Samsung Galaxy Note 10.1 vs Apple iPad 3
Објавено на 27.08.2012 во Рецензија
Вовед
Oсвен ако не сте биле на одмор добри месец и повеќе, тогаш веројатно сите сте запознаени со судската војна помеѓу Apple и Samsung. Но, овој пат нема да зборуваме за спорови, туку ќе ги споредиме двата главни таблети од овие две компании.
Пред извесно време, Samsung го претстави долго-очекуваниот таблет Galaxy Note 10.1 со Android – одговорот на корејската компанија на светски обожуваниот iPad 3.
Со нивното S-Pen, Samsung смета дека „пенкалото е помоќно од стрелата“, барем онаа замислената на iPad 3.
Дизајн и дисплеј
Искрено, за ниту еден од овие два таблети не може да се каже дека ќе ве кутне во несвест со својот дизајн, особено не кога и двата таблети водат потекло од веќе виден дизајн. Ако толку треба да се гласа за дизајн, можеби тоа би бил iPad 3 поради неговата алуминиумска обвивка, наспроти пластиката кај Galaxy Note 10.1.
Ако ги разгледаме надворешните „испакнатини и владбнатини“ ќе видиме дека и двата таблети делат многу сличности – микрофон, 3,5мм аудио приклучок, контрола на звук и копче за вклучување. Единствено по што Samsung може да има поголема предност тука е инфрацрвениот порт кој го претвора во универзален далечински управувач и специјалните функции кои ги нуди S-Pen.
Од лево кон десно - Samsung Galaxy Note 10.1 и Apple iPad 3
Визуелно гледано, Retina дисплејот кај iPad е убавина за гледање, особено кога ќе ја споредите неговата резолуција од 2048 x 1536 пиксели наспроти резолуцијата од 1280 x 800 пиксели кај Galaxy Note 10.1. Без сомнежи, 9,7 инчниот IPS LCD дисплеј на iPad 3 овозможува јасна и остра слика, наспроти просечниот 10,1 инчен PLS LCD дисплеј на противникот.
Интерфејс и функционалност
Повторно истата дилема, Android или iOS? Иако претежно се работи за лични преференции, ќе се сложите сепак дека главниот збор го имаат едноставноста и слободата на корисниците да си „играат“ – модифицираат системот – поле во кое iOS заостанува, а Android води. Оосбено ако го додадеме и фактот тука што многу производители си имаат свој интерфејс врз Android.
Интерфејс на Galaxy Note 10.1
Kога зборуваме за функционалност, тука мислиме и на организираност. Апликациите за организирање и кај двата таблети нудат сосема солидна организација и можност за секакви подготовки и планирање, истото може да се каже и за пораките, иако ако сте од англиско говорно подрачје iPad 3 може да добие некој поен плус поради подоброто предвидување на текстот кој го пишувате.
Интерфејс на iPad 3
Но, под функционалност мислиме и на S-Pen за Samsung Galaxy Note 10.1 кој ќе ви се најде од пишување пораки, до цртање, подвлекување и уште илјада други функции поради кои му дава предност на овој таблет.
S Pen
Перформанси
Тука се работи за споредба помеѓу две и четири јадра. На хартија гледано, може ќе речете четири-јадрениот процесор на 1.4GHz и 2GB RAM и тоа како се подобри од дво-јадрениот процесор на 1GHz и 1GB RAM меморија кај iPad 3. Но, никогаш не гледајте чисто теорија, бидејќи во практика таблетот на Apple работи побрзо и беспрекорно во однос на неговиот противник.
Интернет пребарувач кај Galaxy Note 10.1
Интернет и конекција
Кај вакви таблети, нема никаков сомнеж дека интернет сурфање и кај двата таблета е вистинско уживање – од отворање комплексни веб-страници до читање најобичен текст. Сепак, Galaxy Note 10.1 има скриен АС во ракавот – повторно S Pen кој може да служи и како маус.
Интернет пребарувач кај iPad 3
Камера
Не сте единствени ако се прашувате што бараат главни камери (наспроти веб кои се многу потребни) кај таблети, не сте единствените. Во секој случај, и двата таблети имаат камера од по 5 мегапиксели.
Иако разликата во сликите е мала бидејќи и двете камери се со просечен квалитет, iPad 3 како да прави за нијанса подобра слика (видете на сликите подолу).
Квалитет на слика - (горе) Galaxy Note 10.1 - (долу) iPad 3
Мултимедија
Иако во поглед на аудио и видео плеери, тука ќе се осврнеме на хардверскиот дел. Добро поставените и силни звучници кај Galaxy Note 10.1. овозможуваат јасен и доста гласен звук, наспроти слабиот кај iPad 3.
Исто така, благодарение не multitasking опцијата кај Note 10.1, можете истовремено да гледате филм и да правите нешто друго – што не е случај кај iPad 3.
Заклучок
Ако внимателно читавте, досега сигурно си створивте слика дека Samsung Galaxy Note 10.1 e подобар од iPad 3 во многу погледи, како S-Pen, инфрацрвениот порт, можноста за multitasking и сл.
Ако оваа комбинација ја земете предвид, тогаш и навистина изгледа така, но ако ја погледнете поголемата слика, тогаш iPad 3 е победникот.
Не ме сфаќајте погрешно, Samsung Galaxy Note 10.1 е одличен таблет, но ние сметаме дека има подобри таблети со Android, како на пример Google Nexus 7 или Asus Transformer Prime.
Сепак, на крајот сè сведува на личниот избор и веројатно личните преференции ќе бидат пресудни при купувањето на некој од овие два ѕвера.
Кој би го купиле вие? Пишете ни овде.
Владимир Ѓуров

Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.