Nokia Lumia 800: Нови почетоци

Објавено на 05.12.2011 во Рецензија



Nokia Lumia 800: Нови почетоци

Вовед

Nokia 800 имаше чест заедно со Lumia N9 да добијат нов и интересен дијзан. Овој дизајн заедно со другите неколку новини го означуваат новиот почеток на компанијата. А, тоа го потврдува и присуството на Windows Phone.
 
Екранот „загубил“ 0,2 инча и 54 пиксели за да направи место за некои нови контроли. Исто така, во дизајнот ја нема ниту средишно поставената втора камера. Сепак, квалитетот на екранот изледа непроменет – а него го сакаме, особено со AMOLED екран.
 
Што има друго ново? Прочитајте ја рецензијата за еден од најдолго-очекуваните смартфони на денешницава.
 
Предности
 
Поддршка за Quad-band GSM/GPRS/EDGE 
3.7 AMOLED екран на допир со резолуција од 480 x 800 пиксели
Gorilla glass заштита против оштетување
Камера со 8 мегапиксели, автофокус и блиц
Windows Phone 7.5 OS (Mango)
Qualcomm MSM8255 процесор на 1.4GHz  и 512MB RAM меморија
Wi-Fi 802.11 b/g/n
GPS применик со A-GPS и доживотна бесплатна навигација
Дигитален компас
16GB внатрешна меморија
Вграден accelerometer и сензор за близина
Стандарден 3,5 мм аудио приклучок, FM радио со RDS
microUSB приклучок
Bluetooth
Одличен аудио квалитет
 
Недостатоци
 
Дисплејот е малку потемен и нејасен во споредба со N9
Нема Flash или Silverlight поддршка за пребарувачот
Нема USB приклучок
Нема предна камера, а со тоа ниту видео повици
Батеријата не може да се промени
Нема слот за мемориска картичка (ниту пак верзија на телефонот од 64GB, како кај N9)
Нема поддршка за DivX/XviD, туку само конвертирање во Zune
 
 
Дизајн и дисплеј
 
Nokia Lumia 800 лесно ќе го забележите во толпата – поликарбонатен дизајн со уникатна комбинација на остри и заоблени линии кои лесно може да се помеша со Nokia N9.
 
Тој не е најтенкиот смартфон со Windows Phone, но се труди да биде најубав. Доаѓа со димензиите 116.5 x 61.2 x 12.1 мм (токму исто како N9) и тежи 142 г.
 
Gorilla glass слојот ќе се погрижи екранот да нема гребнатинки, а под тој тврд слот се крие поларизиран филтер кој ја намалува рефлексијата и го подобрува квалитетот на екранот. СамиотAMOLED  екран има димензии 3.7 инчна и нуди WVGA резолуција од 480 x 800 пиксели).
 
Под овој екранот ќе најдете три Windows Phone копчиња – назад, мени и пребарај, кои се чувствителни на допир и се осветлуваат кога екранот ќе се активира.
 
На десната страна од телефонот се наоѓаат копчињата за звукот и копчето за вклучување и заклучување. На истата страна се наоѓа и копчето за директно повикување на камерата.
 
На левата страна и долниот дел од телефонот нема апсолутно ништо, додека на врвот се наоѓа приклучокот за слушалки и microSIM и microUSB портовите.
 
Од задната страна, како по обичај, се наоаѓа камерата. Тука таа има 8 мегапиксели, блиц и автофокус. Nokia ветува дека батеријата од 1450mAh ќе издржи 265 часови на мирување или 13 часа на разговор.
 
 
Интерфејс
 
И покрај гласините дека Nokia ќе го модифицира интерфејсот на Windows Phone, сепак нема никакви промени. Интерфејсот е тој што е и нема некои поголеми промени.
 
Допирот на копчето за отклучување го открива екранот за отклучување, кој го покажува моменталното време и датумот. Телефонот доаѓа со Metro 
кориснички интерфејс. Се работи за јасен и едноставен интерфејс.  На самиот екран имате пристап до информации како пропуштени повици, непрочитани емаил и SMS пораки, задачи и други информации без да треба да активирате какви било други дополнителни апликации.
 
Една од поголемите новости кај WP - 7.5 Mango е multitasking опцијата, иако оваа опција може слободно да се исклучи за да се заштеди батерија.
 
Другите опции ги имаме „покриено“ кај HTC Titan, така што можете слободно да прочитате од таму.
 
 
Галеријата е одлична
 
Полето Pictures е доста разубавено кај Windows Phone Mango. Има ново поле „People“, кое ви овозможува да ги прегледувате сликите по контакти или групи.
 
Главното мени на Pictures нуди четири опции – камера, албуми, датум и луѓе. Преминот со прстот кон лево ве носи до новостите, покажува што има на Facebook.
 
Галеријата нуди добар поглед, додека едноставноста на WP7 ги прави сликите уште појасни.
 
Видео плеер
 
Видео плеерот не препознава .AVI фајлови  – со други зборови не очекувајте DivX или XviD поддршка. Сепак, Zune софтверот ви нуди автоматско претворање во .MP4 формат – значи, пак ќе можете да ги гледате истите клипови и фајлови, но ќе треба малку да бидете трпеливи и да ја почекате конверзијата која ќе трае во зависност од големината на изворниот фајл.
 
 
Музика + видеа
 
Медија плеерите ќе ги најдете кај полето „Music & Videos“, кое го носи логото на Zune. Кога го стартувате ќе се отвори History кое ви ги прикажува последните два фајла кои сте ги пуштиле, или можете да одите на „целосно мени“ и да пуштите музика или видео плеер, имате поддршка за аудио и видео подкасти, да вклучите радио и сл.
 
Музичкиот дел е составен од албуми, песни, плејлиси, жанрови и изведувачи. Видеото нуди многу од телевизија, до музички плеери, филмови и сл.
  
Камера со Carl Zeiss оптика импресионира
 
Nokia Lumia 800 has an 8MP camera with a lot to brag about – Деталите на сликите се одлични, иако има мало незабележително бледило. 
 
Интерфејсот на апликацијата за камерата е едноставен – на десната страна се наоѓаат сите основни контроли, додека на левата се наоѓа последната направена фотографија.
 
Исто така, тука се поддржани поголемит број прилагодувања како различни сцени и ефекти, white balance, контраст, сатурација, острина, ISO и многу повеќе. Блицот и фокусот работат одлично, сепак минус е тоа што нема камерата не препознава автоматски лица.
 
 
Bing Maps ви го „покажуваат“ патот
 
Bing Maps е една од главните „фори“ кај Windows Phone. Maps се клучен дел од навигацијата, а сега како новина има и бесплатна навигација за возила и пешаци.
 
Добро не е баш целосна гласовна навигација, бара мало ангажирање од ваша страна за тоа при секоја зададена нова рута, но доволно е и тоа. Исто така, достапни се собраќајни информации во реално време.
 
Сепак, не  е само тоа што Maps ќе го направат за вас – тие, исто така, ќе ги лоцираат најблиските интересни работи. Покрај оваа апликација, на располагање ги имате и стандардните Nokia Maps и Nokia Drive.
 
 
Стариот добар Office
 
Office е една од главните бизнис-точки кај Windows Phone. Прегледувањето и урдувањето на документи се целосно интегирани опции во сисстемот.
 
Интеграцијата на Mango SkyDrive тука врши многу работа. Сега документите автоматски се синхронизираат помеѓу вашиот телефон и компјутерот преку SkyDrive. Во случај да не знаете, Microsoft нуди бесплатен простор од 25GB со секој SkyDrive акаунт.
 
Секако, во овој офис пакет, најважни елементи се Word и Excel. Тие го делат истиот панел „документи“, кој ги прикажува сите достапни документи  и за сите е достапно прегледување и уредување. Во ова поле ќе ги најдете и PowerPoint документите – но, тие може само да се гледаат, не и уредуваат.
 
 
Заклучок
 
Nokia Lumia 800 е доказ дека Финците навистина се помачиле, а резултатот е поделен: многу предности, разубавувања, но и по некое разочарување.
 
Нема што толку да кажеме за овој WP7 – веќе ги имаме видено познатите опции на овој систем. Апликациите како Nokia Drive, може нема да им се допаднат на фановите на Symbian, но тоа светот оди напред.
 
Камерата има многу голем потенцијал – една од најдобрите камери во светот на Windows Phone, а со него доаѓа и квалитетен софтвер за чистење на греши. Заоблениот поликарбонатен дизајн и дисплејот со Gorilla Glass се „заштитни знаци“ на Lumia 800.
 
Да не должиме многу, само ќе наведеме дека ова е еден од најдобрите смартфони со WP7. Но, оставаме на вас да го испробате и да кажете што мислите за него.
 
Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: