BlackBerry Bold 9900

Објавено на 27.09.2011 во Рецензија



BlackBerry Bold 9900

Вовед

Скроз нов OS, побрз, фејслифтинг и дисплеј со висока резолуција, со тоа се изводјува најновиот смартфон од толпата. Нема повеќе ништо од старата и неефикасна „цигла“.BlackBerry Bold Touch 9900 е посилен, побрз и подобар.

Предности:
•    Подобра заштита на емаил и податоци
•    2.8 инлен TFT дисплеј со VGA резолуција (640 x 480 пиксели)
•    QWERTY тастатура
•    Quad-band GSM поддршка и quad-band 3G со HSDPA
•    NFC технологија
•    GPS приемник и BlackBerry мапи, дигитален компас
•    Камера со 5 мегапиксели и автофокус
•    HD видо, 720p@30fps
•    Процесор QC8655 на 1.2GHz
•    768MB RAM меморија
•    8GB of inbuilt storage
•    BlackBerry OS v7
•    Trackpad
•    Слот за microSD мемориска картилка (до 16GB)
•    Поддршка за DivX и XviD
•    Уредник на Office документи
•    3.5 мм аудио приклучок
•    Паметно бирање
•    Компактен, цврст и квалитетен дизајн

Недостатоци:

•    Апликацијата на камерата има застарен изглед, а и авофокусот не работи како што треба секогаш
•    Нема втора камера за видео повици
•    Нема поддршка за Flash
•    Нема FM радио


Дизајн и градба

Додадениот екран на допир е главна новина кај BlackBerry Bold Touch 9900. Но, нека не ве излаже изгледот. Тоа е типичен BlackBerry messenger, елегантен и стандардно професионален дизајн.

Предниот дел изгледа подеднакво поделен помеѓу 2,8 инчниот екран на допир и копчињата за навигација заедно со QWERTY тастатурата. Задниот дел е изненадување, односно она на што многумина не се навикнати. Рабовите се нежно заболени и ќе забележите нежна гумена подлога, што го прави пријатен за држење.


Одлична тастатура и дисплеј

Со нивната големина и цврстина, копчињата за повик и навигација без проблем се користат. За да нема сомнежи BlackBerry Bold Touch 9900 ни дава добар 2,8 инчен TFT дисплеј. Тој е успешно отпорен на сончева рефлексија, аглите на гледање се добро совладани, а сликата е кристално јасна.

Веднаш под екранот се наоѓа QWERTY тастатурата која е крајно удобна. Копчињата се релативно помеки од другите модели на Bold, што ви овозможува брзина при користење. Тие се мали, но ергономични и со вистинска форма која нуди добра навигација – иако на корисниците со големи прсти може да им треба малку повеќе време да се навикнат.

Остатокот од контролите

Околу тракпадот има четири контроли: вообичаените две копчиња за повик, пплус копчињата Мени и Назад. Иако имате екран на допир, сепак тракпадот и понатаму си ја задржува својата функционалност, особено кога пребарувате на интернет.

На врвот се наоѓаат сензорот за близина и звучникот, како и копчето за заклучување.Левата страна е задолжена за поврзување, со 3,5 мм аудио приклучок и стандардниот microUSB порт. На десната страна се наоѓаат стандардните копчиња за контрола на звукот и едно копче за пристап до камерата, но можете да сликате и со самиот тракпад.
Копче за пауза (mute) е поставена помеѓу копчињата за контрола на звукот. Од задната страна ќе ја сретнеме камерата со влиц која е главна атракција назад. Под сè ова е Li-Po батерија од 1230 mAh за која производителот ветува 307 часови во мирување или 6 часа и 30 минути на постојан разговор.



BlackBerry OS 7 – тракпад v.s. екран на допир

Бројот 7 е последната надградба на оперативниот систем пред да премине на QNX. OS 7 носи малку новини (како NFC и HD видео снимање) и се фокусира врз функционалноста.
Новата платформа се базира врз процесорот од 1.2 GHz и моќниот графички хардвер. BlackBerry OS 7 се обидува да изгледа како Tablet OS кој се базира врз QNX.
Иконите на UI треба да го емитираат PlayBook, но остатокот е горе-долу тој.


Стандарден музички плеар

RIM ја освежиле иконатѕ за музичкиот плеер, но само и на тоа останале. Се работи за истиот конзервативен изглед уште од BlackBerry OS 5. Присутно е брзо пребарување на траки и автоматско сортирање по изведувач, албум и жарн, а поддржани се и плејлистите.

Одличен музички плеер

Сепак, за среќа не го направиле истото со видео плеерот, што и би било огромна штета. Bold Touch 9900 во овој сегмент, одлично си ја врши работата. Тој поддржува едно чудо формати како DivX, XviD, H.264/MPEG-4 и WMV видеа до резолуција од 720p.
Ова е и повеќе од доволно за повеќето корисници на BlackBerry кои пред сè тука бараат бизнис функционалност, а не мултимедија.

Камера со 5 мегапиксели и фиксен фокус

BlackBerry Bold Touch 9900 доаѓа со камерта од 5 мегапиксели, која засега е најмоќна кај смартфоните на RIM. За жал, и тука нема некои промени во интерфејсот на апликацијата, што значи сè уште доаѓа со стариот и досаден изглед.
Земајќи предвид дека сликате во хоризонтална положба, сликањето е малку незгодно со копчето посветено на камерата, но секогаш може да го користите виртуелното копче или тракпадот.
Квалитетот на сликите е просечен, деталите се добри како и контрастот.

Успешно снимање на HD видео клипови

BlackBerry Bold Touch 9900 е меѓу првите телефони од компанијата кој доаѓа со можност за HD видео снимање. Тој може да снима видеа при резолуција од 1280 x 720 пиксели при 30 fps. Квалитетот на видеата е одличен.

Организаторот има сè

Блекбери и не би бил бизнис телефон доколку не ги врши основните „офис“ работи. Затоа тој доаѓа со Quick Office пакет кој поддржува неколку видови на документи како Word, Excel, Power Point и PDF формати. Во овој пакет исто се вклучени и калкулатор, конвертер, диктафон, бележник и други помошни апликации, а од нив вреди да се спомене апликацијата за чување на шифри (и таа се шифрира).

За крај

Искрено, за голема пофлаба кај RIM е тоа што навистина за прв пат вистински ги слушнаа барањата на нивните клиенти и обратиле малку внимание и на мултимедијата. Иако тоа не е главна намена на телефонот, сепак поддршката за разни видео формати и камерата од 5 мегапиксели се навистина голем плус.
Тука не треба да се изостави и екранот на допир, кој иако мал, во комбинација со тракпадот навистина функционира беспрекорно.

Бизнис корисниците повторно ќе бидат задоволни, бидејќи главнот фокус е повторно на нив. Тоа се докажува со одличната и удобна тастатура, јасната слика на екранот и поддршката за безброј Office формати, како и со големиот број на апликации во организаторот.

Со BlackBerry Bold 9900, RIM покажуваат дека сè уште не се откажуваат од него и покрај гласините дека компанијата има сериозни проблеми и постојано тоне во финансиката лава.






Прочитајте повеќе: