Nokia Lumia 900 против HTC Titan II

Објавено на 20.04.2012 во Рецензија



Nokia Lumia 900 против HTC Titan II

Вовед

Овој пат ќе ги разгледаме Nokia Lumia 900 и HTC Titan II, како телефони кои доаѓаат од познати производители, но и работат на истиот ОС, односно Windows Phone.

И двата телефони се појавија речиси во исто време, па затоа и целат кон истата корисничка група - ајде да видиме кој од нив заслужува да ја носи титулата победник.

Дизајн

И покрај тоа што ја има типичната форма на HTC, Titan II едноставно ја нема свежината во изгледот, која можеме да ја видиме кај Nokia Lumia 900. И двата телефони се направени од врвен материјал и изгледаат доста цврсто, но сепак Lumia 900 има за нијанса има попрвилечен изглед.

И двата телефони ги имаат сите тие копчиња и портови, од копче за камерата до контроли за звукот, па аудио, microUSB порт и сл, така што во однос на распоредот на копчињата нема што многу да се говори, со тоа што овие копчиња и приклучоци се лесни и функционални кај давата телефони.

Единствена поголема разлика во дизајнот е камерата која кај Titan II брои 16, додека кај Nokia брои „само“ 8 мегапиксели, но за нивната функционалност и квалитет ќе прочитате нешто подоцна.

Дисплеј

За дисплеите има ептен многу да се говори. Но, ќе пробаме да резимираме во кратки цри. Nokia има 4,3 инчен ClearBlack AMOLED дисплеј кој дава одлична слика, благодарение на тоновите на боите, подобрата видливост на отворено и неговата способност да создаде длабока црна боја.

Наспроти него, Titan II има поголем 4,7 инчен S-LCD дисплеј, но може да се пофали само со неговата големина, другото не е ништо посебно.

Инетфејс и функцоналност

Бидејќи и двата телефони доаѓаат со најновата верзија на Windows Phone, version 7.5 (Mango), нема значителни промени во однос на интерфејсот.

Интерфејс Nokia

Сепак треба да споменеме дека HTC Titan II го нуди HTC Hub, што претставува малку посиромашна верзија на HTC Sense интерфејсот кајAndroid. Од друга страна пак, интересното кај Nokia Lumia 900 е тоа што презема апликации специјални за Nokia - како Nokia Drive и Maps. На почетокот може ќе ве воодушеви гласовната навигација кај Nokia Drive, но не заборавајте дека HTC Titan II има пристап до HTC Locations, што претставува неговата GPS апликација.

Интерфејс HTC

Истото може да се каже и за, да речеме, пишувањето пораки. И кај двата телефони ќе ја најдете истата QWERTY виртуелна тастатура, како и копчињата кои исто регираат при типкање.

Процесор и меморија

Бидејќи и двата телефони работат на Windows Phones, не очекувајте кој знае какви разлики во брината на работење. Nokia Lumia 900 работи на едно-јадрен Qualcomm Snapdragon APQ8055 процесор на 1.4GHz, додека HTC Titan II се потпира на едно-јадрениот Qualcomm Snapdragon S2 процесор на 1.5GHz.

Кога се работи за внатрешна меморија, и двата телефони нудат 16GB, односно 13.61GB слободна меморија.

Интернет

И двата телефони го носат епитетот дека се првите Windows Phones телефони на пазарот со 4G LTE технологија, што значи нудат беспрекорна брзина при сурфање, каде без проблем се поддржани и зголемувањето со прсти, брзо се отвора страницата по зголемување или при скролање.

(Горе Интернет пребарувач кај Nokia, долу интернет пребарувач кај HTC)

Од другите опции, и кај двата телефони, присутни се aGPS, Bluetooth, Wi-Fi и можност за mobile hotspot.

Камера

Конечно дојдовме до нешто конкретно кога се работи за разликите. Кога ќе погледнете во истата слика од двата телефони, ќе ја забележите предноста на камерата од 16 (кај HTC) наспроти 8 МП кај (види слика подолу).

Имено, кога се работи за дневни фотографии, за неистренирано око потешко е да се забележат разликите бидејќи и двата телефони прават слика со природни бои и добар контраст. Но, разликата доаѓа кога ќе се обидете да направите слика со помала осветленост, тука се гледа предноста на посилната камера.

(Горната слика е направена со Nokia Lumia 900, додека долната со HTC TItan II каде јасно се гледа предноста на 16 пред 8 МП)

Од друга страна пак, кога се работи за видеја, видео клиповите од 720p кај Nokia Lumia 900 се нешто попријатни за гледање од другиот телефон.

Мултимедија

Нема изненадувања во овој поглед, бидејќи и кај двата телефони шоуто го води Zune. Сепак, внатрешниот звучник на HTC Titan II е попријатен за уво, отколку кај Nokia Lumia 900.

Освен големината на екранот, нема некоја поголема разлика и при гледањето на видео. Се разбира, поубаво е да се гледа на поголемиот дисплеј кај HTC Titan II, но Nokia Lumia 900 има подобра претставеност на боите во овој поглед.

Заклучок

Кога сме веќе на крајот од приказната, единствена работа која уште не ја споменавме е цената. Тука, како и кај повеќето споредби, се жртвува едно за да се добие друго.

Имено, можете да платите сто долари повеќе (барем во САД) и да добиете телефон кој единствено може да се пофали со подобра камера пред неговиот ривал. Но, ако можете да живеете со резултатите на камерата од 8 МП кај Nokia Lumia 900 (што е солидно), тогаш повторно добивате одличен телефон, но заштедувате и 100 долари.

Затоа на вас останува да ни кажете што мислите за двата телефони. Кој од нив е подобар, кажете ни овде.

Владимир Ѓуров





Прочитајте повеќе: