Што ќе нуди личниот сеф на Microsoft OneDrive?

Објавено на 10.07.2019 во Рецензија


Што ќе нуди личниот сеф на Microsoft OneDrive?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Зголемена дополнителн заштита на личните податоци

 

Negatives:

 

- Достапно само з претплатници на Office 365



Целата рецензија

OneDrive како cloud сервис на Microsoft за складирање на податоци добива нова интересна функција која сигурно ќе им се допадне на тие кои сакаат нивните сензитивни податоци да бидат дополнително заштитени.

Преку OneDrive сервисот сега корисниците ќе имаат пристап до нова услуга наречена Personal Vault. Овој нов личен сеф ќе биде одвоен од главниот виртуелен диск на податоци. Во него ќе може да ги сместите вашите фајлови, документи и информации кои се најчуствителни, на пример лозинки, детали за платежни картички, лични фотографии и друг вид на материјал кој сакате дополнително да биде ставен под заштита.

Личниот сеф на OneDrive покрај потребата од корисничко име и лозинка ќе се отвора и со дополнителна потврда на идентитетот на корисникот, на пример со употреба на биометриски податоци. 

Тоа значи дека за да пристапите до содржините во личниот сеф ќе треба да употребите скенер за отпечатоци на прсти или скенирање на ликот или рожницата од окото во зависност од тоа какви сензори има вашиот уред. Личниот сеф е наменет пред се за корисниците на смартфони бидејќи токму новите модели располагаат со повеќе видови на биометриски сензори.

Personal Vault опцијата е достапна за тие кои се претплатници на Microsoft Office 365 пакетот за кој се плаќа месечна претплата и не влегува во основниот бесплатен пакет на OneDrive сервисот.

За почеток новата опција Personal Vault е достапна во земји како САД, Канада и Австралија, а до крајот на годината ќе биде достапна на глобално ниво за сите корисници.

Идејата на Microsoft е да го засили степенот на безбедност на OneDrive од можни хакерски напади и злоупотреби, и истовремено да понуди услуга која конкурентите како Google Drive и iCloud ја немаат.

За корисниците се препорачува освен да прават постојано бекап на податоците преку клауд сервиси да имаат и офлајн бекап во надворешен хард диск.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm