HTC Radar - Mango на радарот

Објавено на 23.04.2012 во Рецензија



HTC Radar - Mango на радарот

Вовед

HTC Radar е помал, поевтин, послаб и, во основа, поублажена верзија на HTC Titan.

Иако HTC во голем дел владееше со Windows Phone, барем во однос на LG и Samsung, сега кога Nokia стана подиректен учесник во таа „игра“, работите ќе се променат.

Затоа е тука HTC Radar - евтино и компактно телефонче кое со својот процесор од 1GHz и WP7.5 Mango нуди функционалност и брзина која не би ја очекувале од вакво евтино телефонче.

Ајде да видиме што друго има да понуди:

Предности

Поддршка за Quad-band GSM и tri-band 3G
4 инчен Super AMOLED екран на допир (резолуција од 480 x 800 пиксели)
Windows Phone 7
Scorpion процесор на 1GHz и 512MB RAM меморија
Главна камера од 5 МП со блиц и автофокус, снимање на видеа од 720p
Wi-Fi 802.11 b/g/n
GPS со A-GPS;
8GB внатрешна меморија
Accelerometer, жироскоп и други сензори
Стандареден 3,5 мм аудио приклучок
Bluetooth v3.0
Поддржани многу видео формати
Уредувач на документи

Недостатоци

Mеморијата не се проширува
Само Zune ви стои на располагање за работење на фајлови
Нема Flash поддршка за пребарувачот
Нема поддршка за видео форматите DivX/XviD



Што добивате со пакетот?

Кога се работи за пропратните аксесоари, нема многу изненадувања. Освен телефонот, добивате и microUSB кабел со полнач кој може да се избади од адаптерот за да се приклучи на компјутер преку USB влез.

Windows Phone сè уште не поддржуваа microSD мемориски картички, па така не очекувајте и тоа да го најдете тука.

Дизајн и дисплеј

3,8 инчниот S-LCD екран нуди стандардна WP WVGA резолуција. Ниту од далеку не е најдобра, но за тие пари тешко дека ќе најдете подобар.

Над овој екран, се наоѓа секундарната камера од 1,3 МП и разните сензори, додека под него се наоѓаат копчињата Назад, Дома и Пребарувај.



На десна страна од HTC Radar ќе ги најдете копчињата за контрола на звукот и копчето за камерата. Тука треба да се спомене дека само со долго притискање на ова копче, телефонот автоматски се отклучува и се активира камерата.

На левата страна се наоѓа microUSB приклучокот, додека на врвот од HTC Radar се наоѓа 3,5 мм аудио приклучок и копчето за вклучување/заклучување.

Камерата, како и обично, се наоѓа на задната страна, а некаде под неа се наоѓаат слотот за SIM картичката и батеријата, која на тестовите покажа 34 часа на просечна ушптреба - пребарување, гледање видеа и правење 3G повици - значи ако сте поумерен во овие работи, ќе имате повеќе време на располагање.



Windows Phone Mango интерфејс

HTC Radar работи на Windows Phone Mango, кој тука се одликува со голема брзина.

Единствената поголема разлика од кај другите уреди со Windows Phone Mango е зелената тема која доаѓа специјално од HTC. Интерфејсот е едноставен и се состои од неколку наслови кои ги покажуваат моменталиот датум, настани, пропуштени повици, непрочитани емаил пораки.



Со лизгање се отклучува екранот и се прикажува Metro интерфејсот кој открива неколку категории кои можете да ги подредите како што сакате.

Слики со цела резолуција

Pictures апликацијата доаѓа во Windows Phone Mango стил. Има нов таб „луѓе“, кој ви оозможува да пребарување слики по поединечни контакти.
Секоја слика можете да ја поставите како позадина на телефонот или апликацијата.



Главниот изглед на аплаикацијата има четири опции - „ролна“, албуми, датумот и луѓе. Од делот на контактите можете да дојдете до нивните профили на Facebook.

Во „ролната“ може да ги најдете видејата и сликите кои можете да ги гледате во оригинална големина, а поддржано е и зумирањето.

Музички плеер

Музичкиот и видео плеерот се наоѓаат во иста апликација, која го носи Zune логото. Кога го отворате веднаш ви се прикажува историјата од која можете да видите што сте слушале последно.



Музичкиот дел е составен од албуми, песни, плејлисти, жанрови и изведувачи, додека кај делот со видеја имате пристап до телевизија, музички видеја, филмови и обични видео клипови.

Камера

HTC Radar е опремен со камера од 5МП и нуди резолуција од 2560х1920 пиксели. Исто така има и предна VGA камера за видео повици.

Интерфејсот е едноставен - последната направена слика, копче за премин од камера на видео, активирање на втората камера, виртуелно копче за сликање и копче за опциите.  Во опциите ќе најдете подетални прилагодувања како разни сцени, ефекти, контраст, сатурација, ISO и слично.



Во однос на квалтитот, сликите не се ништо посебно. Контрастот и застапеноста на боите се просечни, но аглите на гледање не баш најдобри. Сепак, достојни за камера од 5 МП.

Internet Explorer е добар и без Flash

Internet Explorer кај Widows Phone е надграден во верзија 7.5 која доаѓа со подобар интерфејс и брзина.

Полето за адрреси е секогаш видливо на дното од екранот, а до него е копчето за повторно вчитување на страниците.

Пребарувачот доаѓа во минималистички стил - you have only the URL bar at the bottom with a reload icon to the left. Со лизгање кон тоа поле добивате пристап до другите опции, како табови, последни отворени страници, одбележувачи, споделување на страници и опции.

Менито опции ги нуди стандардите работи како локација, овозможување колачиња, бришење на историјата и нуди избор за гледање на страните помеѓу десктоп и мобилна верзија.



Bing Maps ви го покажуваат патот

Bing Maps е срцето на Windows Phone сцената за навигација, а новата верзија нуди и гласовна навигација за пешаци и возила.

Заклучок

HTC Radar ќе ги изненади и оние кои за прв пат се решаваат за телефон со Windows Phone, a и оние кои бараат смалена верзија на големиот Titan.



Скептиците, како мене, кои не веруваа/т дека еден телефон со WP7 може да биде толку брз и функционален, и покрај послабите перформанси, ќе бидат пријатно изненадени. Речиси сите апликации се отвораат неверојатно брзо, а и зумирањето на сликите оди доста брзо - затоа не треба секогаш да се гледаат процесорот и меморијата. Единствен недостаток, барем за некои, би можела да биде не толку добрата камера.

Сепак многу работи се надокнадени со брзината и ниската цена.

Кажете ние што мислите вие за него, ТУКА.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: