Samsung Galaxy S III

Објавено на 11.05.2012 во Рецензија



Samsung Galaxy S III

Вовед

Нема потреба дополнително претставување за Samsung I9300 Galaxy S III, освен дека е наследник на доста-успешниот Samsung  Galaxy S II.

Без сомнение Samsung I9300 Galaxy S III доаѓа со сета најнова технологија и најсовремени хардверски компоненти – комбинација која несомнено во моментов означува доминација во мобилниот дигитален свет.

Иако на прв поглед изгледа дека акцент е ставен само на четири-јадрениот процесор и HD дисплејот, сепак подетален преглед открива дека телефонот воодушевува во секое поле. Еве подетално што носи телефонот:

• Димензии: 136.6 x 70.6 x 8.6 mm, 133 грама
• Дисплеј: 4,8 инчен HD Super AMOLED дисплеј со резолуција од 720 x 1280 пиксели со Gorilla Glass 2 заштита
• Меморија: 1 GB RAM и 16/32/64GB внатрешна меморија која се дополнува со microSD картичка
• Процесор: Четири-јадрен ARM Cortex-A9 процесор на 1.4 GHz
• OS: Android 4.0.4 (Ice Cream Sandwich)
• Камера: 8 мегапиксели плус автофокус и цела низа на сензори (за препознавање на лица, за стабилизација итн), снимање на Full HD (1080p) видеа; секундарна камера од 2 МП
• Поврзување: Wi-Fi a/b/g/n, Wi-Fi hotspot, Bluetooth 4.0, microUSB приклучок, GPS со A-GPS, 3.5mm audio влез, FM радио, TV-out, USB-on-the-go, NFC батерија: 2100 mAh
• Останато: ТouchWiz 4.0 интерфејс, поддржани се голем број на видео и аудио формати, присутни се разни сензори и гласовни команди


Дизајн и дисплеј

Со димензии од 136.6 x 70.6 x 8.6 mm и тежина од 133 грама, Samsung I9300 Galaxy S III ни од далеку не е најкомпактниот смартфон на пазарот, но имајте предвид дека на располагање иматѕе 4,8 инчен дисплеј. Дури во Samsung се потрудиле телефонот да го направат само 4.5mm поширок и еден сантиметар подолг од својот претходник.

4,8 инчниот Super AMOLED дисплеј со HD резолуција е магијата на телефонот. Екранот е токму толку импресивен како што покажуваат перформансите – боите се фабрички одлично сатутирани, иако и ова може да го менувате преку различни режими, одлично претсавени и во природна нијанса. Инженерите во Samsung толку добро си ја завршиле работата што дури и кога сонцето директно ви удира во екранот, без проблем ќе можете да гледате во него.

Под дисплејот се наоѓаат трите копчиња кои ги имаше и кај претходникот – Мени, Назад и Дома, при што сите од нив имаат дополнителна функција при подолго притискање.



Над дисплејот, се наоѓа звучникот и разните сензори како и камерата од 2 мегапиксели наменета за видео повици.

На левата страна од Galaxy S III се наоѓаат копчињата за звукот, додека на десната страна се наоѓа само копчето за вклучување, за на врвот од телефонот исто „осамен“ да биде аудио приклучокот. Ако се прашувавте каде е копчето за камерата, тогаш имајте предвид дека телефонот, како и неговиот претходник, нема вакво копче – иако има софтверска замена, но за тоа подоцна.

За полнење и пренос на податоци, телефонот го користи microUSB приклучокот кој се наоѓа на дното, додека на задната страна, стандард, ќе ја најдете камерата од 8 МП која прави Full HD слики.

Под задната маска се наоѓаат слототовите за microSIM и microSD картичките, како и големата нова батерија од large 2100 mAh.



Интерфејс

Samsung Galaxy S III работи на најновата верзија на Android  - 4.0.4 Ice Cream Sandwich, модифициран со најновата верзија на интерфејсот TouchWiz UI од Samsung.

Пред да кажеме нешто повеќе за него, видете го како изгледа:



Екранот не се отклучува повеќе со кругот во средина од дисплејот, па затоа нема да се мачиме да ви објаснуваме на која страна да го влечете прстот.  На долниот дел од заклучениот екран имате четири кратенки, за да пристапите до соодветната апликација без да го отклучувате телефонот.

Како што споменавме претходно, телефонот нема копче за директен пристап до камерата, но затоа го има овој софтверски трик. „Разбудете“ го телефонот (само притиснете на екранот или на копчето Дома) и, иако заклучен телефонот, со прстот притиснете нежно на екранот и потоа нагло свртете го телефонот во хоризонтална положба, како да ќе сликате, и ете ви чудо – телефонот директно ја активира камерата и подготвени сте за сликање.

Областа за известувања ги покажува вообичаените 5 показатели, иако еден е заменет - Wi-Fi, GPS, режим на тивко работење, ротација на екранот и штедење на енергија (која го заменува копчето за активирање на Bluetooth).



Камера

Samsung Galaxy S III ја нуди истата камера од 8 мегапиксели со резолуција од 3264 x 2448 пиксели, но со извесни подобрувања.

Таа ги нуди опциите како гео-означување, фокус со допир, детекција на лица и стабилизација на сликата. Поради четири-јадрениот процесор, телефонот може истовремено да снима HD видеа (1080p и 720p) и да прави Full HD слики.

Видеото е одлично

Samsung Galaxy S III прави FullHD 1080p и HD 720p видеа без никаков проблем или доцнење и секцање. Интерфејсот е истиот како и за камерата, со исклучок и додавање на некои опции.

Видеата се пуштаат нормално, а квалитетот на сликата е на завидно ниво. Galaxy S II правеше одлични видеа, а S III прави уште подобри, со повеќе детали и подобра застапеност на боите. Видејата се снимаат во mp4 формат, а се снимаваат во стерео аудио режим.

Поважни апликации

Тука ќе разгледаме некои нови, но и мошне интересни апликации кои се најдоа кај Galaxy S III:



S Voice

Galaxy S III е втор телефон од Galaxy серијата кој поддржува гласовни команди. Додека Vlingo сервисот кај S II работеше само ако стриктно се придржувате до одредена синтакса и правилен изговор, тука Sаmsung направиле многу попристоен конкурент на Siri кај Phone. На S Voice можете да му заповедате да прифаќа и одбива повици, прави слики, поставува аларми и да пребарува на интернет.

Се разбира, треба да бидете умерени со барањата за S Voice, но генерално ќе ви излезе во пресрет.



Direct call

Ова ви овозможува да повикувате кога ќе го ставите телефонот до вашето уво додека пребарувате низ контактите, или читате некоја проака од некој и сакате веднаш да му се јавите, само доближете го телефонот до увото и сте завршиле работа.



Smart stay

Верувам дека ве нервира моментот кога читате некоја подолга порака или сурфате на нет и наеднаш екранот ќе се затемни за да заштеди енергија. Епа Samsung ова го решиле со тоа што вградиле сензор кој детектира кога вие гледате во екранот, па така повеќе нема да се соочувате со споменатиот проблем.

Контроли со движења

Galaxy S III воведе некои нови контроли преку движеа, еве дел од нив:

• Со малку затресување, телефонот ги открива околните Bluetooth уреди, ви го проверува емаилот, вестите или времето.
• Двоен допир на горниот дел од екранот и ве носи на почетокот од страницата – погодно ако читате на подолга страница.
• Со превртување на телефонот наопаку не само што се занемува ѕвонењето, туку сега и песните, видеата па дури и радиото.
• Моменталниот екран отсега ќе го снимате со едно поминување со раката преку екранот.
• Ако задржите со раката на екранот, плеерите ви се паузираат.
• Како што кажавме, камерата можете да ја активирате кога со прстот ќе задржите на екранот и екранот го свртите во хоризонтална положба.

Еве една мала видео демонстрација на овие команди:



Заклучок

Samsung I9300 Galaxy S III е еден „ѕвер“ од телефон, за кој сме сметаме дека би требало да го продолжи успехот на неговиот претходник.

Galaxy S III го имаше тој лускуз да дојде на пазарот по неговите конкуренти, - iPhone 4S и HTC One X – и да проба да ги надмине во неколку погледи.

Samsung I9300 Galaxy S III покрај тоа што ги носи со себе работите што несомнено ги имаат овие два телефони, тој исто така носи и некоја опција повеќе – при што, можеби еден од најголемите адути му се 4,8 инчниот HD дисплеј обложен со Gorilla Glass 2 заштита или четири-јадрениот процесор кој не потфрла во ниту едно поле.



Единствен минорен недостаток може некои ќе го сметаат материјалот: високо-квалитетна пластика која можеби и не му долкува на еден ваков телефон, но во секој случај телефонот е и повеќе од прекрасен.

Што мислите вие за него? Дали ќе го постигне истиот успех и внимание како неговиот конкурент iPhone 4S – пишете ни тука.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: