Samsung Galaxy S III против Apple iPhone 4S

Објавено на 21.05.2012 во Рецензија



Samsung Galaxy S III против Apple iPhone 4S

Вовед

Секогаш е тешко кога треба да се направи споредба помеѓу два различни iPhone-и или два смартфони со Android, но кога се работи за најсилните претставници од двете категории, тогаш е различна приказна.

Да ви ја разбиеме тензијата уште на почеток - Galaxy S III и iPhone 4S се толку различни, но и одлични на свој начин, така што ќе биде многу тешко да се избере подобриот телефон. Да почнеме.

Дизајн

Во однос на изглед, едноставно не може да има поразлични телефони од Galaxy S III и iPhone 4S. Уште на прв поглед ќе ја забележите предноста на стаклената конструкција помешана со челик кај iPhone 4S, наспроти пластиката кај другиот.



Исто така, компактноста е на страната на Apple овој пат, што го прави и поудобен за држење од неговиот противник. Сепак, да не заборавиме дека Galaxy S III доаѓа со поголем дисплеј кој автоматски е подобар за навигација, но дали е и подобар ќе видиме во продолжение.

Дисплеј

Samsung Galaxy S III, типично за Samsung, го користи HD Super AMOLED дисполејот, додека iPhone 4S се држи до стариот-добар IPS-LCD. Иако IPS-LCD е межеби е подобар во однос на контраст и бои, сепак бидејќи е постара технологија, ниту од далеку не може да се спореди со одличните нивоа на сатурација и контраст со Super AMOLED дисплејот.



Другата поголема разлика кај овие два телефони е големината на екранот. iPhone 4S доаѓа со 3,5 инчен екран, додека GS III доаѓа со огромни 4,8 инча. Тука е доста јасно дека ако телефонот ви е примарниот гаџет за мултимедија, повеќе ќе ви одговара поголем екран.

Сепак, иако екранот кај GS III има голема густина (306 ppi), во споредба со дисплејот кај iPhone 4S (330 ppi), таа е помала. Но, повторно, ова не е некоја огромна разлика која ќе може да ја воочи човечкото око.

Интерфејс

Galaxy S III е телефон со Android 4 ICS, збогатен со TouchWiz Nature UX интерфејс, што го прави ICS уште поубав и пофункционален, со тоа што нуди повеќе апликации. Таков пример се S Voice и SmartStay апликациите – првата апликација е директен конкурент на Siri кај iPhone 4S, додека втората, со помош на сензори,  служи да не ви се затемни екранот додека читате нешто на телефонот.



Во меѓувреме, iPhone 4S доаѓа работи на последната верзија од iOS 5. Неговиот интерфејс е поедноставен, каде добивате само „мрежа“ со икони-апликации и тоа е горе-долу сè околу интерфејсот. Нема видгети како кај Android, за да ви прикажуваат разни информации од самиот основен екран – за да видите било што кај iPhone 4S ќе треба да одите на самата апликација во телефонот, со исклучок на временската прогноза, која ви се прикажува на статусната лента.

Во однос на апликации, iPhone 4S го има гласовниот асистент Siri, нема ништо слично како SmartStay, но затоа го има iCloud сервисот, кој ви овозможува да направите back up на опциите, сликите, музиката, контактите на серверите на Apple. Иако, Samsung има одговор и на ова со S Cloud, сепак сервисот сè уште не е започнат.



Сума-сумарум, отворениот софтвер на Android OS кај Galaxy S III ви овозможува горе-долу, да правите што сакате со телефонот – буквално како на вашиот PC, да преземате торенти, пренесувате податоци преку USB кабел, итн. За разлика од него, iOS не ви дозволува да правите баш вие што сакате и некои работи мора да одат преку iTunes софтверот за компјутер.

Интернет

Пребарувачите и кај двата телефони работат совршено. И двата се брзи и стабилни, но Galaxy S III има предност бидејќи нуди поддршка за Adobe Flash Player, што ја нема кај iPhone 4S. Со исклучок на оваа поддршка, другото сè е горе-долу исто (брзо и стабилно), иако со поголемиот екран Galaxy S III е подобар за сурфање.

Процесор и меморија

За брзинатга кај Galaxy S III се грижи четири-јадрен процесор, со повисока фреквренција од кај дво-јадрениот процесор кај iPhone 4S. Но, освен како бројки на проспект, навистина нема да почувствувате кој знае какви разлики во однос на работата на двата телефони – и двата работат „како подмачкани“.

И GS III и iPhone 4S доаѓаат во верзии со меморија од 16, 32 или 64 GB, но Galaxy S III ви дозволува да вметнете microSDXC картичка за уште 64 GB, што е предност ако навистина имате потреба од толку многу простор.

Камера

Samsung секогаш се грижи камерите кај своите телефони да доаѓаат со еден куп опции и ефекти за прилагодување на сликите, па така ниту Galaxy S III не е исклучок. Можете да си „играте“ речиси со сè, од резолуција, преку ISO до начинот на фокусирање. Кај iPhone 4S можете да бирате само дали ќе имате HDR режим или не.


(Слика во затворена средина направена со Samsung Galaxy S III)


(Слика во затворена средина направена со Apple iPhone 4S)

 Од друга страна, iPhone 4S прави малку подобри слики со неговата iSight камера од 8MP. Предноста кај тие слики се наоѓа во малку повисокото ниво на детали и подобрата изложеност. Не се многу далеку ниту сликите на Galaxy S III, но се забележува разлика.



(Слика во отворна средина направена со Samsung Galaxy S III)



(Слика во отворена средина направена со Apple iPhone 4S)

 Но, работата се менува кога се работи за видео клиповите, особено со видејата од 1080p. Иако звукот на направеното видео е подобар кај iPhone 4S, квалитетот на видејата е на страната Galaxy S III, бидејќи нуди појасни детали, но репродукцијата на боите е горе-долу иста.

Мултимедија

Samsung Galaxy S III дефинитивно е подобар кога станува збор за мултимедија, во секој поглед.

Galaxy S III уште на старт нуди поголеми предности: од уживањето во доста поголемиот Super AMOLED дисплеј, до можноста за полесен пренос на податоци, до можноста за проширување на меморијата преку слотот за microSDXC.



Телефоните не се разликуваат многу во однос на музичкиот плеер, иако нам ни се допаѓа фактот што кај Samsung Galaxy S III можете да дојдете до сите музички опции преку самиот плеер, додека кај iPhone 4S за ова мора да излезете од плеерот, да одите во Опции и таму да го пронајдете она што го сакате.




iPhone 4S заостанува и со слабиот звук при разговорите, додека GS III нуди навистина јасен и гласен звук. Во однос на рингтоновите, и двата телефони се одлични со гласен и јасен тон.

Батерија

iPhone 4S овозможува 8 часа на разговор во 3G мрежа, како и 8,3 дена во мирување, додека овие бројки кај Galaxy S III се 10 часа и 20 минути, додека за издржливоста при мирување нема никакви информации.

Со прочена употреба, би требало да добиете околу двна дена со Galaxy S III, додека iPhone 4S може да издржи подолго поради помалиот екран и апликациите кои штедат повеќе батерија.

Сепак, овие бројки се хипотетички, бидејќи издржливоста на батеријата кај смартфоните зависи од бројни фактори, како покриенот на мрежата, колку време сте поврзани на 3G/4G, дали сурфате преку Wi-Fi, кои апликации работат во позадина и сл.

Заклучок

Како што кажавме на почетокот, навистина е тешко да се најде победникот помеѓу два одлични телефони – особено кога се работи токму за овие два. Но, ќе се обидеме да направиме споредба.

Кога се работи за дизајнот, нема сомнеж дека iPhone 4S има подобар дизајн. Тука мислиме и на поквалитетната изработка, но и на удобноста кога го држите во раце. Од друга страна, Galaxy S III има поголем екран, што го прави погломазен, но токму овој дисплеј е многу попогоден за мултимедија.

Освен мултимедијата, Galaxy S III е подобар телефон и кога се работи за слободата кај софтверот: слободата за приспособување на софтверот по вашите потерби, дури до најситните детали (од целосно менување на интерфејсот до зголемување на фреквренцијата на процесорот). Ако се препознавате во овој дел, тогаш несомнено Galaxy S III е телефонот за вас.

Но, тогаш за кого е iPhone 4S? Веројатно за оние кои не се толку луди по мултимедија и „чепкање“ по системот, но сакаат цврст, издржлив и брз телефон кој нема да ги разочара, дури и кога сакаат повремено да изиграат по некоја игра или да прочепкаат што има ново по социјалните мрежи.

И, како секогаш со овие споредби, вам ви останува да ни кажете што мислите кој од овие двајца ѕверови е подобар?! Пишете ни овде.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: