Samsung Galaxy M20 - Мега батерија во средната класа

Објавено на 31.03.2019 во Рецензија


Samsung Galaxy M20 - Мега батерија во средната класа

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.0


Цена
8.0


Камера
7.5


резултат
7.9


Наши забелешки

Positives:

 

- Огромна батерија со брзо полнење

 

Negatives:

 

- Нема вграден скенер под дисплејот



Целата рецензија

Samsung Mobile годинава претстави нова серија на Galaxy M смартфони наменети за земјите во развој каде има голема група на купувачи со помал и ограничен буџет, па затоа реши да настапи со уреди кои според квалитетот и цената може да им парираат на поевтините модели на кинеските брендови. Еден од подобрите уреди во оваа серија е Samsung Galaxy M20 кој има мега батерија со капацитет од 5000 mAh што е еден од неговите најголеми адути. Затоа во продолжение подетално ќе ги претставиме предностите и слабостите на Samsung Galaxy M20.

Дизајн

Samsung Galaxy M серијата носи еден нов изглед уредите на корејскиот бренд во средната класа и на некој начин е во согласност со трендовите кои доаѓаат од кинеските брендови. Samsung Galaxy M20 е доста симпатичен смартфон, со избор од сина и црна боја, додека пак задната страна каде е вграден скенерот за отпечатоци е многу едноставна на изглед со пластична маска. Уредот е нешто подебел со 8,6 милиметри но, тоа се должи на сместувањето на огромната батерија. Добро е што тежи само 186 грама што навистина не е многу за вака голем смартфон.

Дисплеј

Samsung Galaxy M20 е огромен фаблет во средната класа со 6,3 инчен PLS TFT дисплеј со солидна резолуција од 1080 х 2340 пиксели што резултира со густина на сликата од 409 ppi многу повеќе од минимумот за исполнување на Retina стандардот. Исто така дисплејот на Samsung Galaxy M20 се карактеризира со издолженост во висина со размер од 19,5:9 што придонесува за одлична искористеност на предната површина на екранот со минимална рамка околу. На врвот на дисплејот има дупка во форма на капка каде лежи селфи камерата и истата не одзема многу внимание од полето на видик.

Перформанси

Samsung Galaxy M20 е замислен како уред од средната класа со доволен капацитет за исполнување на модерните предизвици. Така работи со осум-јадрен Exynos 7904 процесор од 14 nm класата со што е меѓу подобрите на Samsung во овој сегмент. Хардверот е надополнет со 4 GB RAM кои се сосема доволни за непречен мултитаскинг и побрзи транзиции, како и 64 GB основна вградена меморија која може да се надополни преку слот за microSD. Како што споменавме најголем адут на Samsung Galaxy M20 е огромната батерија со капацитет од дури 5000 mAh која може да биде активна повеќе речиси цели два дена со едно полнење. Одличен додаток е и брзото полнење преку USB Type C конектор и моќност на полначот од 18W.

Камера

Samsung Galaxy M20 не изостанува ниту во сегментот на камерите кои се добро склопени и нудат солидни перформанси, особено за слики кои би ги споделувале на социјалните мрежи. Главната камера на Samsung Galaxy M20 има два сензора од кои еден е со 13 мегапиксели, а вториот е ултраширок сензор од 5 мегапиксели за создавање на Bokeh ефект, како и промена на фокусот според потребите на сцената. Селфи камерата на Samsung Galaxy M20 доаѓа со сензор од 8 мегапиксели со поддршка за HDR.

Заклучок

Samsung Galaxy M20 успева да го надмине претходниот впечаток за уредите на Samsung од средната класа кои имаа повеќе компромиси во хардверот со цел да се постигне пониската цена. Секако, Samsung Galaxy M20 не е преевтин со цена од 220 евра, ниту пак за таа цена не нуди бомбастични адути кои премногу би го доближиле до премиум сегментот како на пример Samsung Galaxy A8. Предноста на Galaxy M20 е доверливоста на брендот и подолгорочната поддршка како и солидните перформанси обезбеди од процесорот, огромниот дисплеј и мега батеријата. Што мислите вие за Samsung Galaxy M20 и како би го споредиле со конкурентите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm