Знаете ли да препознаете лажни вести

Објавено на 30.03.2019 во Рецензија


Знаете ли да препознаете лажни вести

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Едуцирањето е мајката на вистината;

 

Negatives:



Целата рецензија

Не постои едноставен, односно универзален начин за препознавање на лажни вести. Се надеваме дека овој водич барем малку ќе ви го олесни препознавањето на оние „вистинските“ или оние „лажните“ вести. Во последните две години изгледа како лажни вести да имаме насекаде околу нас. Неточните вести се со цел да ги манипулираат читателите, се прошируваат со неверојатна брзина на социјалните мрежи и апликациите за допишување.

Проверете ја содржината. 

Погледнете ги информациите што се наоѓаат во вестите, постојат ли некои податоци што можете да ги проверите, броеви, проценти, истражувања? Посетете ги страниците што вестите се повикуваат со нив и проверете дали навистина таму го пишува она што се спомнува во текстот.

Проверете го изворот. 

Погледнете ја веб адресата каде што е објавена веста. Ви изгледа ли познато? Дали некогаш сте слушнале за таа страница или медиум? Обидете се на страницата да ги пронајдете информациите за тоа кој стои зад таа страница - дали имате име на новинар, уредник, издавач? Постои ли некаков начин за да се котактира таа редакција? Ако не можете да ги најдете овие податоци, веројатно не треба ниту да им верувате на вестите што се објавуваат таму.

Проверете го авторот.

Потпишана ли е веста? Можете ли на Google да пронајдете некакви информации за авторот? А на социјалните мрежи? Во денешно време навистина не е проблем да пронајдете информации за новинари и автори. Но, ако не можете да откриете кој ја напишал таа вест или нема никакви информации за авторот што се наведува, веројатно станува збор за лажни вести.

Проверете ги соговорниците, т.е. изворите во текстот.

Дали се наведуваат соговорници со име и презиме во вестите? Можете ли да ги најдете тие луѓе на Google? Се занимаваат ли тие навистина со тоа што се спомнува во текстот? Ако се спомнуваат само неименувани извори или се зборува општо, голема е веројатноста за веста да е лажна. 

Проверете ги фотографиите.

Фотографиите може да бидат многу добар трик за уверување на читателите. Исто така, многу е лесно да се променат или да се доработат. Искористете ја можноста на Google за пребарување на фотографии и проверете дали таа фотографија се појавува и на други места. Дали наведениот автор е изворот на фотографијата? Дали фотографијата е променета?

Размислете пред да споделите.

Обрнете внимание навремено кога настанала веста. Повеќето медиуми наведуваат кога некоја вест е објавена.Дали се работи за некоја стара вест? Дали е воопшто релевантна? Размислете и за контекстот во кој е напишана. Некои страници користат сатира за да ги коментираат актуелните настани, но тоа не се вести. На крај, размислете што ве привлече за да ја прочитате веста - насловот, информациите или фактот што некој ја споделил таа вест со вас?

Користете го вашиот „здрав разум“.

Прочитавте некоја вест и ви се чини дека е предобра за да би била вистинита? Веројатно се работи за лажна вест. Животот понекогаш се поигрува со нас и ни креира некои неверојатни настани, таквите вести земајте ги со резерва. Длабоко вдишете и размислете за тоа што го прочитавте и побарајте дополнителни информации. 

Се потешко е да се идентификува кои вести се вистински, а кои се лажни и покрај сите тие информации коишто не едуцираат за како да ги препознаваме. Доколку станува збор за нешто што многу ви е важно, тогаш пристапете внимателно кон тоа.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm