Google Stadia - Што нуди новата платформа за гејмери

Објавено на 09.06.2019 во Рецензија


Google Stadia - Што нуди новата платформа за гејмери

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нема хардверски ограничувања

 

Negatives:

 

- Во бесплатната верзија нема гратис игри



Целата рецензија

Google го официјализираше новиот стриминг сервис наменет исклучиво за видео игри со прв фокус на мобилни уреди, но применлив и на десктоп уреди. Google Stadia ветува лансирање на видео игри од било кој уред за месечна претплата од 9,99 долари со тоа што не треба да имате напредни хардверски спецификации и може игрите да ги преземате со постара или послаба машина. Иако првичните очекувања беа многу големи, сепак Google Stadia од старт покажува дека има одредени ограничувања, особено лоцирани во бесплатната верзија на стриминг сервисот.

Што нуди бесплатната верзија на Google Stadia?

За повеќето корисници многу поважна ќе биде за почеток бесплатната верзија која би ја тестирале пред да се решат да се обврзат да плаќаат по 9,99 долари месечно за Pro верзијата. Основниот пакет на Google Stadia ќе биде достапен дури следната година, со тоа што се уште нема конкретен временски распоред кога аплкацијата ќе може да се користи според региони, па така претпоставуваме дека ќе треба да ја почекаме подолго време. Во делот на услугата ограничувањата на Google Stadia Base се во тоа што ќе добиете поддршка само од 1080p HD резолуција, 60 fps подршка, како и стерео звук.

Дали се исплати Google Stadia :Pro?

Премиум верзијата Google Stadia Pro која како што веќе наведовме ќе чини 9,99 долари месечно ви овозможува поддршка за 4K HD резолуција, 60 fps, сараунд звук 5.1, редовен пристап до бесплатни игри како и специјални попусти за купување на нови видео игри. Предноста на сервисот Google Stadia Pro е што потребна ви е само минимална интернет конекција од 5 Mbps за да имате врвно гејминг искуство, односно не ви е потребен скап смартфон или скап персонален гејмерски компјутер или лаптоп. Google Stadia Pro стартува во ноември оваа година и ќе биде достапна во десетина земји од големите пазари, а потоа очекуваме пласман и во помали држави како Македонија.



Гејмерите од старт ќе имаат пристап до над 30 видео игри меѓу кои хитови како Dragon Ball Xenoverse 2, Doom Eternal, Doom (2016), Rage 2, The Elder Scrolls Online, Wolfenstein: Youngblood, Destiny 2, Get Packed, Grid, Metro Exodus, Thumper, Farming Simulator 19, Baldur’s Gate III, Power Rangers: Battle for the Grid, Football Manager, Samurai Shodown, Final Fantasy XV, Tomb Raider: Definitive Edition, Rise of the Tomb Raider, Shadow of the Tomb Raider, NBA 2K, Borderlands 3, Gylt, Mortal Kombat 11, Darksiders Genesis, Assassin’s Creed: Odyssey, Just Dance, Tom Clancy’s Ghost Recon: Breakpoint, Tom Clancy’s The Division 2, Trials Rising, и The Crew.


Тие што ќе сакаат од старт да добијат пристап до Google Stadia ќе може да го купат пакетот за основачи кој чини 129 долари, а во него е вклучен специјално изработениот контролер Stadia кој ако го купите посебно чини 69 долари. Исто така во пакетот е вклучена Destiny 2: The Collection играта, три месеци бесплатна претплата на Stadia Pro, потоа Chromecast Ultra конектор, како и подарок за ваш пријател и тој да добие пристап до Stadia Pro за наредните три месеци бесплатно.



Дали ќе играте?

Google Stadia има доволно предности бидејќи во денешно време кога графичките карти стануваат се поскапи на многу гејмери им е се потешко да останат во чекор за пристап до AAA насловите. Таа разлика сега со Google Stadia може да биде намалена бидејќи вложувате само во хардверот, а добивате гејм-лаунчер кој треба да се потруди постојано да ви дава пристап до бесплатни и игри на попуст како што тоа го прави на пример Steam. Што мислите вие за Google Stadia?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm