Moto P30 - Добар поглед и тенко тело

Објавено на 13.04.2019 во Рецензија


Moto P30 - Добар поглед и тенко тело

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.0


Цена
8.0


Камера
8.0


резултат
8.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Симпатичен дизајн

- Солидни перформанси

 

Negatives:

 

- За истата цена има помоќни конкуренти



Целата рецензија

Motorola го прифати трендот на смартфони со целосна искористеност на предната површина дисплејот со минимална рамка, а еден од нивните први вакви модели беше Moto P30 со што започнаа една нова ера која допрва треба целосно да се материјализира. Moto P30 е еден од поквалитетните смартфони во средната класа со пристојна цена и перформанси кои не треба воопшто да ги разочараат корисниците. Moto P30 се издвојува од своите Moto „браќа“ и нуди нешто посвежо, но истовремено и многу слично на тоа што го имаат конкурентите. Затоа во продолжение прочитајте подетално што се може да понуди Moto P30 и какви се неговите карактеристики.

Дизајн

Како што веќе рековме Moto P30 во многу елементи се разликува од повеќето Moto смартфони со својот елегантен дизајн, одличната градба на тело која е доста тенка со профил од само 7,7 милиметри црна, а смартфонот е многу лесен со само 170 грама, па така без никакви проблеми ќе го носите во џебот и управувате со раката без да почуствувате некаква гломазност. Moto P30 има убав финиш на маската со одреден одблесок и доаѓа во избор од црна, бела и аурора сина боја кои изгледаат убаво за око и дефинитивно со ваков уред ќе ги освоите симпатиите на околината.

Дисплеј

Moto P30 располага со 6,2 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1080 x 2246 пиксели и модерен размер од 18.7:9 кој го издолжува во висина, па така предната површина е одлично искористено без вишок простор. Околу дисплејот има многу тенка речиси невидлива рамка што придонесува за неговата ергономија и практичност. Со оваа големина и степен на резолуција се добива густина на слика од 402 ppi што е прилично високо и овозможува одлична прегледност на сите видови на содржни. Екранот на Moto P30 има Corning Gorilla Glass заштита што ќе спречи поголеми гребнатинки или напукнувања при удари.

Перформанси

Moto P30 според хардверот припаѓа на поскромната средна класа, но со доволно моќ без никакви пречки да ги заврши сите задачи и операции, со доволно „мазни“ транзиици и брзо активирање на апликациите. Moto P30 работи со осум-јадрениот Qualcomm SDM636 Snapdragon 636 чипсет изработен во 14 nm процес што е многу квалитетно за оваа класа, а располага со Kryo 260 јадра со 1.8 GHz работен потенцијал. Moto P30 за мултитаскинг се потпира на високите 6 GB RAM, а има избор од 64 и 128 GB основна вградена меморија. Самата батерија со капацитет од 3000 mAh нуди доволно енергија за целодневна активна работа, а на располагање има и брзо полнење на батеријата со моќност од 18W.

Камера

Moto P30 не изостанува ниту во делот на камерите кои се одлично вклопени. На задната страна како главна камера имате комбинација од два сензора од кои примарниот има 16 мегапиксели со f/1.8 големина на леќа, 1.25µm големина на пиксел, фазна детекција на автофокус со двоен LED блиц, додека пак помошниот сензор наманет за длабочина има исто така PDAF, резолуција од 5 мегапиксели, f/2.2 леќа, како и можност за снимање во HD резолуција од 1080p при 30 фрејма во секунда. Селфи камерата е подеднакво квалитетна со сензор со резолуција од 12 мегапиксели, 1.25µm големина на пиксели, f/1.9 леќа, а има и LED блиц со можност за снимање од [email protected]

Заклучок

Moto P30 е доста симпатичен смартфон со елегантен изглед и привлечен дизајн. Исто така нуди доволно голем дисплеј кој е многу прегледен и има достојна резолуција за преглед на секаков вид на мултимедија, додека пак хардверот е доста солидно скроен без некоја видлива маана или слабост која би ги компромотирала перформансите. Главен недостаток на Moto P30 е што е пуштен во ограничена продажба, па така најверојатно би го нашле само онлајн. Со цена до 350 евра Moto P30 е доста исплатлив, нуди подолгорочна софтверска поддршка иако за истата сума може да најдете и нешто помоќно кај Xiaomi или Huawei Honor. Што мислите вие за Moto P30?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm