LG Prada 3.0 – бренд, но и перформанси

Објавено на 27.02.2012 во Рецензија



LG Prada 3.0 – бренд, но и перформанси

Вовед

Гледаме во третото продолжение од паретнерството на Prada и LG. Тој нема за цел да биде само уште еден смартфон со Android, па затоа името си го оправдува со неговите извонредни перфроманси.

Се работи за масивен 4,3 инчен NOVA дисплеј, дво-јадрен Cortex-A9 процесор 1GHz и многу RAM меморија. Исто така, камерата од 8 мегапиксели со автофокус и full HD снимање е дополнителен плус за LG Prada.

Што значи навистина има зошто да му завидуваат другите телефони, и во поглед на дизајн и перформанси, но ајде да видиме што нуди друго овој смартфон.

Предности

• Тенок е само 10 мм и изработен е од алумиуниум
• 4,3  IPS LCD дисплеј
• Дво-јадрен процесор на 1GHz и 1GB RAM меморија
• Android OS v2.3.7 Gingerbread
• Камера од 8 мегапиксели со авто-фокус
• microUSB port (плус полнење) и Bluetooth
• гласовни повици
• Wi-Fi 802.11 b/g/n
• GPS применик со A-GPS
• Стерео FM радио со RDS
• Вграден accelerometer и сензор за близина
• Стандарден 3,5 мм аудио
• 8 GB внатрешна меморија
• microSD мемориска картичка
• Google Maps



Недостатоци

• нема најсилен процесор
• копчето за камерата е поставено на необично место



Со кутијата добивате

Prada Phone by LG 3.0 доаѓа во луксузна црна кожена футрола, додека со него доаѓаат обичен USB кабел и фенси полнач. Исто така, тука се и Prada брендираните слушалки.

Дизајн и дисплеј

И повеќе од јасно е дека LG Prada 3.0 е создаден за многу низок круг на луѓе, а со неговиот минималистички, но моќен изглед може да привлече и други љубителите на малите гаџети.

Од напред наидувате на 4,3 инчен дисплеј со резолуција од 480 x 800 пиксели.
Се работи за NOVA дисплеј кој веќе се докажа како одличен и дебитираше кај LG Black.

Веднаш под екранот ќе ги пронајдете четирите стандардни копчиња: Мени, Дома, Назад и Пребарај.

Врвот на LG Prada 3.0 е „најзгужваното“ место. Речиси сите портови и копчиња се наоѓаат тука, од копчето за вклучување/спиење до копчето за сликање – иако воопшто не го очекувавме тука. Меѓу нив ќе го сретнете microUSB портот, додека најлево е аудио приклучокот.

Копчињата за звукот се наоѓаат на левата страна од LG Prada 3.0, додека на десната страна нема апсолутно ништо. Но, затоа камерата од 8 мегапиксели со блиц се наоѓа на задната страна, веднаш над LG логото.

Тука е иронијата. Името Prada означува престиж и луксуз, а задниот поклопец е направен од обична пластика, која не остава добар впечаток. Како и да е, под оваа пластика ќе ја најдете Li-Ion батерија за која добивате време на мирување од 330 часови, или 5 часа на разговори – ова го вели производителот.



Android во црно

Претходните два Prada телефони го користеа интерфејсот на LG, кој секогаш бил во црна боја. Третиот Prada смартфон се базира врз Android 2.3.7 Gingerbread, „облечен“ во рувото на LG. Исто така, не за џабе тој е во црна боја – да одговара на „секси“ изгледот на Prada.



Aко сте запознаени со Android Gingerbread OS, веќе сте „дома“ од самиот почеток – во функционалност и интерфејс нема ништо различно – само по некоја икона, фонтови и позадини со логото на модниот бренд.



Кај галеријата ништо ново

LG Prada 3.0 ја користи стандардната Android галерија. Галеријата автоматски ги лоцира сликите и видејата и ги става во фолдер. Исто така, изобилува со интересни 3D ефекти.

Привлечен музички плеер

Музичкиот плеер го добил истиот црно-бел третман како и интефејсот. Тој го прави вообичаеното пребарување по изведувач или албум – по азбучен ред.



Исто така, тука ќе ги сретнете 3D ефекти, особено кога ќе допрете некој албум и ви се прикажуваат песните по редослед.

Кај овој плеер не е изоставен ниту еквалајзерот, со многу интересни опции - но, за подобро доживување ставете слушалки.

Одлична камера од 8 мегапиксели

LG Prada 3.0 доаѓа со камера од 8 мегапиксели способна за правење слики со резолуција од 3264 x 2448 пиксели. А, има и блиц.



Интерфејсот е многу лесен за користење, и иако личи како едноставен, сепак изобилува со опции ако сте подготвени да прочепкате малку.

Најчудната работа е што копчето за сликање LG го поставиле на врвот од телеофнот, кое не ја активира камерата ако телефонот е заклучен – зошто ли така го направиле тоа. Инаку, виртуелниото копче за сликање е одлично.

Во однос на квалитетот, оваа камера е меѓу најдобрите во својата „лига“. Сликите имаат одличен квалитет, јасни детали, добар контраст и прецизни бои.

Добар пребарувач

Пребарувачот на Android е еден од најдобрите во класата, а доколку го отворите на 4,3 инчниот NOVA диспплеј кај Prada, добивате многу повеќе.



Интерфејсот е минималистички и функционален, на екранот ги добивате само полето за адреси и контролната лента на дното – при што полето за адреси се губи при скролање.

Prada 3.0 поддржува зумирање со двоен допир и со прсти. Текстот и сликите брзо и квалитетно се „освежуваат“ и без проблем се отвораат на цел екран. Целото сурфање е одлично речиси и да нема никакво доцнење – 4,3 инчниот екран одлично си ја врши работата.



Пребарувачот поддржува Flash анимации, така што беаз проблем ќе гледате YouTube видеа, но и Flash игрите не се исклучени.

Организатор на услуга

Te LG Prada 3.0 доаѓа со добар и квалитет уредувач и прегледувач на документи. Се работи за Polaris Office, кој без проблем се справува со најупотребуваните формати како Word, Excel, PowerPoint и PDF формати.



И тоа кога уредувате текст имате едно чудно опции за избор – стил на текст, проред, поместување и што уште не. Или пак кога уредувате Excel документ – имате разни визарди, формули, менување на големина на табели и редови, нивно спојување итн.

Заклучок

Обично модните телефони, не се ништо посебно – сепак, Prada LG 3.0 ќе ве изненади. Независно дали сакате квалитет и луксуз, или дали сте од оние на кои перформансите им се поважни.

Иако, искрено, оние кои би купиле ваков телефон, повеќе ги интересира тоа што ќе имаат квалитетни материјали или кожна футрола, отколку одлични перформанси. Сепак, LG се погрижиле сите да добијат по нешто.

Навистина е интересно, бидејќи кога луѓето ќе го видат Prada брендот, најпрво ќе си речат, сигурно „плаќаме само бренд и слаби перформанси“, но од друга страна тука имате одличен дисплеј и една од најдобрите камери со 8 мегапиксели.



Исто така, сигурно си велите дека телефонот кој знае колку пари би чинел. Но, на општо изненадување, на лансирањето чинеше едвај 500 евра – цена која или ќе остане иста или ќе се намали со текот на времето.

Кој рече дека не можете за помалку пари да добиете квалитет, бренд (и тоа не било кој) и одлични перформанси.

Слободно, пишете ни што мислите за него, ОВДЕ.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: