Meizu MX - Ајфон мејд ин Чајна

Објавено на 26.12.2011 во Рецензија



Meizu MX - Ајфон мејд ин Чајна

Вовед
 
Да не се лажеме – познато е дека Кинезите се махери за копирање и емитации. Така што, првото нешто што ќе го забележите кај Meizu MX е тоа што „ненормално“ личи на iPhone – намерно или не тоа не навлегуваме. 
 
Но, веќе кога емитирале, би било добро тоа да биде до крај, односно да се потруделе околу перформансите, а не само изгледот. 
 
Од друга страна, Meizu MX доаѓа со Android OS – така што ако ве интересира каков телефон би можело да произлезе од спојот на Android плус дизајнот на iPhone продолжете со читање.

 
Предности
 
Поддршка за Quad-band GSM и tri-band 3G
4.0 ASV LCD екран на допир со резолуција од 640 x 960 пиксели
Android OS v2.3.5 (Flyme OS)
Дво-јадрен Cortex-A9 процесор на 1,4GHz и 1GB RAM меморија
Камера со 8 мегапиксели, автофокус и блиц
Видео клипови од 080p @ 30fps
16 GB внатрешна меморија
Wi-Fi 802.11 b/g/n
GPS применик со A-GPS
microUSB порт (за пренос на податоци и полнење)
Стерео FM радио со RDS
Вграден accelerometer и сензор за близина
Стандарден 3,5 мм аудио
Втора VGA камера
Гласовно бирање
Bluetooth
ЦелоснаFlash поддршка
Богата поддршка за видео и аудио формати

 
Недостатоци
 
Премногу личи на iPhone
Поддржува само microSIM картичка
Лоши агли на гледање за дисплејот
Изработен е од пластика со сомнителен квалитет
Внатрешната меморија е ограничена
Нема специјално копче за камерата
 
Што добивате со пакетот

 
Тука нема некои изненадување Добивате уред, т.е. самиот телефон, почнач со USB порт и microUSB кабел. Исто така, има и microSIM адаптер за употреба на разни SIM картички.
 
Дизајн и дисплеј
 
Meizu MX доаѓа со димензии 121.1 x 63.3 x 10.3 mm, а тежи 139 грама, што горе-долу е исто како Samsung Galaxy S и малку повеќе од iPhone 4/4S.
 
Телефонот е целосно изработен од пластика, за која уште при првиот допир дознавате за што се работи. Екранот е магнет за отисоци. Фактички, се работи за ASV LCD дисплеј кој иако во теорија би требало да дава јасна слика и одлични агли на гледање, во реалноста е многу поразлично, особено за аглите на гледање.
 
Веднаш над овој екран се наоѓаат звучникот, втората камера и разните сензори. Под него станува интересно – средишното копче Дома е мало и округло, а од двете страни е опкружено со две копњиа – лево е копчето Назад, додека десно е копчето Мени. 


 
На левата страна од телефонто се наоѓаат копчињата за контрола на звукот додека на десната страна е доста празно. На врвот, како по обичај, ќе ги најдете аудио приклучокот, копчето за вклучување/заклучување и секундарниот микрофон.
 
А, ако се прашувавте каде се конекторите, тогаш тие се на дното од телеофнот. Тука ќе ги најдете microUSB приклучокот и главниот микрофон. Интересно е за microUSB што истовремено служи и за пренесување на податоци со компјутерот, за полнење и HD TV-Out.
На задниот дел од телефонот се наоѓа камерата од 8 мегапиксели, додека под неа е батеријата од 1600mAh за која сè уште нема податоци за издржливоста.

 
Интерфјес - Android е речиси непрепознатлив
 
Meizu значително го модифицирале системот и сега тој е наречен „Flyme OS“ наместо Android. Сè уште го има Android Market и пушта апликации од таму, но промените одат подлабоко отколку што направија Samsung и HTC со нивните TouchWiz и Sense UI. Еве за што се работи:



Екранот за заклучување си го има стандардниот изглед и лизгач, но, во зависност од тоа што лизгате имате различни функции.
 
После екранот за заклучување, добивате стандарден Android  основен екран. Тука може вметнуваме кратенки фолдери и видети, додека на дното има три поставени кратенки – бирач на броеи, веб-пребарувач и Пораки – кои се видливи на сите основни екрани.
 
Кога сме веќе кај видгетите - Meizu MX  доаѓа со мал број инсталирани видети. Тука е видгетот за пребрување на Google, другите познати функции како Wi-Fi/Bluetooth/GPS, видгет за белешки, календар и временска прогноза.

 
Галерија и пребарувач во едно
 
Meizu MX доаѓа со слична галерија како кај основниот Android OS. Ги става сликите во фолдери, но разликата од стандардната галерија е тоа што таа тука нуди посебни опции за осветлувањето и slideshow. Зголемувањето се прави, како по обичај, со двоен допир.
 
Галеријата, исто така, е во исто време и многу добар пребарувач на фајлови. Ви овозможува да ја пребарувате низ меморијата и на располагање ги имате функциите како copy, paste и delete, а пребарувачот во исто време поддржува преглед и операција со ZIP фајлови.
 
Видео плеерот ги пушта повеќето фајлови
 
Meizu MX доаѓа со посебна видео апликација, но освен што поддржува повеќе видови на фајлови од обичниот плеер, - односно галеријата преку која можете да пуштате видео клипови, - нема некои други значајни промени и обележја.
 
Но, затоа пак плеерот без проблем ги пушта форматите DivX, XviD и H.264 (односно AVI, .MKV и .MP4), а не прави проблем ниту кога се работи за резолуција – видејата од 1080p се пуштаат без проблем. Единствена мана е што не поддржува преводи.

 
Музичкиот плеер како да е изваден од iOS
 
Исто како и видео плеер, и музичкиот плеер може да пушта фајлови само од одреден фолдер – не ја комбинира музиката од повеќе фолдери. 
Meizu MX поддржува и сликичка од албуми, а ако ја нема албумот кој го слушате, сервисот автоматски ќе ви ја пронајде. Исто така, присутен и еквалајзер кој нуди многу присети, но и рачно приспособување на истите.
 
Камерата не е ништо посебно
 
Од хардверска гледна точка, Meizu MX има камера од 8 мегапиксели која нуди максимална резолуција од 3264x2448 пиксели блус блиц.
Корисничкиот интерфејс е едноставен. Трите главни контроли се на десната страна: виртуелно копче за сликање, кратенка до галеријата и копче за менување од камера на видео снимање.
 
Слично како и кај iPhone, копчињата за звукот можете да ги користите за сликање, но подобро немојте бидејќи автофокусот е доста лош, а и копчињата не се многу згодни за притискање.
 
Квалитетот на сликите е просечен. Телефонот добро се снаоѓа кога се работи за боите и деталите, но сенките се премногу истакнати. Сепак, ако не ви треба професионален квалитет, камерата ќе ви излезе во пресрет.
 
Редизајнираниот веб-пребарувач е одличен
 
Веб-пребарувачот има важна улога кај Meizu MX. Корисничниот интерфејс е целосно редизџајниран. Во однос на функционалност, тој е ист како пребарувачот кај сите верзии на Android, така што можете да ги очекувате истите нивоа на компатибилност и брзина.
 
Кога пребарувате, веб-страните ви се отвораат на целиот екран, а ги попречува само лентата со полето за пребарување на врвот од екранот и лентата со контроли на дното. ТУка иамте пристап до основните контроли како „refresh“, нов таб, затвори таб, одбележувачи и повеќе.

 
Скриен прегледувач на Office документи
 
Ако пребарувате низ апликациите на телефонот, нема да најдете прегледувач на документи. Но, ако се обидете да отворите Office документ, во пребарувачот на фајлови, ќе ви се отвори еден. Тој ги подджува форматите .DOC, .XLS и .PPT (Office 2003 и 2007 ) и PDF фајлови.
 
Пребарувачот е многу брз при зумирање и други операции, но не поддржува пребарување во самиот документ.

 
Google Maps
 
Meizu MX доаѓа со GPS приемник кој наоѓа сателити за помалку од една минута. Верзијата на апликацијата е Maps 5.1, но едноставна е надградбата во верзија 6.0.3, што ви дава пристап до многу опции. Една од нив е Offline планирање на патот – т.е. ако скршнете од патот на веќе направена пресметка за рута, Maps ви права нова пресметка беа да бара интернет конекција. На располагање имате и приказ на 3D градби, ротација со два прста и уште многу други опции.

 
Заклучок
 
Тоа што Meizu MX личи на iPhone, а доаѓа со Android, за некои може да биде интересен детањ, но други да ги изнервира – тоа не го очекуваме од Apple, тешко дека тие би се нафатиле да го тужат производителот што краде идеи во многу погледи.
 
Инаку, MX е направен од пластика – што уште на старт ќе одбие многумина. Екранот има доста висока резолуција, јасна слика и добри бои, но лоши агли на гледање.
 
Камерата, исто така, не би се мерела со нејзините конкуренти од 8 мегапиксели кај другите телефони, ни во софтвер, а уште помалку во хардверска поддршка. Но, кога сме кај хардверот, воодушевува безпрекорната работа на процеосорот од 1.4GHz и 1GB RAM меморија.
 
Сè на сè, Meizu MX е модерен смартфон, но од речиси не толку позната компанија. Згора на сè и кинеска – многу народ сè уште немаат верба во оригиналните производи на таа земја. Ако сте и вие еден од нив, можете да се обидете со некои нејзини „конкуренти“ (ако може да се наречат така), како Apple iPhone 4S, Samsung Galaxy S II, HTC Sensation XE или Motorola RAZR XT910.
 
Но, оставаме на вас да одлучите и да ни кажете на следниов линк.
 
Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: