HTC One S – Еден за сите

Објавено на 28.05.2012 во Рецензија



HTC One S – Еден за сите

Овој смартфон на тајванската HTC припаѓа на серијата One и него го карактеризираат како средното дете, односно втор по квалитет. Во оваа рецензија ќе ги согледаме неговите каратеристики и зошто токму овој смартфон е за секого.

 Дизајн и функционалност

HTC One S е досега најтенкиот телефон во серијата и еден од  најтенките смартфони. Тој факт можеби му дава ефект на ефтиност, но поради квалитените материјали, воопшто не е така. Шасијата е многу цврста поради хемиски обработениот алиминум. Како и секогаш убавиот дизајн не е изненадување кога е во прашање HTC.  



Дисплеј, Хардвер, Камера

Најпрво HTC One S има навистина голем екран на допир Super AMOLED од 4.3 инчи., со резолуција од 540 x 960 qHD. Процесорот е Qualcomm's Snapdragon S4 Krait dual-core на 1.5GHz, 1GB RAM и внатрешна меморија од 12GB. Камерата е одлична со 8 МР Image Sense multi-mode LED flash, па дури некои сметаат дека има најдобри перформанси од цела One серија. 




         

Софтвер и Мултимедија

HTC One S работи на веќе стандардниот Android 4.0 Ice Cream Sandwich. Тоа значи подобар кориснички интерфејс, како и пристап до сите стандардни сервиси и апликации. Аудио и видео опциите се одлични, па сигурно со него ќе имате добра забава. Издржливоста на Li-Po 1650 mAh батеријата е висока, па дури и подобра од HTC One X.

        

Заклучни коментари

HTC One S има повеќе предности,  како што се убавиот дизајн, идржливост и топ харвер. Недостатоци на овој смартфон можеби се недостигот од слот за мемориска картичка, но и тоа не е голем минус со оглед на можноста за 25 GB екстра простор преку бесплатниот  HTC-Dropbox Cloud сервис.
Желбата да се поседува смартфон е огромна, но не секогаш се поклопува со нашиот буџет наменет за тоа. HTC One S е замислен како компромисно решение меѓу перформансите и куповната моќ. Телефон со кој ќе добиете се, а нема да изгубите речиси ништо. На крајот на краиштата постојат различни луѓе со различни апетити, некој сака телефон ѕвер, без оглед на цената, друг сака само основна функционалност. Најбројни се оние кои сакаат оптимален перформанс по достапна цена. Затоа, HTC One S е телефон за сите.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: