Брзо ви се празни телефонот? Еве како да ја калибрирате батеријата

Објавено на 27.02.2019 во Рецензија


Брзо ви се празни телефонот? Еве како да ја калибрирате батеријата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Алтернативен начин за оживување на батеријата;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ако забележавте дека батеријата изненадувачки брзо ви се празни, можеби е време да ја калибрирате. Во случај батеријата да не е оштетена, или брзо ја празнат тешките апликации, тогаш калибрацијата е најдоброто решение. 

Што е калибрација на батерија?

Android оперативниот систем има Battery Stats функција, што го следи капацитетот на батеријата, кога е полна или празна. Проблемот е во тоа што таа понекогаш може да прави грешки и да почне да покажува податоци што не се точни. На пример, доведува до исклучување на телефонот пред целосно да се испразни батеријата.

Еве како да ја калибрирате својата батерија:

Стариот метод кој подразбира „наполни до врвот, па испразни ја“, е еден од најлесните начини да ја рекалибрирате својата батерија. 

- Испразнете ја целосно батеријата, се додека телефонот сам не се исклучи;

- Поврзете го телефонот со полнал и полнете го се додека индикаторот не покаже дека батеријата е полна до 100%;

- Извадете го телефонот од полначот;

- Вклучете го телефонот. Постои шанса индикаторот да не покаже 100%. Затоа, повторно поврзете го телефонот со полнач и продолжете да го полните се додека на екранот не се појави 100%;

- Исклучете го телефонот од полначот и рестартирајте го. Ако после рестарт на екранот не покаже капацитет од 100%, повторно вратете го телефонот на полначот и полнете се додека не се појави 100%;

- Повторувајте го циклусот се додека не ви се појави ознака дека батеријата е полна до 100% после рестартот;

- Потоа дозволете батеријата да се исполни се до крајот и телефонот сам да се исклучи;

- Повторно наполнете ја батеријата до крај, без никакви прекинувања и тоа би требало да ја заврши работата со рестартирањето, рекалибрација и батеријата;

Важно е да ве предупредиме дека не е паметно ова да го повторите редовно. Дури и кога батеријата е мртва и телефонот не може да се вклучи, таа и понатаму има доволно резервен напон да го избегне создавањето на штета на целиот систем. Во најлош случај, повторете го овој процес еднаш во трите месеци. Ако е потребно да го правите тоа почесто, тогаш вашиот проблем е посериозен и треба да се обратите кај стручни лица. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm