BlackBerry Curve 9320

Објавено на 31.08.2012 во Рецензија



BlackBerry Curve 9320

Вовед

Сите кои се во тек со Research In Motion знаат дека Канаѓаните напорно работат на новиот OS, BlackBerry 10, но тоа не значи дека не прават ништо друго.

Тука мислиме на телефоните од серијата Curve, односно нивниот најнов претставник BlackBerry Curve 9320. Да расчистиме од напред BlackBerry 10 нема да се најде на овој смартфон, па затоа не очекувајте чуда.

Но, телефонот има задача да ги задоволи, барем привидно, фановите на RIM кои со нетрпение го чекаат новиот систем на дело. Дали, RIM го избрале вистинскиот телефон за оваа намена?

Предности

• 2,44 инчен LCD дисплеј со резолуција од 320x240
• процесор на 806MHz и 512MB RAM
• BlackBerry OS 7.1
• Камера од 3 МП со фиксен фокус
• Wi-Fi b/g/n со DLNA
• GPS со A-GPS
• Слот за microSD картичка до 32GB
• Accelerometer, proximity сензор
• Оптички тракпад
• QWERTY тастатура
• 3,5 мм аудио приклучок
• microUSB приклучок (полнење) и
• Bluetooth v2.0
• паметно бирање
• Office уредувач
• одличен аудио квалитет

Недостатоци

• Камерата има фиксен фокус
• Нема HD видео
• Нема Стерео FM радио
• Нема копче за камерата



Во кутијата

Тука и нема некои изненадувања. Освен BlackBerry Curve 9320, внатре ќе најдете и microUSB кабел, полнач и слушалки, додека во самиот телефон ви е вметната microSD картичка од 2GB.

Дизајн и дисплеј

Во поглед на дисплејот, RIM одлучиле да одат со QVGA дисплеј кој има 56 илјади бои, што се покажало како лоша стратегија, оти BlackBerry Curve 9360 се појави пред само еден месец, а има 16 милиони бои и HVGA+ квалитет.

Во однос на дизајнот, пластичната конструкција на Curve 9320 е карактерситична за Curve серијата. Ова значи телефон удобен за држење и работа и копчиња кои се доволно блиску поставени за работа, но и не до толку за да си сметаат.



Оптичкиот тракпад лежи помеѓу дисплејот и тастатурата во вертикала, односно помеѓу копчињата Мени и Назад во хоризонтала.

На левата страна од Curve 9320 има microUSB за полнење и пренос на податоци, додека на десно се копчињата за контрола на звукот и копчето за камерата, но можете да ја промените неговата функција.

Копчето за заклучување и аудио приклучокот се наоѓаат на врвот, како по обичај, додека главната камера од 3 МП се наоѓаат од позади. Од позади, некаде под задната маска, се наоѓаат слотовите за microSD и SIM картичките, покриени од батеријата од 1450 mAh за која производителот ветува 430 часа на мирување, односно 7 часа на разговор.



BlackBerry OS 7.1

Верзија 7.1 е најновата надградба на BlackBerry OS, а излезе на почетокот од годинава. Веројатно ќе биде и последна надградба пред BB10, така што Curve 9320 тешко дека ќе добие нова верзија, освен по некоја закрпа.

Curve 9320 работи на процесор од 806MHz кој иако не е нешто многу силен, доволен си е за системот да работи безпрекорно.



BlackBerry OS 7.1 не носи никакви промени пред 7.0 – најново и најдобро нешто е Wi-Fi hotspot опцијата, другите делови се однесуваат на помали подобрувања и закрпи.

Верзија 7.1 се обидува да личи на Tablet OS кој се базира врз QNX. Иконите се модифицирани да личат како тие кај PlayBook, но другото е горе-долу исто.



Мучкиот плеер е ТОП, ама застарен

RIM ја освежи иконата на музичкиот плеер со доаѓањето на BlackBerry OS 7. Но, само и на тоа остана – сè друго внатре е од времето на BlackBerry OS 5.

Тоа значи брзо пребарување на песни и автоматско подредување по изведувач, албум и жанр.



Галеријата е од OS 6

Галеријата се нема сменето од OS 6, што значи би требало да ја знаат повеќето корисници. Сликите се прикажани стандардно и како мрежа, а можно е и пребарување.

Слаба камера

Камерата има само 3 МП, што е малку за денешни услови. Тоа и не би било толку лошо, да го немаше овој интерфејс, односно апликација.



Апликацијата ви дозволува само да ја промените резолуцијата, ништо од другите опции, како exposure compensation, white balance, ISO или слично. Има детекција на лица, но не работи секогаш како што треба.

И квалитетот на сликите е лош кај BlackBerry Curve 9320. Освен боите што се малку бледи, некако дури и како да одат на кај сино.

Добар пребарувач, ама нема Flash

Интернет пребарувачот кај BlackBerry Curve 9320 е доста добар, се разбира, ако можете да преминете преку фактот дека ќе сурфате на толку мал екран.



Со тракпадот, добивате виртуелен маус и автоматско скролање до крајот на екрано. Пребарувачот не поддржува Flash, но на волку мал екран, тешко и дека ќе имате некоја потреба од него – сигурно нема да гледате спотови на YouTube на него.



BlackBerry Maps се само за на овој телефон

Како и секој модерен телефон, BlackBerry Curve 9320 е опремен со GPS технологија. Но, за жал, BlackBerry Maps апликацијата за навигација работи само на овој телефон и тешко дека ќе дојдете до друга апликација.

Заклучок

Curve 9320 да излезеше пред година или година и пол, може и ќе привлечеше извесна доза на внимание. Ама сега, кога и телефони од пониска класа доаѓаат со посилни процесори и софтвер, RIM едноставно ја промашиле годината.



BlackBerry телефоните никогаш не биле околу моќна графика или силни процесори, но сепак Curve 9320 е преслаб за оваа доба. Како прво, 2,5 инчниот екран е навистина ситен за било што, а камо ли за сурфање. Процесорот иако е добар и придонесува системот да си работи како подмачкан, негативни поени носи и слабата камера, која како да го надополнува слабиот дисплеј.

Друг факт кој му оди во прилог е цената од 220 евра, за тие пари веќе има подобри телефони. Сепак, чуда се случуваат. Дали RIM ќе успее со овој телефон? Што мислите вие?

Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: