Xiaomi Redmi Note 7 Pro - Професионалец за ниска сума

Објавено на 30.03.2019 во Рецензија


Xiaomi Redmi Note 7 Pro - Професионалец за ниска сума

Оцени

usability
9.0


Перформанси
8.5


Цена
9.0


Камера
8.5


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Одличен баланс на цена и перформанси

 

Negatives:

 

- Нема вграден скенер за отпечатоци под дисплејот



Целата рецензија

Xiaomi годинава ја започна со нов маркетинг стратегија со која го издвои суб-брендот Redmi како посебна категорија на смартфони во пониските класи со цел смартфоните како Mi и Mix да се насочат кон премиум сегментот и како такви да бидат препознаени и ценети. Секако Redmi продолжува како квалитетна серија со солидни смартфони кои се многу поевтини. Втор модел од оваа серија е напредниот Redmi Note 7 Pro кој нуди за нијанса подобри перформанси од стандардниот уред кој веќе се покажа како огромен хит со голем интерес кај купувачите. Сега на ред е Pro верзијата, па да видиме што може да понуди.

Дизајн

Redmi Note 7 Pro го задржува модерниот дизајн, со минимална дупка на врвот на екранот во вид на капка каде е вградена селфи камерата и речиси воопшто да не одзема простор од видното поле. Овој голем смартфон има одлична естетика со убав израз на боите на маската кои доаѓаат во избор од црвена, сина и црна боја сите инспирирани од небесните тела, па така имаат отсјај и елегантност. Смартфонот е доволно тенок со 8 милиметри, но е нешто потежок со 186 грама. Секако, тоа не е голема пречка во неговата ергономија или практичност за носење во џебот, ташната или управување и држење со раката.

Дисплеј 

Redmi Note 7 Pro доаѓа со огромен 6,3 инчен IPS LCD дисплеј со солидна резолуција од 2K HD што резултира со густина на сликата од 409 ppi. Исто така дисплејот е доста истенчен во вертикала со размер од 19.5:9 со што се постигнува одлична искористеност на предната површина. Рамката е речиси невидлива па така ќе добиете одлично скроен смартфон со непречена видливост. 

Перформанси

Новиот Redmi Note 7 Pro го нуди дефинитивно најдобриот осум јадрен процесор од средната класа со што се обезбедени многу солидни перформанси, практично едно скалило под премиум сегментот. Redmi Note 7 Pro работи со Snapdragon 675 процесор изработен во 11 nm процес со Gold и Silver Kryo јадра со работен потенцијал од 2.0 GHz и 1.7 GHz. Хардверот на Redmi Note 7 Pro е надополнет со 6 GB RAM, 128 GB меморија, microSD слот, 3,5 mm влез за аудио, USB Type C, како и издржлива батерија со капацитет од 4000 mAh. Одличен адут е и брзото полнење со Quick Charge 4.0 технологијата и поддршка за брз полнач со енергетски потенцијал од 18W.

Камера

Главната камера на Redmi Note 7 Pro располага со два сензора од кои примарниот има импресивни 48 мегапиксели со f/1.8 леќа, 1/2" инчи големина, како и 0.8 микрони големина на пиксел. Второто помошен сензор кој служи за поголема длабочина има 5 мегапиксели со леќа од f/2.4, како и поддршка за HDR и PDAF. Селфи камерата на Xiaomi Redmi Note 7 Pro исто така е доволно квалитетна со сензор од 13 мегапиксели, поддршка за HDR и Full HD видео.

Заклучок

Xiaomi Redmi Note 7 со дисплејот со повисок степен на резолуција, помоќниот и потентен процесор, одличната комбинација на камерите како и на издржливата батерија покажува дека е уште повеќе исплатлив, па така тие кои би сакале да вложат уште педесетина евра повеќе би добиле импресивен уред кој е добро склопен и има висок капацитет во секој елемент на функциите. Основната цена на Xiaomi Redmi Note 7 Pro изнесува околу 200 евра, па така доколку го најдете за таа сума би добиле уред кој е многу исплатлив, а притоа може да одговори на сите модерни предизвици. Што мислите вие за Xiaomi Redmi Note 7 Pro?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm