуелната верзија е инсталирана со Android 8.1 Oreo софтвер, но веднаш потоа ви дава надградба со Android 9 Pie. Чистото Android искуство ви помага да го ракувате телефонот полесно со помош на неколку гестикулации, интерфејсот е добро оптимизиран и лесен за користење. 

Камера

Motorola One има двојна задна камера од 13MP+2MP и служи за собирање на информации за светлоста и во длабочина. Софтверот на камерата е сосема коректен и солидно смислен, со AI функции што Google ги овозможил, па така Motorola One има поддршка за Google Lens. Тој овозможува преку него да ги препознавате производите, да скенирате бар кодови, добивате различни објаснувања, препознавате билки и животни, копирате текст, итн. Многу добри и интересни функционалности, кои дополнително го зголемуваат добриот впечаток за телефонот.

Втората добра ставка е можноста за 4K снимање на видеа, која е овозможена со 30 fps, но корисникот има на располагање и снимање со Full HD со 60fps, покрај стандардниот 30fps модул. Што се однесува до основните опции, немаме никакви забелешки.

Телефонот ги има сите важни опции, вклучувајќи го и Motorola Spot Color системот, што овозможува сниманата боја да ја употребувате на различни начини во телефонот. Фотографиите што ги сликате не се лоши, имаат остри детали и колоритни се. Главниот сензор од 13 мегапиксели има отвор на бленда од f/2.0, и Phase Detection автофокус, со кој операциите за снимање ќе се одвиваат брзо и прецизно.

Заклучок

Motorola One е супер модел на смартфон, кој има одличен дизајн, одлични перформанси и одлична цена. Суштински гледано, Motorola One е навистина еден од најдобрите во класата што припаѓа. Повеќето нешта ги прави солидно, а има и добар Android софтвер. Неговата цена изнесува 400 долари. Сигурни сме дека Motorola со овој модел ќе привлече нови корисници, што мислите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm