HTC Titan - (не)оправдана големина

Објавено на 18.11.2011 во Рецензија



HTC Titan - (не)оправдана големина

Вовед
 
HTC Titan е еден од тие телефони каде неговото име речиси и да кажува сè за него – тој е голем и страшен смартфон. Толку голем што заедно со Кинескиот ѕид се гледа од вселената. Добро, малку шега не е на одмет.
 
Иако Microsoft е зафатен со еден куп работи во моментов, и тие си имаат свои смартфони, сепак HTC одлучи докрај да го испочитува договорот со Рејмонд и затоа „пресече“ HTC Titan да доаѓа со WP7.
 
Сепак Titan има и нешто Корејско во него, зошто инаку би го правеле HTC.
 
Предности:
 
Масивен 4.7 инчен S-LCD екран на допир со WVGA резолуција (480 x 800 пиксели)
Quad-band GSM/GPRS/EDGE мрежи
Dual-band 3G with HSDPA 14.4 Mbps and HSUPA 5.76Mbps
Windows Phone 7.5 Mango OS
Qualcomm MSM8255 Snapdragon процесор на 1.5GHz, 512MB RAM меморија
Камера со 8 мегапиксели и автофокус
Специјално копче за камерата
Видео клипови 720p @30fps
Скромни 16GB вградена меморија
3.5 мм аудио приклучок
microUSB порт (истовремено и за полнење)
Wi-Fi b/g/n
Bluetooth 2.1
Уредник на Office документи
Интеграција со социјалните мрежи и cloud сервис
A-GPS приемник
Stereo FM радио со RDS
 
Недостатоци:
 
Малку е гломазен
Екранот малку ја растегнува резолуцијата
Не се проширува внатрешната меморија
Мала меморија
Нема поддршка за Flash (ниту Silverlight) во пребарувачот
Нема поддршка за видео форматите DivX/XviD


 
Дизајн
 
S-LCD дисплејот има WVGA резолуција, а не qHD, што HTC во последно време го вградуваат во поновите нивните телефони, можеби ова е бидејќи WP7  не се прилагодува добро на други резолуции.
 
Значи накратко, 4,3 инчниот дисплеј на HTC Sensation XE 4.3 има густина на екранот од 256ppi, додека  Titan што има поголем екран, има густина од само 199ppi. Значи, додека екранот на Sensation XE не е нешто спектакуларно, екранот кај Titan е навистина лош.
 
Над екранот се наоѓа втората камера од 1,3 мегапиксели за видео повици, сензор за близина и светлосен сензор, додека под него се наоѓаат трите копчиња, Назад, Дома и Пребарувај.
 
Копчињата за контрола на звукот и копчето за камерата се на десната страна на HTC Titan – тука треба да се каже дека е корисно што кога сакате да фотографирате нешто, го притискате копчето за камерата и телефонот автоматски се отклучува и ве носи во камерата.
 
Единственото нешто од десната страна на телефонот е MicroUSB портот. Но, затоа пак врвот е преполнет – тука е аудио приклучокот, вториот микрофон и копчето за вклучување/заклучување.
 
На дното се наоѓаат главниот микрофон и местото за отворање на батеријата. Од заднаѕа страна на Titan има камера од „титански“ 8 мегапиксели со блиц и автофокус и Windows Phone логото.
 
Телефонот го напојува 1600 Li-Ion батерија, а веднаш под неа е слотот за SIM картичката. На тестот телефонот, издржа цел ден со повеќето „трошоклии“ уклучени како, Wi-Fi, постојано сурфање на интернет, пуштање видео и апликации. Веројатно ако се намали светлината на екранот и ако не се „чачка“ многу ќе се добие до ден и половина, па можеби и два дена издржливост.

 
Интерфејс
 
Интерфејсот кај HTC Titan е истиот Windows Phone кој го имаме видено кај другите телефони – со тоа што единствена разлика е што кај HTC Titan доаѓа со тема со зелена боја.
 
Интефејсот е јасен и едноставен – ги дава најважните информации како датум, задачи, пропуштени повици, непрочитани емаил пораки и сл. Со влечење на лентата за отклучување, добивате целосен пристап до телефонот.
 
Една од поголемите новости кај WP - 7.5 Mango е multitasking опцијата, иако оваа опција може слободно да се исклучи за да се заштеди батерија.
 
Со отворање на копчето Мени доаѓате до две групи опции – систем и апликации. „Систем“ ги покрива вообичаените опции како звук, боја на темата, Wi-Fi, Bluetooth, Accounts, итн, додека во „Апликации“  доаѓате до опциите за секоја апликација посебно - People , Phone, Maps и др.

 
Галеријата е одлична
 
Полето Pictures е доста разубавено кај Windows Phone Mango. Има ново поле „People“, кое ви овозможува да ги прегледувате сликите по контакти или групи.
 
Главното мени на Pictures нуди четири опции – камера, албуми, датум и луѓе. Преминот со прстот кон лево ве носи до новостите, покажува што има на Facebook.
 
Галеријата нуди добар поглед, додека едноставноста на WP7 ги прави сликите уште појасни.

 
Видео плеер
 
Видео плеерот не препознава .AVI фајлови  – со други зборови не очекувајте DivX или XviD поддршка. Сепак, Zune софтверот ви нуди автоматско претворање во .MP4 формат – значи, пак ќе можете да ги гледате истите клипови и фајлови, но ќе треба малку да бидете трпеливи и да ја почекате конверзијата која ќе трае во зависност од големината на изворниот фајл.
 
Музика + видеа
 
Медија плеерите ќе ги најдете кај полето „Music & Videos“, кое го носи логото на Zune. Кога го стартувате ќе се отвори History кое ви ги прикажува последните два фајла кои сте ги пуштиле, или можете да одите на „целосно мени“ и да пуштите музика или видео плеер, имате поддршка за аудио и видео подкасти, да вклучите радио и сл.
 
Музичкиот дел е составен од албуми, песни, плејлиси, жанрови и изведувачи. Видеото нуди многу од телевизија, до музички плеери, филмови и сл.
 
Добра камера
 
HTC Titan е опремен со камера од 8 мегапиксели – таа користи 28 мм жироко-аголни F2.2 леќи и BSI сензор. Крајниот резултат е максимална резолуција од 3264 x 2448 пиксели. Исто така, има и предна камера од 1,3 мегапиксели за видео повици.
 
Сликите се јасни и чисти, а за тоа најмногу се заслужни споменатите леќи и BSI  сензорот кој го контролира протокот на светлина.
 
Исто така, за пофалба е и интерфејсот на камерата – тој е едноставен и нуди стандардни контроли. Тука мислиме на опција за премин од видео на фотографирање, премин на втората камера, копчиња за зумирање и копче за мени – а најважно, на левата страна е последната направена фотографија.


 
Internet Explorer mobile нема Flash
 
Internet Explorer на Widows Phone доаѓа со најнова надградба и подобрен интефејс, сепак фактот што нема поддршка за Flash плагинот, многу го уназадува.
 
Полето за веб-страните е секогаш видливо кога пребарувате, а тука е новина и тоа што ова поле истовремено служу и како пребарувач на интернет. Веднаш до него е refresh копчето.
 
Друга новина е што новиот пребарувач се потпира на хардверско забрзување за да овозможи одлична графика (и видео), анимации и одлична поддршка за JavaScript.


 
Bing Maps ви го „покажуваат“ патот
 
Bing Maps е една од главните „фори“ кај Windows Phone. Maps се клучен дел од навигацијата, а сега како новина има и бесплатна навигација за возила и пешаци.
 
Добро не е баш целосна гласовна навигација, бара мало ангажирање од ваша страна за тоа при секоја зададена нова рута, но доволно е и тоа. Исто така, достапни се собраќајни информации во реално време.
 
Сепак, не  е само тоа што Maps ќе го направат за вас – тие, исто така, ќе ги лоцираат најблиските интересни работи.
 
Стариот добар Office
 
Office е една од главните бизнис-точки кај Windows Phone. Прегледувањето и урдувањето на документи се целосно интегирани опции во сисстемот.
 
Интеграцијата на Mango SkyDrive тука врши многу работа. Сега документите автоматски се синхронизираат помеѓу вашиот телефон и компјутерот преку SkyDrive. Во случај да не знаете, Microsoft нуди бесплатен простор од 25GB со секој SkyDrive акаунт.
 
Секако, во овој офис пакет, најважни елементи се Word и Excel. Тие го делат истиот панел „документи“, кој ги прикажува сите достапни документи  и за сите е достапно прегледување и уредување. Во ова поле ќе ги најдете и PowerPoint документите – но, тие може само да се гледаат, не и уредуваат.

 
Заклучок
 
Иако HTC го испочитува делот кон Microsoft, па Titan доаѓа со Wp7,5, сепак овој телефон си има своја персоналност и не треба никому ништо да докажува.
 
Затоа HTC си ја докажаа својата поента, а таа не можеше да биде поголема од HTC Titan – уште еден доказ дека Корејците се снаоѓаат во сите сегменти.
 
Како прво, добро е да се види добра камера од HTC која навистина заслужува внимание. Но, сè си има две страни. За жал WP7 сè уште не е оспособен да работи на дво-јадрен процесор, па затоа HTC Titan е „заглавен“ со 1.5GHz што некогаш му влијае на другите сегменти од работата. Плус, тоа не е сè. Меморијата не се проширува (само 16GB простор) – а, најголем минус има ниската резолуција на екранот – повторно и тука можна причина е неприлагодливоста на WP7 на поголеми и различни резолуции.
 
Значи, во моментов смартфоните на HTC со WP7 не се толку добри како телефоните со Android. Sensation XL e Android верзија на Titan. Но, тука зборуваме веќе за дво-јадрени приоцесори, qHD дисплеј и Full HD видео.
 
Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: