5G брендови со смартфони што ќе ги запознаеме во 2019 година

Објавено на 04.05.2019 во Рецензија


5G брендови со смартфони што ќе ги запознаеме во 2019 година

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- 5G достапноста се проширува низ светот;
- Побрз пристап кон податоци;
- Побрзо преземање на датотеки;

 

Negatives:



Целата рецензија

5G мрежата е веќе тука. Во наредните месеци ќе пишуваме се повеќе за новата 5G технологија, која ќе има влијание за да промени многу нешта во сите индустрии, а мобилната индустрија најмногу. Добиваме поголема брзина, подобар капацитет и нови апликации креирани од следната генерација на мобилни сервиси. Прашање е само на време кога 5G брановите ќе не фатат. За 5G технологијата е потребен и подобар хардвер, а за таа цел ви ги претставуваме 5G смартфоните што ќе пристигнат во 2019 година.

Samsung Galaxy S10 5G

Samsung Galaxy S10 5G е најпопуларниот 5G смартфон, кој е веќе пуштен во продажба во Јужна Кореја и ќе го пушти сидрото преку Verizon на 16 мај. Со цена од 1300 долари, Samsung Galaxy S10 5G има 6.7-инчен дисплеј, батерија со капацитет од 4500mAh и четворна камера од задната страна со подобар сензор за длабочина.

Huawei

Huawei Mate X го поседува неговиот карактеристичен "Falcon Wing“ дизајн со 8-инчен преклопен дисплеј, со што лесно ќе заборавите дека е 5G-овозможен смартфон, кој ќе биде лансиран во делови од Европа и Азија во јуни оваа година, со цена од 2500 долари. 

За 5G ентузијастите, Huawei го има Mate 20 X 5G, кој се базира на Huawei Mate 20 X, и се одликува со батерија од 4200mAh, што е одлично за да му парира на 5G хардверот. Сега е на продажба само во Швајцарија, за цена од 970 долари. На крајот на 2019 година, 5G би можела да биде почетната точка за продажбата на Huawei Mate 30, како што вели Ричард Ју, извршниот директор на Huawei Consumer Business Group. 

LG V50 ThinQ 5G

LG V50 ќе биде лансиран на 10 мај во Јужна Кореја, што се уште не е официјално потврдено. Би требало LG V50 да пристигне и во Америка, но секако ќе дебитира во матичната земја, Кореја. Неговата цена од 1000 долари ќе биде пониска од онаа на Galaxy S10 5G, но и хардверот нема да биде на негово ниво. LG V50 ThinQ 5G има многу заеднички нешта со V40, сличен дизајн и ја посвојува тројната задна камера. Добиа поголема батерија од 4000mAh и побрз Snapdragon 855 процесор, со поефикасен систем за ладење. Покрај V50 ThinQ 5G, LG ќе понуди и дополнителна опрема за додавање на втор екран на уредот и така двојно ќе го зголеми дисплејот.

Sony

Sony се уште официјално нема претставено 5G телефон, но изјави голем интерес за оваа технологија и нејзиниот потенцијал. Компанијата веќе има 5G прототип на дисплејот за MWC 2019. На сликата одозгора го имаме претстојниот Xperia 1 смартфон, кој има екстра висок дисплеј без засек. Се уште немаме информации за 5G хардверот на Sony, којшто компанијата го развива.

Xiaomi

Xiaomi веќе има 5G смартфон на маса, а тоа е Xiaomi Mi MIX 3 5G, кој е надградба на минатогодишниот Mi MIX 3 модел. Прекрасно е тоа што доаѓа со Snapdragon 855 процесор од под хауба и не чини ништо повеќе. Во Швајцарија е веќе пуштен во продажба уште од пред два дена, на 2 мај.

HTC

HTC наводно работи на 5G телефон, кој би требало да биде лансиран во втората половина на 2019 година. Се уште немаме никакви слики и информации за хардверот, но би очекувале процесор Snapdragon 855 + X50 5G модем, како што повеќето 5G смартфони ги имаат.

ZTE Axon 10 Pro 5G

Претставен беше на почетокот на оваа година за време на MWC конгресот во Барселона, при што ZTE Axon 10 Pro 5G се очекува да го лансира на 5G пазарите пред да заврши првата половина на оваа година. Ќе пристигне во Кина, Финска и Австрија преку главните дилери, додека САД останува неизвесен како пазар. Моделот има Snapdragon 855 процесор, тројна главна камера и дисплеј што се простира од раб-до-раб со сензор за отпечатоци.

OnePlus 

На 14 мај, OnePlus ќе претстави два нови смартфона, OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro. Првиот ќе биде наследникот на OnePlus 6T, понудувајжи добри спецификации и чист софтвер за разумна цена, додека вториот ќе биде светлата точка на шоуто. 7 Pro се очекува да го зголеми својот дисплеј со засек, ќе има подобрена камера и подобро зумирање со 5G поддршка, покрај сите други нешта. 5G конекцијата на OnePlus 7 Pro, би можело да биде достапна на неколку пазари. Двата нови модели на OnePlus 7 прво пристигнуваат во Америка, само што 5G достапноста е неизвесна. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm