Samsung Galaxy R vs. LG Optimus 2X

Објавено на 03.02.2012 во Рецензија



Samsung Galaxy R vs. LG Optimus 2X

Вовед
 
Два ѕвера со две јадра. И двата телефони имаат свои фанови, свои предности, но и недостатоци.
 
LG Optimus 2X беше првиот смартфон со дво-јадрен процесор, а по него следува Samsung Galaxy R со сличниот чипсет - NVIDIA Tegra 2. Дури и екраните им се слични: 4 инчен WVGA IPS LCD кај Optimus и 4,2 инчен WVGA SC-LCD за Galaxy R.

 
И двата ги споредивме дури и во камерата  - Optimus 2X има камера од 8МП си снима видеа од 1080p, додека Galaxy R запира на 5МП и ќе мора да се задоволи со 720p.
 
Но, ако ве интересира кои им се всушност најсилни адути на двата смартфони, продолжете со читање:
 
Samsung I9103 Galaxy R пред LG Optimus 2X:
 
Поголем дисплеј: 4.2 инчен vs. 4 инчен 
Потенок е: 9.5mm vs. 10.9mm
Двојно повеќе RAM: 1GB vs. 512MB
Малку подобра батерија
USB On-The-Go 
Bluetooth 3.0 vs. Bluetooth  2.1
 
LG Optimus 2X пред Samsung I9103 Galaxy R:
 
Подобра камера: 8MP vs. 5MP
Подобра видео камера: 1080p vs. 720p
HDMI TV-Out (со кабел во пакетот)
 
Софтвер и Хардвер
 
Samsung Galaxy R е потенок од двта телефони со 9.5mm (Optimus 2X - 10.9mm).
 
LG 2X е минимално помал, иако разликата во висината и ширината кај двата телефони е занемралива. А има и помал екран. R има 4.2 инчен, додека 2X 4 инчен.
 
Што се однесува до тежината, речиси и да нема разлика - 139g vs. 135g. Сепак, интересно е што Samsung Galaxy R тежи помалку и покрај поголемата метална површина од задната страна.

 
Исто така, тој има малку поголема батерока од LG Optimus 2X too - 1650mAh vs. 1500mAh – но, ќе видиме подоцна дали тоа ќе направи каква било разлика.
 
Што се однесува до софтверот, и двата телефони работат на Android 2.3 Gingerbread при што и двата произведувачи ветуваат дека набрзо ќе дојде и Ice Cream Sandwich. 
 
Видео плеерот кај LG Optimus 2X снима видеа од 1080, а Samsung Galaxy R се спротивставува со FullHD видео плејбек.
 
Сепак, LG Optimus 2X има клучна предност - Optimus 2X има microHDMI порт, што овозможува гледање на тие FullHD видеја на HDTV. Дури има и  microHDMI кабел вклучен во самиот пакет кога го купувате телефонот.
 
Galaxy R пак има предност пред Optimus 2X околу жичаното поврзување преку поддршката за USB On-The-Go. Преку него ќе можете да го поврзете телефонот со некој надворешен уред. 
 
Освен овие разлики, двата телефони имаат слични софтверски особини. И двата имаат пребарувачи кои поддржуваат Flash, доаѓаат со Office  уредувачи и друга социјална интеграција.
 
Тешко е да се одбере победник во оваа категорија. Galaxy R е потенок и со поголем екран, но TV-Out-от пак ја менува ситуацијата. MicroHDMI порт кај Optimus 2X ќе ви заштеди многу време.

 
Споредба на екрани
 
LG Optimus 2X и Samsung Galaxy R имааат LCD дисплеи со своја технологија за подобрување на квалитетот на сликата.
 
И кај двата екрани се забележува мало губење на контрастот и боите кога се гледаат од страна, иако Optimus 2X тоа е минимално понагласено.
 
Идентичната резолуција и малку помалите екрани значат дека Optimus 2X е подобар кога се работи за острина. Тука го победува Galaxy R со поголемата густина на пиксели (233ppi vs. 222pp) – сепак тоа не е доволно за да се забележи разлика со голо око.
 
Како заклучок, Samsung Galaxy R има 4.2 инчен екран, што значи една 10% поголема површина од 4 инчниот дисплеј кај LG Optimus 2X. Сепак, тоа значи дека и резолуцијата е дополнително протегната (222 ppi наспроти 233 кај Optimus 2X), но од друга страна, Galaxy R има посветол екран и малку подобри агли на гледање.
 
Споредба на камери
 
Само за потсетување, LG Optimus 2X  доаѓа со камера од 8, додека Samsung Galaxy R со камера од 5 мегапиксели.
 
Да започнеме со хоризонталната резолуција, двата покажуваат слични резултати. Сепак, вертикално гледано, Optimus 2X има поголема предност.
 
 
Споредбата на двете слики од човечко око, открива дека Samsung Galaxy R прави слика со поживи бои.
 
Додека,  Galaxy R нуди поголем квалитет, Optimus 2X во своите слики внесува малку повеќе fine detail. Исто така,  Galaxy R се справува подобро со white balance, отколку Optimus 2X.
 
Споредба на снимање на видеа
 
LG Optimus 2X и неговите FullHD видеа, нудат двојно поголема резолуција од она што нуди Samsung Galaxy R. 
 
Во добро-осветлена средина, LG Optimus 2X има поголема предност во деталите, дури и боите се подобро рендерирани.
 
Дури и во слабо осветлување, LG Optimus 2X има предност пред Galaxy R во одржување на деталите и одржува попрецизни бои.
 
Samsung Galaxy R има еден здодевен недостаток – нема автофокус при снимањето на видеа – не можете да се фокусирате на некој предмет пред да почнете да го снимате, а автофокус немате ни при започнато снимање. Исто така, снима со моно аудио квалитет, но барем прави видео со брзина од 30fps.


исечоци од видео клип
 
Брзината кај видејата на LG Optimus 2X паѓа под 24fps при резолуција од 1080p и се забележува извесно доцнење. Но, при 720p снима 30fps. Тој снима со стерео квалитет, а има и постојано има автофокус.
 
За крај, Opimus 2X е дефинитивно победник во оваа категорија.
 
Батерија
 
Тука се оценија главните категории на „мачење“ на телефоните – веб пребарување и видео плејбек. Galaxy R има дополнителни 150mAh во капацитетот на батеријата.
 
При тест со параметри (пребарување на интернет): поврзани преку Wi-Fi, со освелтување на дисплејот од 50% и автоматски тест за веб пребарување преку интернет го покажа следново:
 
LG Optimus 2X издржа 4 часа и 54 минути, додека Samsung Galaxy R издржа скоро 5 часа и 7 минути – значи се исплаќаат оние дополнителни 150mAh во батетеријата.

 
Заклучок
 
LG Optimus 2X си беше засебен јунак на кој му треба освојување, додека Samsung I9103 Galaxy R беше наменет повеќе како поевтина верзија на Galaxy S II. Нив ги дели речиси пола година од „раѓање“, но и двата покажаа слични особини.
Најголемиот фактор кој прави разлика за многумина ќе биде TV-Out – ако сакате да го приклучите телефонот на телевизор, сепак LG Optimus 2X нуди FullHD плекбек преку HDMI, додека Galaxy R има бежична DLNA опција.
 
Од друга страна, Optimus 2X има подобра камера, не само во бројките (8MP vs. 5MP, 1080p vs. 720p). За 10% поголемиот дисплеј кај Galaxy R е доста посветол од екранот на 2X.
 
Трката продолжува – ако сакате да гледате видеја „у спат“ Samsung нуди поиздржлива батерија, но ако сурфате повеќе отколку што гледате видеја, тогаш LG веројатно ќе ви пружи поголемо задоволство. Потоа, тука се субјективните разлики како изгледот, поголемата можност за модификација на Android, итн – но, тоа се работи на личен вкус.
 
И на крај, сè се сведува на тоа за што го користите вашиот смартфон.
 
Сепак, кажете ни вие што мислите ОВДЕ, кој од овие два телефони е подобар.
 
Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: