Nokia 1 Plus - Зацврстување на основата

Објавено на 31.05.2019 во Рецензија


Nokia 1 Plus -  Зацврстување на основата

Оцени

usability
6.5


Перформанси
6.5


Цена
8.5


Камера
6.0


резултат
6.9


Наши забелешки

Positives:

 

- Обновена понуда во најосновната класа

 

Negatives:

 

- Резолуцијата е многу ниска



Целата рецензија

HMD Global како наследник на финскиот бренд кој ги доби правата да го користи името на Nokia започна скромно со евтини Android смартфони во средната класа, а потоа се испроба во сите класа. Токму во името на финската традиција HMD Global не ги заборави ниту корисниците со ограничен буџет и на нив им го посветува „кецот“. Оваа година HMD Global лансираше и нов модел наречен Nokia 1 Plus кој во однос на ланскиот претходник нуди мали подобрувања, но ја задржува убедливо најниската класа од само 90 евра. Затоа во продолжение ќе погледнеме одблиску што има да понуди Nokia 1 Plus како едноставен смартфон. 

Дизајн 

Nokia 1 Plus во одредена мера потсетува на поранешната серија на телефони Asha со пластично корпулетно тело, цврста маска која би издржала и посилно удари, но има и елементи од модерната смартфон естетика со нешто поефикасно искористена предна површина и помала рамка околу екранот Nokia 1 Plus е лесно управлив телефон со пристојна дебелина од 8.6 mm што му дава одредено ретро чуство кога го држите во раката или носите во џебот. Секако, визуелно е далеку подобар од неколку претходни смартфони на HMD Global во основната класа, па така за вложените пари добивате и подобрен стил со избор на црна, сина и црвена боја.

Дисплеј 

Главните подобрувања кај Nokia 1 Plus може да ги најдеме во IPS LCD дисплеј со големина од 5.45 инчи скроен според модерните стандарди, секако со новиот размер од  18:9 кој веќе е нашироко распространет во мобилната индустрија. Видливоста на Nokia 1 Plus е на прифатливо ниво со густина на сликата од 197 ppi со тоа што единствена поголема забелешка имаме за многу ниската резолуција од само 480 x 960 пиксели која не го исполнува барем 720p HD.

Перформанси 

Од хардверот на Nokia 1 Plus не треба да очекувате пребрзи реакции и молневито завршување на започнатите процеси, туку повеќе да го користите за едноставна употреба на социјални мрежи и апликации за допишување. Nokia 1 Plus работи со лимитиран четири-јадрен Mediatek MT6739WW процесор, 1 GB RAM, има избор од 8 или 16 GB вградена меморија и батерија со капацитет од 2500 mAh. Овој смартфон нуди неколку вообичаени функции како FM Radio, слот за втора SIM или microSD мемориска картичка, има 3,5 милиметарски влез за слушалки и microUSB 2.0 влез. Делот за мултимедија е поткрепен со солидна 8 мегапикселна камера со автофокус и  LED блиц, додека пак селфи камерата има сензор од 5 мегапиксели.  

Заклучок

Nokia 1 Plus како најевтин смартфон наменет за основната класа лансиран пред само некој месец нуди доволен степен на подобрување и делумно нови или модерни елементи кои ја оправдуваат неговата цена, а ветувачки е тоа што е лансиран со Android 9.0 Pie оперативниот систем со што се очекува подолготрајна софтверска поддршка. Што мислите вие за Nokia 1 Plus, дали би му дале шанса во евтината пост-пејд понуда каде најчесто со продолжување на договорот го нудат без никаква доплата?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm