Spotify прв стигна до 100 милиони корисници кои плаќаат

Објавено на 30.04.2019 во Рецензија


Spotify прв стигна до 100 милиони корисници кои плаќаат

Оцени

usability
9.5


Перформанси
9.5


Цена
9.5


Камера
0.5


резултат
7.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Успехот на Spotify ќе ја подобри понудата

 

Negatives:

 

- Без оглед на раст на приходите нема профит



Целата рецензија

Интернет стриминг сервисот за музика Spotify е прв од големите играчи кој успеа да стигне до бројка од импресивни 100 милиони активни корисници на месечно ниво кои ја плаќаат поставената претплата за неограничен пристап до песни и аудио содржини. Spotify исто така бележи голем раст на годишно ниво од околу 25% пораст на корисниците кои плаќаат месечно за пристап до содржините. Севкупно растот на Spotify изнесува речиси 35% во споредба со истиот период лани, бидејќи расте и бројот на корисници кои не плаќаат претплата, но имаат одредени ограничувања во бесплатната верзија како на пример приказ на реклами и помали можности за симнување на песни и нивно слушање без интернет конекција.

Што значи растот на Spotify за стриминг индустријата?

Успехот на Spotify е секако голем мотив и за останатите конкуренти да продолжат да ги развиваат сопствените производи што треба да доведе до поголем квалитет и повеќе бенефити за корисниците. Исто така се покажува дека Spotify барем засега има успешен бизнис модел кога е во прашање привлекување на нови претплатници бидејќи од нив стигнува најдобриот приход и притоа не се оптоваравуваат корисниците кои сакаат да платат со непотребни бариери.

Spotify како што рековме има раст и во бројот на корисници кои не плаќаат претплата и на месечно ниво од нив активни се дури 117 милиони корисници кои имаат пристап од основната верзија на апликацијата. Сега се чека поагресивен потег од страна на Apple кој преку Music сервисот има само половина од премиум корисиниците на Spotify, односно до последните мерења имал само 50 милиони претплатници. Ако се подели според пазари, Apple Music води во Соединетите Американски Држави, додека пак Spotify има за 2 милиони корисници помалку. Spotify одлично котири на големите азиски пазари, потоа во Европа и Латинска Америка. 

И со 100 милиони кои плаќаат нема профит

Засега Spotify и натаму е компанија која работи во загуба, односно без оглед што растат севкупните приходи, особено тие од продажба, и натаму трошоците се многу високи. Тоа го остава Spotify со загуба од 142 милиони евра од вкупни приходи кои надминаа 1,5 милијарди евра на квартално ниво. Речиси сите стриминг компании засега не размислуваат за брзо креирање профит, туку „билдаат“ стабилна и лојална фан база на корисници која со тек на време ќе биде подготвена да издвои поголем дел од својот џеб за премиум стриминг услуги. 

Слична тактика стартува и гигантот Amazon кој ја воведе бесплатната верзија на Amazon Music Unlimited за проба на американскиот пазар и очекува да продолжи да расте во двете категории. Spotify пак ги искористи новите смарт домашни звучници на Google, Samsung и Amazon и истите им ги поклонуваше на селектирана група на нови премиум претплатници со што прави пробив сите различни видови на платформи. Се очекува бројот на земји во кои Spotify ќе биде достапен да се зголемува во наредната година. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm