Nokia со HMD пред првиот голем скандал

Објавено на 23.03.2019 во Рецензија


Nokia со HMD пред првиот голем скандал

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Навреме откриена грешка

- Покрената истрага

 

Negatives:

 

- Загрозување на приватноста на корисниците



Целата рецензија

HMD Global компанијата од Финска откако го доби правото да го користи брендот на некогаш моќната Nokia сега се соочува со првиот поголем скандал кој може да ја наруши репутацијата на пазарот и да ја намали довербата кај корисниците. Имено нов Nokia смартфон е регистрирано како испраќа кориснички податоци на север во Кина со што се покрена прашањето за заштита на безбедноста и приватноста на корисниците.

Каде е грешката?

Откриено е дека модели на Nokia 7 Plus испраќале регистарски податоци за сопственикот на смартфонот на сервери во Кина иако телефоните не се купени на кинеско тло. Од HMD Global излегоа со соопштение во кое објаснуваат дека станува збор за грешка во изборот на регион за регистрација. Серверот во Кина бил погрешно употребен и потоа проблематичните Nokia 7 Plus софтверски биле регистрирани на точната локација. Сепак, дел од корисниците се уште не ја прифатила новата надградба и нивните податоци се испратени до кинескиот сервер.

Покрената истрага

Финската агенција за заштита на лични податоци која работи според новата европска регулатива GDPR полесна истрага за случајот на HMD Global. 

Регулативата за заштита на личните податоци е прилично строга и можните казни се движат и до 4% од годишниот промет на правното лице, што значи дека HMD Global може да плати стотина милиони евра казна доколку се утврди најтешката повреда на личните податоци на корисниците.

Финскиот народен правобранител за заштита на лични податоци Реихо Арнио изјави дека ќе се утврди дали има правна основа за казна на HMD Global.

Можна штета

HMD Global по овој проблематичен настан ќе море панапорно да работи за да докаже дека смартфоните кои ги произведува во Кина се безбедни, дека не се поврзуваат со надворешни сервери за пренос на лични и сензитивни податоци. Голем предизвик за HMD Global ќе биде пласманот на Nokia смартфони во САД каде може да се соочи со голема блокада, но и на европско тло каде се применува строгата GDPR регулатива.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm