Што прави Apple за спас на продажбата на iPhone?

Објавено на 28.04.2019 во Рецензија


Што прави Apple за спас на продажбата на iPhone?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нови перспективи за успех на Apple и iPhone

 

Negatives:

 

- Претходни грешки и ограничени можности за раст



Целата рецензија

Глобалната продажба на смартфони од година во година бележи помали стапки на раст, додека пак на најголемите пазари во светот дури и опаѓање со оглед на заситеноста на корисниците со нови модели. Тоа треба да ги загрижи големите брендови кои треба да направат промена во маркетинг стратегиите и да се прилагодат на новите трендови. Apple за прв пат прави порадикални промени во својот пристап и повеќе се насочува кон производ кој е добро скроен според пазарните потреби, наместо да лансира смартфони за кои компанијата смета дека се совршени и дека автоматски ќе се јави огромна желба кај купувачите во премиум сегментот да поседуваат токму таков вид на iPhone.



Кина е во пад, но кој е следниот голем играч?

Кина во последните пет години како најголем пазар со најголем раст на годишно ниво во голема мера ги диктираше маркетинг стратегиите на големите брендови. Apple направи огромни напори да се пласира кај кинеските купувачи во премиум сегментот и тоа до некаде беше многу успешно, освен во целата 2018 година кога полека се топеше интересот на Кинезите за скапите iPhone XS модели, но и генерално за скапи смартфони кои не се од кинеските брендови, туку повеќе интересот беше насочуван кон домашните брендови и тоа тие што не се толку глобално присутни или популарни, секако поради спуштените конкуренти цени. Сега Apple се повеќе размислува за следниот бум на пазарот, а тој ќе го донесе Индија.



Што очекува Apple од Индија?

Според сите анализи и очекувања трендовите во Индија покажуваат дека во наредните 5 години бројот на корисници на смартфон ќе се искачи на над 800 милиони луѓе за 13%, а растот во премиум сегментот за поскапи телефони ќе изнесува неверојатни 27%. Такви стапки на раст засега не може да понуди ниту една друга земја во светот, па сосема извесно е дека големите брендови ќе се борат за индискиот пазар. Xiaomi веќе подолго време го таргетира индискиот пазар со отворање на физички продавници и специјални лансирања на смартфони преку популарни веб сајтови за онлајн продажба. Samsung специјално за Индија лансираше посебна Galaxy M серија во средната класа со пониски цени, а висок степен на перформанси.



Секако, Apple како бренд кој настапува исклучиво во премиум класата ваков вид на стратегии не се целосно изводливи, но во секој случај видливо е дека се прават промени. Apple за таа цел ќе започне да произведува iPhone смартфони директно во фабрика во Кина со што ќе ги намали трошоците за испорака. Исто така се очекува Apple да лансира посебен iPhone модел со екран до 5 инчи со AMOLED технологија кој ќе биде наменет за средната висока класа со нешто пониска цена. Со ваква понуда Apple планира да го освои првиот бран на идниски купувачи, за потоа во следните години како ќе расте индиската економија да ги освои и премиум купувачите со iPhone смартфони кои ќе бидат многу поскапи со врвни перформанси.

Apple не смее никако да ги повтори грешките од минатото со индискиот пазар каде значително ги потцени купувачите лансирајќи постари модели со нијасна спуштени цени, без притоа да понуди премиум модели кои секаде се барани, и ако ги исполни овие критериуми има надеж дека и натаму ќе се држи во самиот врв на мобилната индустрија.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm