HTC Sensation XE: Продолжена верзија

Објавено на 11.11.2011 во Рецензија



HTC Sensation XE: Продолжена верзија

 

Вовед

Тука нема некои ударни вести, повеќе е „приказна“ во тек. Sensation XE е најновото „чедо“ на HTC кој ви овозможува повторно да ја почувствувате магијата на „Корејците“ со Android. Тука се работи за луксузно издание за аудиофилите со плус силни перформанси.

Beats Audio е еден од поглавнит елементи кајSensation XE. HTC се здружи соBeats наDr. Dre за видиме што е тоа вистински звук. Затоа телефонот доаѓа со посебен софтвер внатре и огромни слушалку од надвор.
 
Другите работи се чиста моќ Двете јадра на процесорот работат на 1.5 GHz, а батеријата брои 1730 mAh. Телефонот доаѓа со уште многу перфоманси и можности, а нив можете да ги дознаете во продолжение.
 
Предности
 
·         Quad-band GSM и dual-band 3G поддршка
·         4.3 инчен LCD екран на допир со qHD резолуција (540 x 960 пиксели)
·         Android OS v2.3 Gingerbread со HTC Sense 3.0
·         Дво-јадрен Qualcomm Snapdragon MSM8260 процесор на 1.5 GHz
·         768 MB RAM и 1 GB простор за апликации
·         Beats audio и Monster ibeats слушалки
·         Камера од 8 мегапиксели со автофокус, препознавање на лица и геотагирање
·         Снимање видео клипови од 1080p и 720p при 30fps
·         Wi-Fi b/g/n
·         GPS со A-GPS
·         FM радио со RDS
·         Слот за microSD мемориска картичка до 32GB
·         Accelerometer и proximity сензори
·         Предна камера за видео повици
·         3.5 мм аудио приклучок
·         microUSB приклучок (плус полнење) и Bluetooth v3.0
·         MHL TV-out
·         Паметно и гласовно бирање
·         Поддршка за видео форматите DivX/XviD
·         Многу брзо вклучување на телефонот
·         Уредник на Office документи
 
Недостатоци
 
·         Понекогаш има лош прием и лоша Wi-Fi конекција
·         Екранот не се гледа најдобро во надворешна средина
·         Камерата не е ништо посебно и нема специјално копче за неа
·         microSD е под батеријата (значи прво ќе треба да ја отстраните батеријата)


 
Дизајн
 
Sensation XE доаѓа со познатиот 4.3 S-LCD дисплеј, заштитен со Gorilla glass теххнологија . Тоа е оној истиот екран кој го сретнавме кај Sensation. Добро, тоа и не е баш најдобриот екран, особено не во отворена средина, но осветлувањето и боите се добри.
 
Над екранот, на лево се наоѓаат сите сензори, а десно е втората VGA камера за видео повици. Под екранот ќе ги најдете четирите познати копчиња: дома, мени, назад и пребарувај.
 
На левата страна од Sensation XE  се наоѓаат microUSB портот и контролите за звукот, при што microUSB портот се користи исто и за полнење. На десната страна нема ништо, иако вие може се надевавте на копче за директен пристап до камерата.
 
На врвот се наоѓаат аудио приклучокот и копчето за вклучување/заклучување, додека на задната страна „живее“ камерата од 8 мегапиксели која за среќа е многу добро заштитена од прашина и гребење. Сепак, една негативна работа кај задната страна е што во неа се наоѓаат приемниците за повици и за бежична мрежа, така што мало поклопување со прстите и ќе загубите речиси целосно прием или интернет.
 
Во внатрешноста на телефонот ќе најдете слотови за microSD картичка и SIM картичка кои се блокирани од батеријата, значи знаете што мора прво да направите за да ги замените нив.
 
Sensation XE доаѓа со батерија од 1730 mAh. За литиум-јонската батерија HTCвели дека издржува 12 денови на мирување и нешто над 9 часа во разговори (малку преамбициозно од нивна страна, ама ајде).


 
Комбиниран интерфејс Sense UI/Gingerbread
 
HTC Sensation XE доаѓа со Android 2.3.4 Gingerbread и третата верзија на HTC Sense.
 
Како прво, браво за новиот екран за заклучување на HTC. Стандардно, има четири кратенки и слушалка на дното. Само ја слушалката кон центарот на екранот и го отклучувате телефонот.  Но, тоа не е сè - HTC Sensation XE доаѓа дури со шест екрани за заклучување до кои можете да дојдете од менито за персонализација.
 
Основниот екран е горе-долу стандард, четири кратенки, времето и позадина. Потоа ќе сретнете фото албум за екранот за заклучување, во кој се наоѓаат фотографија од вашата галерија во 3D изглед.
 
Исто така, на основниот екран имате сè што ви треба. Ја имате апликацијата Friend Stream која ви прикажува новости од вашите пријатели на социјалните мрежи, како и апликацијата за временската прогноза со интересни анимации.


 
HTC Sense доаѓа и со различни теми (HTC proprietary Scenes ) – односно, шест различни основни екрани под избор (работа, патување, дружење, итн) и секоја од нив си носи своја позадина и група на апликации. На пример, темата „работа“ има апликација за берзата, додека темата „дружење“ ги прикажува Facebook и Twitter кратенките – се разбира, сите може да се променат.
 
HTC Sense, исто така, има уште една опција која се вика Skins (кожи-теми). Секоја ваква „кожа“-тема го менува изгледот и бојата на копчињата на екранот, изгледот на апликациите, менито со опции и други работи. Тие исто имаат посебна позадина и користат разлиќни бои за различни елементи.
 
Галеријата е „закон“
 
HTC ја променил галеријата – освен тоа што е променет интерфејсот, сега таа ги листа фотографиите како мали сликичиња. Аплиакцијата Албуми (во склоп на галеријата) автоматски ги лоцира фотографиите и видео-клиповите, каде и да се наоѓаат во телефонот.


 
Споделувањето фотографии кај HTC Sensation XE е многу едноставно – едноставно кликнете на сликата со прстот и изберете го методот за споделување. Тука спаѓа сè, од Bluetooth или емаил до постирање на Facebook и Twitter или да прикачите слики во галерии како Picasa или Flickr. Исто така, можете директно да видео клип фотографија на YouTube.
 
Beats Audio му доаѓа на помош на музичкиот плеер
 
Стандардниот музички плеер ви ги прикажува фотографиите според изведувачот, но лесно можете да преминете на преглед по албуми, сите песни, плејлисти, жанрови, композитори и купени.
 


Паѓачко мени од екранот ви дозволува да преминете од вашата музичка бибилиотека на DLNA мултимедијалните сервери.
 
Sensation XE ја нуди Beats Audio технологија за звукот која е тука да ви го подобри слушањето на музика. Таа се активира во моментот кога ќе ги приклучите огромните слушалки. Нема други присети, само Beats Audio или HTC Enhancer.
 
Камерата е добра, ама не е ништо посебно
 
HTC Sensation XE доаѓа со камера од 8 мегапиксели која праци фотографии со резолуција од 3264 x 2448 пиксели и снима видео клипови од 1080p при 30fps.
 
Квалитетот на фотографиите не е лош, но не е кој знае што. Така што ако не ви требаат сите 8 мегапиксели кај фотографија (значи нешто како за на Facebook), тогаш резултатите се прифатливи.
 
Интерфејсот за камерата добро организиран. Повеќето од контролите се наоѓаат на десната страна од екранот, додека виртуелното копче за фотографирање се наоѓа на средина од екранот. На левата страна има лента за зумирање.
 
Апликации
 
eBooks
 
Оваа апликација служи за читање на електронски книги (а замислете колку е убаво да читате книги кога ќе го поставите телефонот во хоризонтална положба) и таа доаѓа од Kobo. Веќе имате некои книги на располагање, а други може да преземете од Kobo’s eBook store (но и во продавницата има бесплатни книги).
 


Најинтересното кај апликацијата е што таа нуди четири присети за бојата на фонтот/бојата на позадината, така што можете максимално да си го прилагодите читањето. Стандардни бои се црна и бела, но има и светло портокалова и светло жолта.
 
Android Market
 
Апликацијата за пристап до пазарот на Android доживеала некои промени. Сега имате табови за „скролање“ за подобар преглед: по категории, по највисоко рангирани, по најдобри слободни исл. Оваа организација потестува малку на App Store од Apple.
 
За да си го олесните пребарувањето, можете да видите накои апликации/игри коментирале вашите пријатели, што е одличен начин за пребарување на препорачани апликации.
 
Google Maps и HTC Locations за навигација
 
HTC Sensation XE има вграден GPS приемник, кој пронаоѓа сателите за помалку од две минути.
 
Google Maps е стандарден дел од Android паектот и нуди гласовна навгигација во одредени земји.  


 
HTC Sensation XE aисто така доаѓа и со HTC Places, апликација развиена во соработка со TomTom (компанија за софтвер за навигација) и Route66 (која ги дава мапите).
 
Со HTC Locations можете безсплатно да преземате мапи. Најинтересното тука е што оваа апликација може да ви го пресмета патот дури и кога сте не се конектирани на интернет.
 
Заклучок
 
HTC тука завршиле голема работа. Телефонот се базира на основниот Sensation  модел, но доаѓа со голем број новини и подобрувања, но од друга страна компанијата пак не сака да го направи основниот модел далечно минато.
 
Иако, се работи за речиси ист дисплеј, и малку подобар процесор од претходниот, сепак нека не ве бунат перформансите. Sensation XE е побрз од сите претходници, а има и поголема батерија.
 


Сепак, не е сè така розово. Тука е губењето на прием и конекција, како и не толку добрата камера. Но, комбинираниот графички интерфејс кој носи еден куп новини и неизоставниот Beat Audioза секунда ќе ве натераат да заборавите на тие малку недостатоци.
 
Од наша гледна точка, корисниците и љубители наHTC може да бираат помеѓу минимално поевтиниот претходен модел, но во тој случај добиваат многу помалку новини, перформанси и уживање или да го одберат HTC Sensation XE и да видат и почувствуваат како изгледа еден модерен телефон.
 
Владимир Ѓуров





Прочитајте повеќе: