Европската директива за заштита на авторски права во овој облик е најлошо решение

Објавено на 30.04.2019 во Рецензија


Европската директива за заштита на авторски права во овој облик е најлошо решение

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Зголемена контрола и високи трошоци на блогерите;
- Намалување на слободата на говор;



Целата рецензија

После три дена преговори и усогласуавња помеѓу Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент, е прифатена новата Директива за заштита на авторските права. Сите се согласуваат дека авторските права треба да се заштитат и да им се овозможи на авторите да добијат праведна накнада за своите дела, но преговорите се водат околу начинот на кој треба тоа да се направи.

Предлогот за Директивата за многумина е најлошо решение на ЕУ институциите досега. Активистите велат дека има многу недоречености и со тоа може да се предизвикаат многу проблеми. Според нив повеќето блогери, јутубери, онлајн портали, и стартапови, нема да останат онлајн. Авторите ќе мора се регистрираат на ZAMP, а тоа ќе чини. Не смеете веќе да објавувате ништо на YouTube без лиценца.

Застапничката во Европскиот парламент, е еден од најгласните противници на Директивата, Јулија Реда, исто така е разочарана со постигнатиот договор: „Две години расправаме за различни предлози и верзии за контроверзните членови 11. и 13. Сега веќе нема сомневање: Овој закон темелно ќе го промени интернетот што го познававме досега - ако се прифати“. 

Уште од самиот почеток главна цел на тие членови било служењето на моќните интереси, мислејќи притоа на моќното лоби што го поддржува посебниот известувач Аксел Вос и конзервативната група во Парламентот. Таа предупредува и на фактот што германскиот CDU/SCU „ноншалантно го прекршил коалицискиот договор што го потпишале, а во кој се противат филтрите на содржините. Дури и потполно ги игнорирале протестите што ги упатила нивната министерка за дигитални прашања.

Јулија Реда истакнува дека не треба да се обвинува ЕУ поради Директивата и нејзините последици, туку оние што ги ставиле „своите интереси над основните права“. 

„Директивата за заштита на авторските права треба да им служи на сите - вклучувајќи ги европските креативци и потрошувачи, малите издавачи и платформите. Детално ќе го проучиме финалниот текст на Директивата и ќе ни биде потребно малку време да одлучиме кои ќе бидат нашите следни чекори. Деталите ќе бидат важни, па ја поздравуваме можноста за продолжување на преговорите низ цела Европа“, соопштуваат од Google.

Директивата уште не е закон

Трите европски тела го усогласија текстот на Директивата, но тоа не значи дека таа е прифатена. Усогласениот текст сега повторно треба да го одобрат и застапниците во Европскиот парламент и членовите на Советот на Европа. Ако тие го изгласаат текстот на Директивата таков каков што е, тој станува закон и ќе мора да се воведе во законодавството на сите земји членки. Јулија Реда предупредува дека не се воодушевени сите тела со Директивата. Првото мислење за новата Директива ќе може да го дадат членовите на парламентарниот одбор за правни прашања и тоа веројатно уште од следната недела.

Потоа претставниците на земјите членки ќе гласаат за Директивата на Советот на Европа. Ако 13 земји членки се против, Директивата се враќа на доработка, а тоа е малку веројатно сценарио според Реда. Поголема е веројатноста дека Директивата ќе ја спречат застапниците во Парламентот. Во тој случај повторно ќе се расправа дури наесен и тоа со нов состав во Европскиот парламент.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm