Huawei MediaPad – најдоброто од Кина

Објавено на 24.02.2012 во Рецензија



Huawei MediaPad – најдоброто од Кина

Вовед

Huawei во последно време си ги „протегнува“ неговите производните мускули, а една од нивните последни креации е 7 инчниот MediaPad таблет со Android кој добива екран со висока резолуција и алуминиумско тело.

Huawei MediaPad речиси и да не штеди на „состојки“ кога се работи за тоа да им се спротивстави на други 7 инчни таблети во јатото таблети. Добро сега, може ќе беше подобро да имаше Android ICS (без надградба), но барем има екран со WXGA резолуција и густина од 216ppi пиксели, речиси исто како кај Asus Transformer Prime TF700T .

Но, без навестувања повеќе – погледнете што се ви нуди овој кинески „играч“:

Предности

• Тенок е само 10 мм и изработен е од алумиуниум
• 7 инчен IPS екран со WXGA резолуција од 1280 x 800 пиксели
• Дво-јадрен Snapdragon S1 MSM7227A процесор на 1.2GHz и 1GB RAM меморија
• Android 3.2 Honeycomb, се надградува во to 4.0 Ice Cream Sandwich
• Камера од 5 мегапиксели со авто-фокус
• Предна камера од 1,3 мегапиксели
• microUSB port (плус полнење) и Bluetooth
• гласовни повици
• Wi-Fi 802.11 b/g/n
• GPS применик со A-GPS
• microHDMI TV-out
• Стерео FM радио со RDS
• Снимање на HD видео клипови од 720p
• Вграден accelerometer и сензор за близина
• Стандарден 3,5 мм аудио
• 8 GB внатрешна меморија
• microSD мемориска картичка
• Поддршка за Adobe Flash 11
• Поддршка на видео формати DivX/XviD/MKV од 1080p
• Уредувач на Office документи



Недостатоци

• Слаба камера
• Екранот не е отпорен на гребење
• Нема блиц

Со кутијата добивате

Како и речиси со повеќето пакети и тука нема некои кој знае какви изненадувања, така што освен самиот таблет-апарат, добивате USB кабелче, полнач и едно чудо прирачници.

Дизајн и дисплеј

Како што веќе споменавме Huawei MediaPad има одличен екран. Со WXGA резолуција (1280x800 пиксели), екранот има повеќе пиксели од повеќето 7 инчни таблети.

Освен самиот екран, единственото интересно нешто напред е камерата од 1,3 мегапиксели. Нема звучник за разговори, значи ништо од јавувањата, но има обичен звучник.

Долната страна од таблетот е резервирана за microUSB портот (само за пренос на податоци, не и за полнење) и стандарден microHDMI порт.

На врвот ќе се сретнете со аудио приклучокот и стерео звучниците, додека на десната страна се наоѓа копчето за вклучување/заклучување, како и копчињата за контрола на звукот – левата страна од уредот е празна.


  
Главната камера од 5МП се наоѓа врвот од задната страна, додека долниот дел е резервиран за батеријата, која не се отстранува, и портовите за microSD и SIM картичките.
 
Huawei MediaPad го напојува Li-Po батерија од 4100mAh за која производителот ветува 6 часа на активна работа, или 10 дена во мирување. Ова се бројки за во случај да не го допрете таблетот, а ако се одлучите за гледање филмови, на пример, имате на располагање 6 часа или 4 часа и 20 минути за сурфање на интернет.



Истиот Honeycomb  интерфејс

Huawei MediaPad работи на Android 3.2 Honeycomb без никакви промени. Сепак, нема да се пожалиме што Huawei не интеренирал, бидејќи многумина го сакаат интерфејсот на Android без модификации, а тој изгледа вака:



Honeycomb интерфејсот е специјално направен за таблети и ќе послужи како добра основа за Ice Cream Sandwich. Копчињата за навигација се на дното од левиот агол од основниот екран: Назад, Дома и Задачи. Кратенката за пребарување е горе-лево, додека „орманот“ со апликација е горе-десно за на крај, областа со известувања, да ја видиме во долниот десен агол.

За овие известувања има неколку начини за работа - Airplane mode, Wi-Fi, известувања со екран кој автоматски ротира, звук и осветлување.



Треба да се спомене дека трите виртуелни копчиња – назад, дома и менувачот на задачи – се дел од Honeycomb и се наоѓаа најдолу на статус-барот.

Honeycomb галерија

Галеријата кај Huawei MediaPad gallery е горе-долу стандардната апликација што доаѓа со Android, и во поглед на функционалност и на изглед.



Тоа значи дека можете да ги подредувате сликите по албуми, дату, локација или ознака-tag. Исто така, бирате и преглед помеѓу слики и видеа.

Застарен музички плеер

Huawei MediaPad со застарена апликација за музика. Таа ви ги подредува песните по изведувач, албум или плејлиста.



И освен тоа, немате кој знае колку други опции и избор. За среќа имате неколку присети, со приспособувате кон Bass и Treble.

Слаба камера

Huawei MediaPad доаѓа со камера од 5MP и автофокус, што е подобра од повеќето 7 инчни конкуренти, додека предната камера има 1,3 MP и фиксен-фокус.



Сите контроли се десната страна од екранот - white balance ефектите и други опции, додека вирутелното копче за сликање е вос редина. Потоа, тука ви се контролите за „зумирање“, преминот од камера во видео и последната направена фотографија.

Квалитетот на сликата е слаб – премногу „збрчканост“ на сликите и избледени бои (низок контраст) – така што навистина е слаба камерата, дури и за таблет.



Пребарувач како на десктоп-PC

Веб-пребарувачот, како една од поклучните работи кај таблетите, е одличен тука, особено радува фактот што има целосна Flash 11 поддршка, а другите работи се горе-долу подредени како кај пребарувачите на десктоп.

Полињата за адреси и пребарување се вклучени во едно поле – како кај Chrome. Таа лента се крие кога „скролате“ надолу, но табовите остануваат видливи. Уште една работа позајмена од Chrome е тоа што одбележувачите и историјата имаат свој екран-таб.



Интересна особина е тоа што имате брз пристап до контролите за страната (назад, напред, освежи, одбележувачи, итн) со поминување со прстот на десната страна од екранот.

Организатор и моќен уредувач

Yozo Office е главната апликација за прегледување и уредување на office документи кај Huawei MediaPad. Убава опција кај оваа апликација е тоа што кога сакате да креирате нов документ, таа ви нуди неколку обрасци (празен лист, писмо, разни табели, итн).



И самиот уредувач е доста богат – изобилува со разни опции пишување текст,  но и многу видови на табели и разни приспособувања за нив.

Нема потреба, но сепак ќе споменеме, дека поддржани се сите MS Office формати на документи, како и pdf форматот.

Заклучок

Со убавиот изглед и тениот профил, Huawei MediaPad  навистина може да се „мери“ со другите попознати играчи - особено со еден од неговите посилни адути – ниската цена.

За таа цена добивате интересен и квалитет дизајн, плус едно чудо опции – екран со висока резолуција, microHDMI порт и голема процесирачка моќ, а сè тоа е сместено во тело од алуминиум.



Единствен поголем недостаток кој може да им попречи на некои е слабата камера, ама за тоа пак ги имате мобилните телефони и дигиталните апарати – кој ќе слика со таблет.

Според сè ова, Huawei MediaPad и тоа како вреди да се размисли ако сакате да купите таблет – се разбира, штом го „преболите“ фактот дека е чисто кинески производ.

Сепак, таблетот си вреди, а вие кажете ни што мислите за него  - ТУКА.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: