Huawei P30 Pro: Суперхерој со 50х дигитален зум

Објавено на 29.05.2019 во Рецензија


Huawei P30 Pro: Суперхерој со 50х дигитален зум

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- OLED дисплеј;
- Моќни перформанси;
- 50х Дигитален зум и 10х Хибриден зум;
- Моќна перископска камера;
- Иновативен начин на полнење;
- Долготрајност на батеријата;
- Неодолив дизајн;
 

 

Negatives:



Целата рецензија

При тестирањето на Huawei P30 Pro проверивме дали неговата камера е навистина најдобра во светот и без конкуренција. Hauwei P20 Pro и Mate 20 Pro имаа камери, кои за класа беа подобри од секој телефон на пазарот во 2017 година. 

Huawei успеа да го спои сестраниот софтвер со огромниот сензор на камерата и тројната поставка на објективите, со цел да добие телефон што нема конкретен противник веќе цел година. Потоја се појави P30 Pro. За Huawei просто можел да направи некои мали софтверски преправки и понатаму да биде творец на најдобриот телефон на светот по сите стандарди, а не само по оние фотографските. Компанијата одлучи да не го направи тоа.

Напротив, Huawei со P30 Pro моделот направи пресврт на пазарот со тоа што уште повеќе го зголеми стандардот и креирал телефон што буквално го менува нашето поимање за она што е возможно. Компанијата мисли дека овој телефон ќе промени се, а после само 2 недели тестирање на моделот P30 Pro, многу лесно можеме да се согласиме со ова тврдење. Всушност, P30 Pro содржи три големи и многу важни подобрувања.

Камера за гледање во фрижидерот на соседот

Првото е перископскиот објектив, кој дозволува до 5х оптички зум, што речиси и не доведува до било какви деформации во острината кога се користи. Huawei не е прва компанија што се поигрува со оваа идеја, но дефинитивно е прва што е спроведена во дело. Наместо класично уредување на стаклени плочи, овој објектив користи огледало што се склопува како перископ, поради што дозволува поголем зум, отколку што повеќето телефони поради своите физички ограничувања може да ги изведат, а притоа драстично тоа да не влијае врз перформансите.

Второто големо унапредување се однесува на телефото објективот, кој е во состојба да извлече 10X хибриден зум, без забележителни деформации. Во случај да сакате да му погледнете во фрижидерот на соседот, P30 Pro го продолжува дигиталниот зум од 50х.

Сето ова оди уште еден чекор напред кога во целата приказна се приклучува и ултраширокиот објектив, кој на овој телефон му дава распон и можности за еден мини DSLR фотоапарат со речиси секој објектив што можете да го замислите. 

Третото унапредување се однесува на главниот сензор од 40 мегапиксели. Huawei P30 Pro користи нов дизајн што и овозможува на камерата да фати многу повеќе светлост, одошто било возможно тоа порано. Резултатот од тоа е камерата што може речиси да гледа и во мрак. Просечната камера на телефонот работи до ISO 6,400, а P30 Pro успеа да достигне до ISO 409,600. Ова е веќе територија на која суверено владеат DSLR фотоапаратите.

Софтвер и хардвер

На тој начин Huawei ни покажа дека и понатаму има простор за унапредување на смартфоните на сите полиња, а најдобро од се е што одлучи да ни покаже дека е возможно и на хардверско и софтверско поле. Покрај импресивната камера, P30 Pro со себе носи и многу сериозни перформанси. Hauwei P30 Pro дефинитивно не е само сериозен апарат, туку и импресивен телефон. 

Huawei P30 Pro доаѓа sa 8GB RAM и 256GB внатрешна меморија, 8 јадрен Kirin 980 процесор со вештачка интелигенција, 6.47-инчен закривен OLED дисплеј со резолуција од 2.340 x 1.080 пиксели. Овие спецификации се доволни за да го користите P30 Pro неколку години и тоа под целосна оптеретеност од тешки апликации и мултимедија. Вештачката интелигенција цело време се грижи за тоа дека ништо навистина не треба да ја троши батеријата со капацитет од 4.200mAh и тоа е забележително уште при првото трошење на батеријата.

Со умерено користење, Mate 20 Pro без никакви проблеми успеваше до крајот на денот да остане со 60% од батеријата, а ситуацијата е иста и со овој модел. Голем дел од иновациите на овој телефон е брзото полнење што P30 Pro го подигнува до 70% за само 30 минути, а ако повеќе сакате да го полните својот телефон безжично, може да го направите и тоа. По безжичен пат може да ги полните и другите уреди со поддршка за овој стандард, а се што е потребно е да ја активирате потребната опција и да го оставите телефонот на грб. 

Вештачката интелигенција игра голема улога во брзата работа на телефонот, затоа што ве следи кои апликации ги користите најчесто и со текот на времето почнува да ги предвидува вашите постапки, со цел тие да бидат спремни за да бидат лансирани. А таа милисекунда од брзината ќе ја добиете и многу е забележителна. 

Заклучок

Доволен е само еден поглед на сето ова за да се заклучи дека Huawei овој пат не сакал компромис, и не сака да ја поштеди конкуренцијата кога станува збор за дизајн, перформанси, траење на батеријата, вештачката интелигенција, и камерите, што дефинитивно поставија нови стандарди и правила за купувачите. Со други зборови, Huawei P30 Pro е вистински суперхерој во светот на смартфоните, а сликите што ќе ги направите само ќе го потврдат тоа. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm