Sony ги претстави новите BRAVIA MASTER телевизори за корисниците што најмногу бараат

Објавено на 10.03.2019 во Рецензија


Sony ги претстави новите BRAVIA MASTER телевизори за корисниците што најмногу бараат

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Технологија со алатки за напредно поврзување;

 

Negatives:



Целата рецензија

Sony ја презентираше својата нова технологија во Будимпешта: 360 Reality Audio, Glass Sound Speaker и некои од најнапредните фотогапарати. Новите модели на телевизори на Sony секогаш се најпривлечни. 

Новите модели на BRAVIA MASTER Серијата AG9 4K HDR OLED (77”/65”/55”) се отприлика на половина потенки од претходните модели и секогаш се вклопуваат во просторот, без оглед на нивната големина. Со Picture Processor X1 Ultimate, моделот е опремен со уникатна технологија за управување со панелите со Pixel Contrast Booster, која ги репродуцира сите најдлабоки и најблескави бои. Посебен впечаток ни дава Acoustic Surface Audio + технологијата за продуцирање на звук од самиот екран и така создава брилијатно кино-чувство.

Сите што сакаат да гледаат квалитетна видео содржина, ќе бидат воодушевени од новата BRAVIA MASTER серија со Netflix функција со калибриран начин на работа. Во пракса тоа значи дека содржината од Netflix може да ја гледате точно онака како што креаторите тоа го сакале. Sony XG 95 телевизорот има импресивна големина, а неговиот додаток конечно внесува мир во секоја куќа. Имено, Sony го претстави својот Bluetooth далечински управувач, со кого може да ја промените програмата на телевизорот без оглед на тоа дали некој стои пред него или не. Телевизорот фаќа сигнал дури и кога далечинскиот управувач ќе го насочите во спротивна насока. Само внимавајте и соседот да нема ист телевизор.

Совршен звук со совршена слика

Филмофилите дефинитивно ќе се израдуваат со новите звучни ленти HT-X8500 и HT-S350u во комбинација со UBP-X800M2 4K Ultra HD Blu-ray уредот. Технологијата на Sony има дигитална обработка на сигналот, како што е Vertical Surround Engine, што е овозможено од 7.1.2-каналниот surround звук без потреба од дополнителни звучници. Вградениот двоен subwoofer овозможува длабок звук на бас и вклучен Cinema Mode, еден од седум оптимизирани начин на звуци, а секој филм може да го доживеете во најдобро издание.

X800M2 поддржува 4K Ultra-HD Blu-ray репродукција и HDR формати, вклучувајќи ги HDR10, Dolby Vision и Hybrid Log Gamma. Има поддршка и за најновите и најквалитетни аудио формати, вклучувајќи го Hi-Res Audio. За кристално чистиот звук ќе се погрижи новиот Glass Sound Speaker, LSPX-S2, минималистички и елегантен преносен домашен звучник, кој користи уникатна Sony Vertical Drive технологија. Така телото од органско стакло, вибрира откако го покренува актуаторот под него, со цел да го прошири звукот вертикално во насока од 360 степени.

PS-LX310B е уред што го префрла звукот од старите плочи на било кој безжичен звучник, soundbar или слушалки со додаток на вграден Bluetooth предавател. Благодарение на целосното автоматско репродуцирање, музиката веднаш се репродуцира со последниот спарен уред кога ќе ја притиснете типката за репродукција. Тоа обезбедува едноставно корисничко искуство, така што секој може да ужива во плочите. Освен тоа, за оние што преферираат жичена врска, грамофонот исто така има и аудиокабел. 

За уметници и филмаџии

Sony ги претстави и новите full-frame фотоапарати без огледала од серијата α9 и α7 и цела низа прилагодени објективи без огледала, вклучувајќи го G Master, како и професионалната фотографска уметност. Достапни се дигиталните фотоапарати со изменувачки објективи (компатибилен со E-mount објективи што поддржуваат full-frame и APS-C сензори со големина на слика), XDCAM меморија и професионална кинематографска камера, CineAlta VENICE. Сега љубителите на фотографии не мора да купуваат нови објективи кога сакаат од фотографиите да преминат на видео, туку може да ги искористат и на камерите на Sony.

Sony ја претстави и најновата камера α6400 без огледало со автоматско фокусирање во реално време, следење во реално време и најбрз автоматски фокус на светот. Α6400 донесува многу напредни технологии на Sony со full-frame линија во компактен, APS-C фотоапарат. Новиот фотоапарат може да се пофали со најбрзото AF снимање со траење до 0,02 секунди, а истовремено воведува и нови напредни можности "real-time Eye AF" и "Real-time Tracking". Вклученото снимање исто така е со голема брзина до 11fps со AF/AE следење, нова генерација на BIONZ X механизми за обработка на сликите што произведуваат брилијантен квалитет на сликата, 4K снимање на видеа, LCD екран чувствителен на допир што може дополнително да се врти на 180 степени и уште многу нешта, правејќи го врвна алатка за сите видови на креатори, од професионалци, до секојдневни влогери.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm