Sony Ericsson Xperia Active - за над и под вода

Објавено на 02.04.2012 во Рецензија



Sony Ericsson Xperia Active - за над и под вода

Вовед

Sony Ericsson Xperia Active e еден од оние „сè во едно“ телефони кои можат да издржат под вода, прават одлични слики и ве известуваат околу социјалните мрежи.

Телефонот доаѓа со 3 инчен дисплеј со Bravia Engine технологијата на резолуција од 320 x 480 пиксели (да, малку е), како и камера од 5 мегапиксели со блиц.

Но, најголемите адути не му се екранот или перформансите, туку отпорноста на прашина и вода.

ЗА

Екран на допир што работи, дури и кога е воден
Телефонот работи брзо
Брза и корисна камера
Под вода издржува долго време
Батеријата издржува долго

ПРОТИВ

Изгледа малку лесно и пластично
Екран со ниска резолуција
Слаба поддршка за видео форматите



Дизајн и дисплеј

Телефонот е навистина интересен за гледање, со мешавина од метални површина и портокалово пластична лента околу него. Копчињата за контрола на звукот, камерата и копчето за вклучување се наоѓаат во таа портокалова територија, па затоа се малку изгледаат како лабави за притискање.

Екранот се одликува со голема чувствивтелност и никогаш не пропушта допир, плус прозиводителот тврди дека има „следење на водени прсти“ така што слободно можете да го користите и кога ви се водени рацете или под вода.

Инаку на Active нема обични физички копчиња, само три копчиња на допир на дното – Назад, Дома и Мени.

Исто така, во долниот десен агол се наоѓа копче за камерата – се притиска на два пати, првиот пат за фокусот, вториот за сликање, а има и блиц.



Во однос на приклучоци, телефонот има USB и аудио приклучоци, кои се наоѓаат на дното од телефонот, скриени зад гумени поклопци кои ги штитат од вода и прашина.

Во однос на батеријата, техничарите при Sony тврдат дека Xperia Active е одлична за 5,5 часа на постојан разговор и 335 часови во време на мирување.

Интерфејс

Sony Ericsson Xperia Active работи на добро-познатиот Android 2.3.4. Основниот систем е Android како по обичај  -  5 основни екрани преполни со најразлични апликации, видгети и сл.

Ако тоа не ви е доволно простор за апликациите, производителот вметнал мала икона во аголот на екранот, која може да содржи дополнителни четири апликации.



Тука треба да се спомене една нова и интересна софтверска надградба – споделување на Facebook. Кога влечете некоја икона, се појавува мал син таб на врвот од екранот, кој ви дозволува да ја повлечете таа икона во него и да се создаде Facebook статус на вашиот профил со мал линк на таа апликација до Android Market.

Музички плеер

Иако се работи за стандардниот музички плеер за Android, сепак како и кај Xperia Arc S и Xperia Ray, Sony Ericsson додале две социјални копчиња на главниот екран од музичкиот плеер кај Xperia Active – тоа се копчињата „infinite“ и Facebook Like икона.



Во однос на подредување на песните, Active тоа го прави по изведувач, албум и траки, како и плеј листи. А кога сме кај нив, Sony Ericsson автоматски создава листа на најпуштани песни.

Во однос на квалитетот на музика, звучникот е доста гласен и со не толку лош квалитет. А, за да, биде поинтересно сè, тука  е и графичкиот еквалајзер.

Камера

Апликацијата за камерата е слична како кај сите понови телефони на Sony Ericsson. Со Scene Recognition опцијата, телефонот автоматски избира тема од неколкуте присети како Landscape, Portrait, Party, Sports, Beach и Snow.

Камерата покрај овие сцени нуди и дигитално стабилизирање на сликите, плус одбројување до сликање итн. Позитивна особина тука е брзото сликање, без доцнење.



Во однос на квалитет на сликата, камерата навистина изненадува, дури и во помалку осветлена средина каде на телефонот му е потребно малку повеќе време да се фокусира, но сликите се одлични.

Кога направените слики би ги ставиле на десктоп за гледање во реална резолуција ќе забележите послаби детали и мала острина, сепак тоа е надоместено со одличното препознавање на лицата, каде автоматски се отстранува и ефектот на „црвени очи“.

Интернет

Во поглед на сурфањето, искрено не знаеме колку ќе можете „салам“ да сурфате на 3 инчен дисплеј со ниска резолуција.



Текстот е малку како матен и со груби контури во споредба со некои екрани со висока резолуција, но процесорот од 1GHz одлично си ја врши рабхотата. Xperia Active поддржува мулти-тач зголемување со двс прста и зголемување со двоен допир.

Пребарувачот на Xperia Active исто така без проблем се справува со Flash сајтовите, односно разните видеа и анимации.

Заклучок

Sony Ericsson Xperia Active е одличен телефон за сите средини, иако повеќе е наменет за надворешна, особено за лица кои се бават со екстремни спортови.

Телефонот доаѓа со Android 2.3.4 опремен со многу апликации и новости како поддршката за споделување на Facebook. Екранот е доста чувствителен на допир и регира без никакво доцнење, а голем плус е и „чувствителноста на водени прсти“.



Но, телефонот си има и свои недостатоци. 3 инчниот екран со резолуција од 320 x 480 пиксели е навистина е мал за сè друго освен јавување и пишување по некоја СМС порака. Иако телефонот доаѓа со функционален интернет пребарувач и Flash поддршка, сепак се сомневаме дека некој би го користиел за сурфање,

И поддршката за мултимедија, односно видео формати, е доста слаба точка за Xperia Active.

Сепак, за да пресудиме правилно треба да ја погледнеме повторно неговата основна намена – телефон наменет за луѓе кои постојано се на терен или се бават со разни спортови, поекстремни пред сè.

Значи може телефонот не е многу погоден за сурфање или за гледање видеа, но и со неговиот чувствител екран и вистинска отпорност на вода, и тоа како и излегува во пресрет на популацијата на која ѝ е наменет.

Дали вие би го купиле телефонот?

Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov