Kindle Fire – не е баш така „огнен“

Објавено на 02.12.2011 во Рецензија



Kindle Fire – не е баш така „огнен“

Да расчистиме една работа на почеток. Иако многумина денес на таблетите гледаат како замена за нивните десктоп компјутери, па дури и на таблети, сепак oваа идеја ја не им била прва на листата на Amazon кога го правеле Kindle Fire.

7 инчниот таблет со Android нема да ве зашемети многу со перформанси, но Amazon тоа се труделе да го надоместат со големиот број апликации. А бидејќи сите знаеме дека светот на компанијата се врти околу шопингот, разбирливо, таблетот изобилува, пред сè, со таков софтвер, но и други корисници апликации.
 
Неговите обожаватели во САД очекуваат Kindle Fire да му парира на iPad, иако уште не знам како планира тоа да го направи со просечните перформанси (иако тука е цената од 200 долари или 150 евра), но нема да ви откриеме сè и ќе ве оставиме сами да пресудите за што станува збор.
 
 
Хардвер/дизајн
 
Дизајнот на Kindle Fire е горе-долу стандарден. Amazon не се труделе да променат ама баш ништо во изледот. Значи типичен, црн таблет со екран на допир. Дури на изглед, случајно или намерно, многу личи на BlackBerry PlayBook. 
 
Како и да е, таблетот изгледа цврст и убаво „лежи“ на рака, а истовремено не е многу тежок (413 грама), како на пример iPad 2 (610 грама), иако разликата не е нешто голема.
 
Сепак, првата работа на која сме навикнати да ја гледаме кај повеќето смартфони и таблети денес, а ја нема тука, е присуството на копчињата за регулирање на звукот. Значи само за да го намалите звукот, треба да поминете низ цел куп опции, а знаеме дека тоа знае да биде многу иритантно, особено кога ни се брза. Исто, уште еден голем минус е што таблетот нема копче „дома“ – само едно мало, едвај видливо, копченце на дното кое се користи за „заспивање“ и „будење“ на уредот, ама ни оддалеку не го за менува копчето „дома“ – сигурно нема секогаш кога ќе сакате да излезе од одредена апликација да го ставате таблетот на „слип“.
 
 
Хардвер и дисплеј
 
Fire не е нешто ненормално брз таблет, но искрено има солидни перформанси. Внатре се наоѓа дво-јадрен TI OMAP процесор на 1GHz, 512MB RAM и 8 8GB внатрешна меморија, па тука е и Wi-Fi. Сепак, нема Bluetooth, 3G, или GPS.
Во однос на сензори, има accelerometer, но не и светлосен сензор, значи ништо од опцијата за автоматско осветлување на екранот, што искрено не можам да разберам ако земеме предвид колку корисници има што прва причина поради која го купуваат таблетот е поради читањето.
 
Fire има два стерео звучници поставени на врвот на горната страна од задниот дел. Звукот генерално не е лош, сепак ако сакате почист звук ќе приклучите слушалки на 3,5 мм аудио приклучок. Таблетот се полни и синхронизира преку micro USB порт.
 
Кај Fire нема додавање меморија, така што „осудени“ сте на 8GB меморија од кои реално можете да искористите 6GB - повторно голем минус, таблетот вие е за во движење повеќе, ако сакавме постојан стриминг на музика и видео, не ни треба таблет.
 
LCD дисплејот (со резолуција од 1024 x 600 пиксели) се покажа како солиден за мултимедија, покажува јасни бои и чист текст. Реакција на допирот е доста солидна, иако кај некои апликации откажува послушност, сепак проблемот е до тие апликации.
 
 
Батерија и перформанси
 
Батеријата е голем плус кај Kindle Fire, па дури ги надминува 8-те часови на работа наведени од Amazon. И покрај големите оптеретувања, таа издржа „машки“. Сепак, немаше да биде лошо ако попрецизно знаевте до каде сте со неа, а не само процентуален приказ во менито за опции.
 
Во однос на перформансите, Fire е горе-долу на слично рамниште кога ќе се спореди со неговите врсници со Android. Сепак, амбицијата на Amazon за сопствени апликации и промена на Android довело до тоа во некои области тој малку е да е послаб од неговите конкуренти, но сè е прашање на вкус.
 
 
Софтвер
 
Веќе видовме дека перформансите, не му се силна страна на Fire.  Значи не се работи за „коњски сили“, туку за софтвер и услуги — а тоа е меѓу работите со кој може да се пофали Amazon. Не можете да негирате дека Amazon е асоцијација за музика, книги, филмови, телевизија, но како тоа успеале да го искомбинираат соAndroid?
 
Amazon изјави дека имаат желба да го изменат OS-от на Google колку што е можно повеќе. Значи, тоа не го направиле целосно од корен, но успеале во поголем дел. Сè уште ќе најдете некои основни делови од Android, но сепак системот претрпел големи промени. Први поголеми промени од стандардниот Android се тастатурата (сега има нов изглед и други звуци), областа за известувања (сега се е допир, а не на влечење) и многу други под-менија и изглед за опциите.
 
На секаде има големи промени. За почеток, никаде нема основен екран или видгети. Наместо тоа, Amazon нуди виртуелни полици со две посебни места за вашата содржина. Горното ниво е листа на работи кои сте ги употребувале од неодамна (музика, книги, магазини, апликации и др.). Долното ниво е листа која ви овозможува да си ја организирате омилената листа на апликации. На врвот од основниот екран ќе најдете листа со содржина од типот: новости, книги, музика, видео, документи, апликации и веб, како и поле аза пребарување за полесна навигација.
 
Кога сме кај полесната навигација, Amazon повторно направила добра и клучна промена. Од десната страна екранот, се јавува една лента од каде ќе можете да ги приспособите хардверските работи како звук, светлина и други опции.
 
 
Емаил
 
Верувале или не, на таблетот нема емаил клиент. Има само еден едноставен софтвер со IMAP клиент. Значи нема да ги најдете сите „фенси“ работи кои ги нуди Gmail како архивирање, лента со разговори, „етикети“, но барем има инбокс.
 
Во основа, т.н. емаил клиент работи добро – но, ќе бил подобар ако имал посебна апликација за Gmail.
 
Книги 
 
За среќа, има апликација за читање книги кај Fire и навистина е лесна и одлична за користење. Тука ги имате на располагање основните функции како промена на ширината, големината и бојата на фонтот. Исто така, имате опции за одбележување и пребарување на зборовите.
 
 
Музика и видео
 
Fire е добар при пуштањето на музика и видео, но нема нешто посебно да ве изненади. И двете апликации се јасни и едноставно,  но не изобилуваат со кој знае какви промени, што за многумина ова е добро бидејќи сакаат апликациите само да пуштаат музика или филм и толку – без многу опции.
 
Музиката можете да ја организирате како што сакате, но или само од песните кои ги имате на целиот уред или само Amazon cloud услугата. За жал, не можете истовремено да имате пристап и до двете како едно место. Кога слушате музика имате само една мала лента со контроли и приказ на она што го слушате во моментот – за повеќе контроли во паѓачкото мени.
 
Видео, исто така, има слични опции, при што кога гледате некој клип или филм имате лента со основни функции која при подолго гледање знае да се изгуби. Една „интересна“ работа е што кога го држите таблетот хоризонтално (што и многумина така работат на таблет) не можете никако да гледате видео.
 
Веб-пребарувачот Silk
 
На лансирањето на таблетот, Amazon оосбено го нагласи пребарувачот. Тие велат дека за да се забрза неговата работа, тие во него користат WebKit елементи – што значи дека софтверот поголемиот дел од неговата работа ја извршува преку сервер, наместо преку него, за да се забрза отворањето на страната. Сè ова звучи добро на хартија, но не и во реалноста. 
 
Кога работите на него не се забележува нешто посебна брза работа. Дури iPad 2 и Galaxy Tab 10.1 нудат поголема брзина при сурфање. Исто така, исто како и повеќето пребарувачи кај Gingerbread и Silk страда од лошо„скролање“ и непрецизно зумирање. Барем поддржува повеќе табови при работата.
 
 
Заклучок
 
Иако не сме сигурни кога и дали би го виделе Fire кај нас, сепак треба да размислите не само дали сакате таблет, туку и каков. Да се разбереме една работа. Ако претходно слушавте разни чаршиски муабети и сте читале по форуми дека Fire ќе му конкурира на iPad, сега можете да бидете спокојни. Не може да му се „фати“ на малото прсте. Изгледа дека Amazon се уверени дека Fire ќе биде толку популарен, што ќе им го привлече вниманието на програмерите и дека тие ќе преминат на нивната платформа, а ќе го напуштат основниот Android систем – што, исто така, е скоро невозможно.
 
Но, пред да почнете да судите и споредувате со iPad или Galaxy Tab погледнете ја и цената. За тие пари, 200 долари, навистина добивате добар таблет и добри перформанси. Видете ја цела таа содржина до која имате пристап. Иако на дизајнот и интерфејсот може ќе им дојде добро малку шминкање, сепак нудат добар избор. 
 
Значи не е совршен, но е добар почеток. А и за 200 долари т.е. 150 евра, може ова е и повеќе од доволно.
 
Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: