HTC Amaze 4G

Објавено на 24.10.2011 во Рецензија



HTC Amaze 4G

Што ви треба повеќе ако веќе го имате Sensation? Ако вие сте HTC, тогаш веројатно на телефонот ќе му дадете малку поинаква шасија, малку ќе го „појачате“ тонот (читај брзината) и ќе додадете малку оптичка магија – и веќе го имате новиот хит на пазарот - Amaze 4G.
 
Главни карактеристики:
 
·         OS: Android OS, v2.3.4 (Gingerbread)
·         Димензии: 130 x 65.6 x 11.8 мм и тежина од 172.9 г.
·         Дисплеј: 4,3 инчен S-LCD дисплеј
·         Процесор: дво-јадрен Qualcomm Snapdragon S3 процесор на 1,5 GHz
·         Меморија: 1 GB RAM меморија и 16GB внатрешна меморија
·         Камера: Главна камера од 8 мегапиксели (3264 x 2448 пиксели), автофокус, блиц – предна камера од 2 мегапиксели
·         Друго: Стерео FM радио со RDS, поддршка за NFC, дигитален компас, TV-out, Google Search, Maps, Gmail
·         Батерија: литиум-јонска батерија од  1730 mAh



Хардвер и дизајн
 
Нема сомнеж дека на прв поглед, телефонот ќе ве изненади. Amaze 4G доаѓа со мотото „потенко е подобро“ како некои негови конкуренти од типот на Samsung Galaxy S II варијантите, односно димензии 5.1 x 2.58, 11.7мм дебелина и тежина 170 грама. Со сличен 4,3 инчен qHD super LCD дисполеј, телефонот продолжува токму таму каде што застана Sensation.
 
Во долниот дел на телефонот се сместени микрофонот и копчето за отворање на маската. На врвот се наоѓаат стандардниот 3,5 мм аудио приклучок и копчето за вклучување, додека копчњита за звукот и копчето за пристап до камерата ќе ги сретнете на десната страна. Од лево се наоѓа само micro-USB портот.
 
Од предната страна на дисплејот (кој нуди резолуција од 960 x 540 пиксели) се наоѓа камерата од 2 мегапиксели и сензорот за близина. Но, за вистинско фотографирање имате на располагање камера од 8 мегапиксели со блиц која се наоѓа од задната страна на смартфонот.
 
Во внатрешноста на телефонот се наоѓаат слотот за SIM картичка придружуван од батеријата од 1,730mAh.. Телефонот доаѓа со 16GB внатрешна меморија, но ако тоа вие малку можете да го искористите слотот за microSD мемориска картичка.


 
Перформанси и батерија
 
Батеријата се полни за три часа, но и се празни за исто толку време. Имено според тестовите, батеријата навистина има краток рок на траење од само неколку часови и тоа од мало до средно оптеретување – односно со уклучен Facebook, Google Readerи синхронизација на два емаил акаунти.
 
Инаку телефонот доаѓа со дво-јадрен Snapdragon процесор кој работи на 1.5GHz. Иако за најобични операции телефонот работи само со едно јадро и нема да забележите кој знае каква брзина во однос на другите телефони, сепак магијата доаѓа кога работите со неколку апликации одеднаш - multi-tasking.
 
Софтвер
 
Под софтвер подразбираме Android – верзија 2.3.4 поточно – но, благодарение на интерфејсот Sense 3.0 нема ниту да забележите дека станува збор за стандарден Android, а тоа сè е убаво вклопено да работи во комбинација со 1GB RAM меморијата и дво-јадрениот Snapdragon S3 процесор.
 


Сите операции и анимации на основниот екран одат како подмачкани, а истото важи и за веб-страните со вградениот пребарувач кој без проблем се спраувува со Flash и други плагини.


 
Бидејќи овој смартфон е во соработка со T-mobile, телефонот доаѓа со неколку познати инсталирани апликации како Adobe Reader, Lookout Security, Polaris Office и Qik Video Chat.
 
Камера
 
Точно дека една од главните намени на HTCAmaze 4G е да сурфате со големи брзини на интернет, но вистинскиот „бисер“ се крие зад камерата. Amaze 4G ја позајмува истата камера од myTouch 4G Slide, која и тука се покажува навистина добро.

 
 
Со новите 3,69 мм леќи и разните сцени за сликање нема ниту да помислите да допрете дигитален апарат. Сликите се неверојатно добри па дури и оние кога направени кога едвај имало светлина. Особено внимание заслужува авто-фокус опцијата која многу успешно си ја врши работат.
 
Истата камера снима и full HD видео клипови со резолуција од 1080p кои се одликуваат со добар контрас и јасни детали.
 
Инаку фотограгирањето и снимањето видео клипови се прават лесно и едноставно. Само притисне на средина од екранот или специјалното копче за камерата и софтверот без забавување ќе си го направи своето.


 
Заклучок
 
И? Дали овој нов телефон од HTC се покажа во најдобро светло и што мислиме за него? Значи, се работи за навистинса прво-класен телефон (не дека од HTCи се очекува друго) кој се покажува во неколку области.
 
На секојдневен план Amaze е нешто како мини-лаптоп во џеб. Нуди толку многу опции, толку многу добри фотографии и толку многу брзина. Но, да бидеме искрени, исто така, и толку многу и брзо ви ја троши батеријата – нешто што е навистина послаба страна кај овој телефон.  Се разбира, можете слободно да ја намалите светлината на екранот, без многу анимации, да не прави автоматски проверки на повеќето сервиси – ама и тоа нема многу да ве спаси. Исто така, не е јасно зошто Kорејците не ја имплементирале аудио технологијата Beats која веќе е присутна кај неколку модели на HTC.
 
Како и да е, ако сте корисник кој троши многу батерија на зборување и разни други функции веројатно сте веќе навикнати на секојдневното полнење – иако во овој случај тоа може да биде на неколку часови. Од друга страна, сите овие функции и машинерија треба некој да ги напојува нели.
 
Затоа на вас останува да пресудите дали краткотрајноста на батеријата ќе ве спречи да ги видите убавините на HTC Amaze 4G.
 
 Владимир Ѓуров





Прочитајте повеќе: