Google ќе ги блокира адблокерите во Chrome

Објавено на 30.05.2019 во Рецензија


Google ќе ги блокира адблокерите во Chrome

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Огласувачите и професионалните медиуми ќе имаат повеќе приходи од реклами

 

Negatives:

 

- Ограничување на слободата на избор на корисниците на Chrome



Целата рецензија

Google сака по секоја цена да го заштити еден од своите главни канали на приходи од онлајн реклами преку интернет прелистувачот Chrome. Токму затоа изработува нов сет на правила за девелоперите на адблокери со кои нивните функции ќе бидат значително ограничени. Тоа за секојдневните корисници на Chrome ќе значи дека повеќе нема да може целосно да се потпрат на екстензиии за Chrome кои нудат блокирање на реклами и онлајн огласи од различен вид на објавувачи, вклучувајќи и онлајн мрежи за дигитални реклами. Користењето на аблокери стана популарно во последните години, особено на интернет прелистувачот Chrome за подобро корисничко искуство кое гарантира дека нема да бидете „нападнати“ од досадни банери и реклами, но исто така предизвика и проблеми со професионалните веб сајтови и медиуми бидејќи ги ограничи нивните можности за заработка.

Што всушност се менува?

Google планира да го воведе новиот сет на правила наречен Manifest 3 со кој на девелоперите на адблокери ќе им ја ограничи употребата на софтверот webRequest со кој тие ги спречуваат рекламите пред тие да им се појават на корисниците на веб сајтови. Сега во новите измени на Manifest 3 одлуката за тоа кои видови на реклами и од кого да бидат блокирани ќе биде интегрирана во решението на Google каде се состојат околу 30 илјади правила. Тоа значи дека ако огласувачот ги почитува овие обемни правила тогаш неговите реклами ќе може да го заобиколат пристапот на аблокерите до webRequest софтверот. На тој начин дури и да имате инсталирано екстензија во Chrome за адблокер рекламите кои се сигурни, безбедни и ги почитуваат правилата ќе ви се појават на интернет страниците. 

За кого нема да важат „блокадите“?

Единствени кои ќе може и натаму да ги уживаат услугите на аблокерите во нивен целосен капацитет ќе бидат премиум корисниците на Chrome и останатите софтверски решенија на Google. Toa e сосема разбирливо бидејќи тие не го користат во суштина бесплатно Chrome, односно од нив Google има друг вид на приходи, па така и не му значи многу ако преку нив не дојде процент од прикажување на дигитални реклами. Со таква политика се претпоставува дека во иднина би се развиле нови понуди на Chrome кои одредени сегменти ќе бидат наменети за премиум корисници со одредена претплата, слично како кај YouTube Premium каде тие што плаќаат не гледаат ниту една реклама на видео сервисот. 

Резиме

Овие промени може да предизвикаат револт кај одредена напредна група на корисници на Google Chrome кои користат голем број на екстензии и самите си го креираат своето интернет искуство, се залагаат за заштита на приватноста и против следење на профилите за директно таргетирање и пласирање на реклами. Секако, дел од нив ќе сакаат да се префрлат на некои модерни алтернативи како интернет прелистувачите Vivaldi, Brave или Opera како интернет прелистувачи кои се повеќе ја ценат приватноста на корисниците. Што мислите вие за дозволувањето да се прикажуваат повеќе реклами на корисниците, дали тоа ќе придонесе за повеќе приходи на професионалните медиуми кои и натаму може бесплатно да ги читате, или пак за потешко корисничко искуство оптоварено со банери?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm