Sony Ericsson Xperia Ray

Објавено на 06.01.2012 во Рецензија



Sony Ericsson Xperia Ray


 
Пред да почнеме мора да знаете дека овој телефон е со мали димензии и е тенок но е уште еден телефон од Sony Ericsson кој е базиран на Android платформа. Бидејки сме навикнати да користиме телефони кои се со големи екрани како на пример Samsung Galaxy S2, HTC Sensation или пак IPhone 4sовој телефон ке дојде малку чудно во раката но иако е мал тој во себе содржи одлични перформанси.

Дизајн

Sony Ericsson Xperia Ray на предната долна страна има 3 копчиња од кој едно физичко Home копче и 2 тач Menu иBack копчиња. На горната страна има предна VGA камера.На горната страна има копче за исклучување/вклучување како и 3.5 mmприклучок за слушалки.На левата страна има Micro USBпорт а додека пак на десната има 2 копчиња за појачување/снижување на гласот. На задната страна го има типичното Sony Ericsson лого како и 8mpHD камера со autofocus и LED блиц.Батеријата е со јачина од 1500Mah.



Интерфејс

Овој телефон е многу интересен за користење најпрво затоа што има 2.3 Gingerbread. Има сличности со другите Xperia телефони но екранот на допир е одличен и одговара дури и на најмалиот допир. Доага со стандардни теми и стандардни позадини кои може да ги сретнете кај Xperia телефоните. Интересно со овој телефон е што го има Timescape кој ви овозможува да бидете во тек со сите новости кои ги има на социјалните мрежи. Но за жал доколку имате многу пријатели на Facebook и на Twitter ке настане еден општ хаос па ке ви биде потребно цел ден за да ги проверувате новостите по социјалните мрежи. Сепак и за ова има решение па доколку не ви се допаѓа можете веднаш да го избришете од вашиот телефон па да додадете нови виџети кои што на вас ви се потребни.



Контакти и јавување 

Xperia Ray е многу лесен телефон за користење кога се работи за контактите и јавувањето. Контактите се лесни за пронаоѓање и кога ке отворите контакт ви се отвараат 3 нови опции:за јавување, пракање порака или едитирање на самиот контакт. Звучникот и микрофонот се сосема добри и даваат јасен звук.
                                                
Праќање пораки

Кога ке сакате да пратите порака ви излегува стандардна тастатура со бројки од 1-9. Но по ваша желба може и тоа да се промени па да ви излезе стандардната Android тастатура. Но ние не би препорачале доколку имате големи прсти.



Интернет

Доколку ви е потребен телефон кој ке ви ја врши и оваа работа тогаш овој телефон е направен за вас бидејки кога се работи за интернет Xperia Ray е супер. Ги отвара страниците за многу брзо време а исто така брзо работи и кога е приклучен на рутерот од компјутерот. Сепак ознаката за сигнал нема да се иполни до крај дури и ако седите на рутерот.
                                                          
Камера

Камерата е многу добра со оглед на тоа дека е 8 mp и исто така автоматски се подесува во зависност од тоа дали е ден, нок итн.Видеото кое што ке го снимате со Xperia Ray е солидно и убаво изгледа.



Заклучок

Xperia Ray е телефон кој што може да се користи за секаква намена. За неговите перформанци како и 1Ghz процесор неговата цена е одлична и за секој кој што сака телефон со појаки перформанси е прифатлив. Камерата и видеото се добри а додека пак пристапот до интернет е одличен, само што ,,животот’’на батеријата е мал па ке мора често да го полните