Huawei P30 - Телефон со супермоќи!

Објавено на 13.05.2019 во Рецензија


Huawei P30 - Телефон со супермоќи!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Флуидност и брзина благодарение на новиот EMUI интерфејс;
- Најновиот софтвер;
- Тројна камера што фаќа ситни детали;
- Одлични снимки за ноќен режим;
- Голем дисплеј;
- Долготрајна батерија;
- Одличен хардвер;

 

Negatives:

- Нема 3D камера за препознавање на лице;



Целата рецензија

Huawei P30 ни доаѓа како брат во средина од новата P30 серија на смартфони, а за многумина ќе биде и најинтересната, затоа што нуди многу нешта што ги има и во P30 Pro моделот. Ајде да видиме подетално што се крие во новиот топ модел на најголемиот кинески бренд во светот. Дефинитивно има одлична машина и неодолив е кога го држите во рака и се одликува со супер ергономија.

Дизајн и дисплеј

Huawei P30 го следи оригиналниот дизајн на постариот брат P20, со стакло метален дизајн е префинет, а атрактивноста на уредот е подигната на уште повисоко ниво со истенчување на рамките на екранот, намалување на засекот, имплементација на читачот на отисоци под екранот и зарамнување на горниот и долниот дел на телефонот.

Huawei P30 дефинитивно изгледа прекрасно, а добра е неговата големина исто така, која е слична како онаа на Galaxy S10.  P30 нема Gorilla Glass стакло ниту од предната ниту од задната страна, при што од предната страна има вградено заштитна фолија. Предност е тоа што P30 има IP53 сертификат што гарантира заштита од прскање од вода. 

P30 е многу близу до P30 Pro топ моделот годинава, затоа што го има истиот AMOLED панел со оптички читач под него, а ја има и истата резолуција од 1080p+. Од горната предна страна  има место за селфи камерата, но само мал круг во облик на капка солза.

Добро е тоа што имате Always ON функција за прикажување на нотификациите, датата и времето во секое време, што нема да ви троши многу батерија, односно ви ја штеди. Големината на екранот е 6,1 инч, што ќе ви овозможи прилично добро и целосно искуство на гледање.

Камера

P30 располага со 32MP f/2.0 селфи камера со поддршка за 1080p видео, а трите задни камери се со главна од 40MP f/1.7 со PA*DAF и ласерски автофокус, што значи дека ќе извадите одлични слики, во зависност и од резолуцијата што ја посакувате. Втората камера е 16MP со широчина на бленда од f/2.2 и ultrawide широкоаголна телефото камера од 8MP и f/2.4, со поддршка за 3x оптички зум. Оваа камера е воедно и единствената со OIS овде.

Со други зборови, нуди слични опции и версатилност каква што нуди P30 Pro, само за малку пониско ниво, затоа што сепак станува збор за ценовно прифатлив модел. P30 снима 4K видео со 30fps, 1080p при 60fps и SloMo при 960fps видео во 720p квалитет. Интерфејсот на камерата е полн со трикови и режими за снимање и неизбежната AI компонента.

При тестирањето потврдуваме дека и покрај тоа што не мрдаме, камерата сама го бара фокусот и врши одлична работа. Ова е стандардна и незумирана слика:

А ова е 50 пати зумирана слика:

Така P30 снима портрети, замаглени позадини, панорами, чуда од режими, а тука го имаме и Про реѓимот за рачно подесување на параметрите. Тука вообичаено користиме автоматско подесување со евентуално насочување на фокусот или компензација на експозицијата.

Квалитетот на сликите на Huawei P30 се одлични, дневните слики изобилуваат со детали, при што ноќните не се до тој степен, што е нормално, но дефинитивно нема да ве разочараат. Условите со слабо осветлување нема да ви направат проблем за да добиете матни фотки, а за снимањето на кадрите што не можат да се движат го имате Ноќниот режим. 

Софтвер

Huawei P30 од софтверската страна доаѓа со Android 9 и EMUI 9.1 интерфејс од Huawei. Софтверот е освежен, Huawei работел на оптимизациите од внатрешноста, која навистина и се чувствува со изразена флуидност во работата на тој интерфејс. Екранот се заклучува на ист начин, а Почетниот екран нема новости, освен променетата иконка за камерата. Изборникот со апликации треба да се вклучува и понатаму.

На крајната лева страница се наоѓа Google Feed, но може да се исклучи доколку вие сакате. Од долната страна на екранот се наоѓа навигациската лента што може да се прилагодува, која можете и да ја исклучите, па да навигирате со гестови.

Со клизањето преку навигациската лента, приказот можете да го намалите што ќе послужи додека не се имплементира нешто подобро. Мултитаскингот сега се прикажува хоризонтално, а во Split Screen може да влезете со гест на артиклите, а со куцање може да правите скриншот. 

Брзината и флуидноста на интерфејсот е на беспрекорно ниво и тука не смееме ништо да приговориме. Навистина функционира убаво и брзо, зададениот веб прелистувач е Google Chrome, а зададена тастатура е Swiftkey. Дефинитивно добивате позитивно искуство со сурфање на овој телефон. Звукот на P30 е прилично гласен и јасен, со солидни квалитети. 

Хардвер и батерија

Под хауба Huawei P30 има 7-нанометарски Kirin 980 процесор со 8 јадра, кој го има во Mate 20 Pro и P30 Pro. Чипот на Huawei се п(д)окажа  како способен, брз и штедлив, а овде е во комбинација со 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија. Со толкава меморија дефинитивно не би ви требала и картичка, но ако веќе сакате дополнителна меморија, ќе ви треба помала нано microSD картичка, оти класичните не ги поддржува.

Перформансите на моделот се дефинитивно одлични и онакви какви што ги очекувате од топ моделите на смартфони. Се што очекувате од него е брзо, мазно и без маки. Може слободно да сурфате, да седите на социјалните мрежи, било каков мултитаскинг нема да му биде никаков проблем, па и играњето на игри.

Веќе се пробани игрите Real Racing 3, PUBG и Fortnite, а сите ги покренува флуидно и без прегревање. Оптичкиот читач на отисоци од прсти е имплементиран во самиот екран, конкретно под него и освен тоа што ќе бидат потребни неколку денови навикнување на неговата точна позиција, нема да имате проблеми со него. Брз е и бескомпромисно преде брзо. 

Препознавањето на лицето е без 3D и IR камера, но функционира исто толку брзо. Батеријата е интегрирана со капацитет од 3650mAh и поддршка за брзо полнење од 22.5W. Без проблеми ви овозможува долготрајност со 2 дена стендбај и користење со над 8 часа вклучен дисплеј, во зависност од начинот на употреба.

Заклучок

Huawei фановите дефинитивно ќе набават P30 и тоа од повеќе причини. Пред се, чини околу 703  евра, што навистина не е висока сума за спецификациите што ви ги нуди.

За тие пари P30 ќе ви понуди прилично комплетен уред од дизајн преку екран, солидни камери, перформанси и многу добра автономија. Веќе наоколу гледаме многу корисници со вакви телефони. Што мислите вие за новиот предводник на Huawei? Ние дефинитивно сме убедени дека тој е телефонот за вас.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm