LG Optimus Black – дали е сè така „црно“?!

Објавено на 30.04.2012 во Рецензија



LG Optimus Black – дали е сè така „црно“?!

Вовед

LG Optimus Black e смартфон кој ги има токму тие особини кои недостасуваат кај неговите најголеми конкуренти како Galaxy II и iPhone 4.

Телефонот кој беше познат под кодното име „B“ има чист, елегантен и тенок екстериер, украсен со 4 инчен IPS дисплеј. Но, тоа не е сè. Тука е камерата од 5 мегапиксели која снима видеа од 720p, посебно G-копче за контроли со движења и Wi-Fi Direct технологија за peer-to-peer пренос на фајлови.

Се рабира ова се само дел од многуте особини кој ќе ве привлечат кај овој смартфон. Ако сакате да знаете повеќе, прочитајте ја докрај рецензијава.

Предности

• Димензии: 122 x 64 x 9.2 mm, тежок 190 грама
• Дисплеј: 4 инчен IPS LCD кој нуди резолуција од 480 x 800 пиксели со Gorilla Glass  заштита
• Процесор: Едно-јадрен процесор на 1GHz
• Меморија: 512 MB RAM и 2GB внатрешна меморија
• OS: Android OS, v2.2 (Froyo), со можност за надоградба до v2.3
• Камера: Камера од 5 мегапиксели со автофокус и блиц; предна камера од 2 МП
• Приклучоци: microUSB port (плус полнење) и Bluetooth
• Додатна меморија: microSD мемориска картичка (до 32GB)
• Поврзување: Wi-Fi 802.11 b/g/n; A-GPS
• Стерео FM радио со RDS
• Вграден accelerometer и сензор за близина
• Стандарден 3,5 мм аудио и microUSB приклучок
• Одличен аудио квалитет

Недостатоци

• Застарен софтвер за денешни стандарди
• Слаба батерија



Хардвер

Надворешниот изглед на телефонот се врти околу минимализам. Телефонот има тежина од само 109 грама и дебелина од 9,2 мм. За неа придонесуваат другите компоненти и 4-инчниот дисплеј.

Над него, стандардно, се наоѓаат другите сензори и предната камера. Веднаш под него се наѓаат четири копчиња, кои горе-долу ги среќаваме кај секој телефон со Android: Дома, Мени, Назад и Пребарувај.

На дното и левата страна од Black нема ништо, додека на десната страна се ставени копчињата за контрола на звукот и G-Key комбинацијата, за веќе на врвот од телефонот да се најдат копчето за вклучување/заклучување и MicroUSB приклучокот – тој служи за полнење и пренос на податоци.

Задната страна ја краси камера од 5 мегапиксели со блиц и LG логото, но треба да се спомене дека задната маска е доста тенка. Од една страна, на тој начин полесно ќе дојдеме до батеријата, но од друга страна, дискутабилна е нејзината издржливост, дури и при мал потрес.

Издржливоста на батеријата не е најсилна страна на телефонот. Имено, при нормална дневна употреба, значи сурфање, гледање по некое клипче и слушање музика малку, Black ќе треба да го полните секоја вечер пред да си легнете, додека ако сте нешто поумерен може да „исцедите“ до два дена на употреба.



Дисплеј

Кај Optimus Black, LG употребиле Nova дисплеј. Тоа е модерен начин да се каже дисплеј со IPS квалитет и резолуција од 800 x 480 пиксели, што може да се најде кај Optimus 2X / G2x, но максимално осветлен. Екранот нуди солидна репродукција на боите и одлични агли на гледање.

Кога би го споредувале со конкуренти како iPhone 4 или Samsung Galaxy S II на отворена средина, тогаш на Optimus Black со својот максимално осветлен екран, дефинитинвно ги засенува овие два телефони.



Софтвер

Сите знаат дека, барем кај спортот, многу често брзината е пресудна за успех. Епа, ако тоа беше случај кај конкурентите како Samsung Galaxy S II и LG G2x, тогаш Optimus Black тука заостанува

Со својот едно-јадрен процесор на 1GHz, телефонот е бавен дури и по минатогодишните стандарди. Тоа најмногу се забележува кај анимациите кога менувате дисплеи. Дури и самиот чин при отклучување на телефонот, не е толку брз и не оди глатко како кај другите смартфони со Android.

Сепак, не е сè така црно, како неговото име. Тука мислиме на интернет пребарувачот кој , за чудо, ги отвора страниците со неверојатна брзина, па дури одлично се однесува и при зумирање на одредени слики.

Телефонот дури и одлично се справува со Flash содржина, но не до толку брзо и добро како другите смартфони. Истото се забележува кај видеата со резолуција од 480p.

Кога сме кај софтверот, не би било праведно да не го омаловажиме Optimus Black и поради фактот што доаѓа со застарена верзија на Android, верзија 2.2, која иако можеби многу бараме кога мислиме на ICS, сепак можела да биде 2.3 -  Gingebread.

Но, не треба да ги заборавиме помошните модификации на LG за интерфејсот. Заклучениот екран ви дозволува (исто како кај Samsung GSII) да го отклучите телефонот во саканата област. На пример, пролизгувањето со прстите нагоре, ви го отклучува телефонот, додека истото движење надолу ве носи право кај пропуштените повици,

Во однос на музиката, контролите од музчкиот плеер се интегрирани во паѓачкото мени на Android -  заедно со петте кратенки за звук, WiFi, Bluetooth, GPS и податоците.

Менито со апликации не е најубавото, а и листата со контакти наместо да ви дава листа постоечките, ви ги дава сите ваши Google контакти по „default“. Сепак, треба да се спомене фактот што LG овозможил додавање на повеќе кратенки и видгети при уредувањето на основните екрани.



Камера

Но, камерата е тука да надомести за многуте негативни поени кои се насобраа од застарениот софтвер и слабата батерија.

Камерата од 5 мегапикисели прави слики со резолуција од 2592x1944 пиксели и достоен квалитет, значи одлични детали. Сликата која ја гледате погоре би требало сама да говори за себе за една камера од 5 МП. Ако и покрај тоа не сте задоволни, тогаш имајте предвид дека камиончето (лево) и таксито беа фатени во движење.

Независно дали сликате далечни предмети или нешто одблиску, камерата навистина се надминува себеси.

Истата задоволителна оценка може да се каже и за снимањето на видеа, иако видејата со .3gp формат, некако чудно се развлечени кога ги гледате на компјутер. Инаку, за видеата од 720p не треба да се сомневате.



G-копчето

Едно од поинтересните хардверско-софтверски решенија кај Optimus Black е G-копчето со кое се активираат разните сензори за полесно и интерактивно управување со телефонот.

Со долго притискање се активираат тие сензори и можете со одредени движења на телефонот (игра со гравитација) да менувате основни екрани, или да ја активирате камерата – со две затресувања.

Инаку ако ве интересира, тоа „G“ кај G-копчето доаѓа од зборот gimmick што значи трик или штос. 



Wi-Fi Direct

Wi-Fi Direct е технологија која овозможува телефонот да се однесува како wireless access point за на него да се поврзат повеќе уреди – телефони, лаптопи, таблети и сè друго што има Wi-Fi конекција.

Со оваа технологија, телефонот може да опслужува до осум уреди истовремено, споделувајќи разни работи. Единствениот недостаток на Optimus Black тука е што при прво разгледување на апликациите, може и да не ја пронајдете оваа апликација - Wi-Fi Cast апликацијата.



Заклучок

Optimus Black е чудно телефонче, кое за жал не може да се пофали дека фаќа чекор со времето. Иако телефонот датира од пред една година, сепак дури и тогаш имаше посилни телефони на пазарот.

Но, телефонот си има некои негови погодности, што го прави погоден за одредена група на корисници. Имено, иако заостанува со софтвер и брзина, тој нуди одлична камера (меѓу најдобрите во класата) и одличен екран, посебно на отворено.

Но, кога на негативните страни би ја додале и слабата батерија, тогаш навистина се сомневаме дека за Optimus Black би се пронашле голем број купувачи.

Но,  ако ви треба нов помодерен телефон, а не ви се даваат многу пари, тогаш Optimus Black е вистинското телефонче за вас.

Дали би го купиле, или ако веќе го поседувате, кажете ни што мислите ОВДЕ.

Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: