Трикови за користење на Safari со iPhonе и iPad

Објавено на 30.06.2019 во Рецензија


Трикови за користење на Safari со iPhonе и iPad

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Поедноставна употреба и олеснето користење на Safari;
- Зголемено задоволство и намалено време;

 

Negatives:



Целата рецензија

Понекогаш се изненадуваме колку нешта не знаеме за апликациите што секојдневно ги користиме – се навикнуваме на одредени опции и често не истражуваме какви дополнителни можности имаат програмите и дали постојат опции што може да ни го олеснат и забрзаат секојдневното користење.

Објавувме некои трикови, односно опции што не се толку познати за мобилниот прелистувач од интернет страниците на Safari, посветени на љубителите и корисниците на Apple уредите. Прелистувачот е инсталиран на сите iPhone и iPad модели. Ова се некои од помалку познатите, но исклучително корисни опции на Safari:

Затварање на повеќе табови одеднаш – не е реткост дека корисниците имаат отворени по стотици табови одеднаш и кога ќе посакате да ги затворите, дел од нив мислат дека мора исто толку пати да кликнете на "X" на страницата за да ги затворите еден по еден. Постои многу поедноставно и брзо решение, а тоа е затварање на сите страници одеднаш. Доволно е само во долниот десен агол да притиснете и малку подолго да ја држите иконката на која се прикажани два квадрата и ќе се појават неколку опции, меѓу кои се наоѓа и опцијата за затварање на сите отворени картички.

Отворете неодамна затворени табови – ако сакате повторно да отворите неодамна затворени модели , потребно е после кликот на иконката со два квадрата, малку подолго да го држите прстот на опцијата "+" која се наоѓа на средината на дното на самиот екран и ќе се прикаже на списокот на страници што неодамна сте ги затвориле.

Пребарување на отворени табови – ако имате отворени стотици табови, а барате одредена страница, постои опција на пребарување на отворени табови, што ќе ви ја олесни работата. Потребно е повторно да кликнете на иконката со квадрати и кога ќе се покажат отворените табови, одите на врвот на екранот, кадешто се наоѓа лентата за пребарување на картички.

Затворете само одредени табови – после лентата за пребарување на табови може да ги пронајдете табовите што ги баравте со долго притискање на "поништо" покрај таа лента, може да ги затворите само табовите што ги пребарувавте.

Пронаоѓање на текст на страницата – кога имате отворена страница, а сакате да пронајдете одреден текст на неа, на врвот на страницата во прелистувачот внесете го тој текст или само негов дел и кога ќе се отворат резултатите од пребарувањето, на самото дно се наоѓа опцијата „на оваа страница“ – со клик на неа, ќе можете да ги пребарувате резултатите поврзани со тие зборови на порано отворената страница.

Затворете ги табовите на другите уреди – ако имате повеќе уреди и користите iCloud со опција за синхронизација на Safari, кликнете ги двата квадрата и скролајте до дното – тука ќе се појави список со отворени табови на други уреди што може едноставно да ги затворите.

Отварање страници за десктоп компјутери – ако наместо мобилните, погледнете верзија за страници за десктоп компјутери, задржете со притискањето на опцијата за освежување на страниците, која се наоѓа на горниот десен дел од екранот и ќе ви се отвори опцијата за отварање на компјутерски верзии од страниците.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm