HTC Titan II – Бесот на Титаните

Објавено на 09.09.2012 во Рецензија



HTC Titan II – Бесот на Титаните

Првиот HTC Titan беше вистински хит кога се појави пред една година. Сега на ред е неговиот наследник HTC Titan II да го истури „бесот“ и да покаже до каде може да оди еден смартфон со Windows Phone 7.5. Досега е веќе добро познато дека на повидок се новите уреди кои ќе работат на Windows Phone 8, а свои претставници, покрај Nokia, ќе има и HTC. Затоа ова е одлична можност да се потсетиме што е пoразлично кај тајванците во однос на Nokia и колку HTC може да биде конкурентен на Lumia уредите.



Генрални карактеристики

HTC Titan II е смартфон кој вреди да се погледне. За разлика од неговиот претходник има дизајн кој е многу поблизок до HTC One серијата, отколку на еден класичен Windows Phone уред со коцкаст дизајн. Дизајнот не е најмодерен, но силно потсетува на практичноста и естетиката на HTC. Голема предност кај HTC Titan II е и 16 мегапикселната камера, која е двојно подобра од неговиот претходник и воопшто еден од најмоќните смартфони во овој сегмент. Новитет е и 4G LTE конекцијата, што значително додава гас во брзината. Но, смартфонот си има и свои недостатоци кои за волја на вистината се присутни само поради ограничените стандарди кои ги имаат Windows уредите, како што е на пример потребата од користење на Zune или SyncDrive за споделување на мултимедијални содржини. Батеријата е исто така мал недостаток, бидејќи е со капацитет од 1730 mAh, што брзо се троши поради присуството на 4G LTE конекцијата и големиот Super LCD екран.



Дизајн

HTC Titan II во дизајнот не се разликува многу во однос на својот претходник, што до некаде е и мало разочарување. Дополнителна свежина во дизајнот ќе предизвикаше далеку поголемо интересирање за овој смартфон. Во однос на самиот дизајн може да се истакне издолженоста на долната страна, со мало искривување, што на смартфонот му дава интересна контура. Задната страна е малку заоблена и долниот панел е изрезбан, под кој се наоѓа СИМ картичката, што дава добро чуство при држење, а горниот панел ја издвојува одличната камера.

 


Димензиите на HTC Titan II изнесуваат 132 х 69 х 13, што многу потсетува на постарите уреди на тајванската компанија. Во поглед на функционалноста може да се истакне дека е завршена квалитетна работа. Целата идеја за Windows и физичките копчиња е минимализам и неприметливост. На левата страна се наоѓа само влезот за USB кабелот, а од десната страна се наоѓа копчето за регулација на звукот и шутерот за камерата. На врвот се наоѓа power/lock копчето, како и влезот за слушалките. На долната страна нема влезови или копчиња.

 

Дисплеј

Најистакнат момент кај HTC Titan II е огромниот 4.7 инчен Super LCD екран. Како и кај повеќето Windows смартфони кои се ограничени со 200 пиксели на еден инч, така и HTC Titan II не може да се пофали со многу квалитетен екран, но сепак екранот има одлична видливост, квалитетни бои и средна резолуција од 400х800 пиксели. Екранот сепак добро рагира на дневна светлина, при што видливоста е одлична.



Софтвер

Мал недостаток кај Windows Phone платформата е што не постои никакво простор за додавање на сопствен кориснички интерфејс од страна на производителите, како кај Android. Речсиси сите смартфони со Windows Phone без оглед од кој производител се имаат идентичен кориснички интерфејс што ја отежнува работата кога сакате да направите разлика меѓу уредите и да донесете избор. Кај HTC Titan II тајванците се обиделе да направат мали интевренции во софтверот со HTC Hub App, но тоа воошшто не го менува јадрото на корисничкиот интерфејс.

 

QWERTY Татстатура

Кога имате пред себе смартфон со чудовишен екран очекувате користењето на виртуелната тастатура да биде како подмачкано. Кај HTC Titan II во целост ќе бидете задоволни од тој сегмент. Голмиот екран во комбинација со виртуелната тастатура на Microsoft дава одлични резултати и е лесна за користење и пишување на SMS пораки и e-mail пораки. Мал недостаток е што освен точка и запирка, нема дополнителни интерпукциски знаци, па за нив ќе мора да влезете дополнително во менито за симболи, што може малку да го забави пишувањето.

 

Хардвер

Хардверскиот дел и не е така импресивен, бидејќи повеќето Windows смартфони работат на слични конфигурации. Кај HTC Titan II ќе најдете Qualcomm Snapdragon S2 процесор со брзина од 1.5 GHz, потоа RAM меморија од 512 MB и 16 GB корисничка меморија, но без можност од дополнување преку мемориска картичка, што е хендикеп кај сите Windows смартфони. Целокупниот перформанс на смартфонот може да се оцени како добар и брз, но доста често се забележуваат помали кочење, што се должи на малиот харверски капацитет.

 

Разликата е во 4G LTE

Една од најголемите предности во однос на неговиот речиси идентичен претходник е додавањето на 4G LTE конекцијата, што дава огромен скок во брзината.Сепак, користењето на интернетот не е без недостатоци. Немањето на подршка за Flash и ограниченоста на хардверот дава послаби резултати, слично како и кај целопкупниот перформанс на смартфонот. Инсталираниот прелистувач internet Explorer добро си ја врши работата, а покрај 4G LTE има и Wi-Fi конекција, Bluetooth, GPS, како и кожност за поврзување со други уреди преку hotspot.

 

16 Мегапикселна Камера

HTC Titan II ја има можеби најдобрата камера и е еден од ретките смартфони воопшто кој поседува камера со сензор од 16 мегапиксели. Со ваков капацитет не може да се пофали ни HTC One x и Samsung Galaxy S III.  Камерата има LCD, BSI (back side ilumination) сензор и леќи за широк агол. Сликите со овој смартфон се одлични и тешко е да се најдат мали забелешки.  Дополнително на располагање ви се повеќе опции, како auto focus и image stabilization, менито на камерата има многу опции за подесување.

  

Снимањето на видеата со висока резолуција од 720 пиксели не дава впечаток на целосно искористување на камерата. Led блицот исто така може да го користите за осветлување при снимање на видеата, а софтверот нуди и многу други опции. Видеата изгледаат добро, но недостаток е можноста за снимање со резолуција од 1020 х 800 пиксели.

 

Album Hub и Camera Roll

Ова е алатка за прегледување на слики и видеа и е едноставна за користење. Преку опцијата camera roll имате преглед на сите слики, како и можност за префрлање на сите албуми од Facebook профилот. Освен слики ги прикажува и сите видеа кои сте ги снимиле со камерата. Прегледот е во landscape и portrait mode, а оваа опција не може да се менува. Самата алатка camera roll не ја намалува големината на сликата, што значи може да ја видите со цела резолуција, а има и додатна опција за auto-fix која дава добри резултати на сменетите слики.

 

Видео плеерот е интегриран во истата алатка. Користењето на менито е едноставно, има назначено копчиња за напред/назад, како и контроли на големината на видеото, односно full-screen и временска рамка. Голем недостаток е тоа што не подржува AVI фајлови, а единствено решение е да го користите Zune, кој ваквите фајлови автоматски ги конвертира во mp4, но целиот процес може да биде многу бавен.



Мултимедиа

Како и кај другите Windows смартфони нема да може целосно да уживате во мултимедијалните содржини. Кај HTC Titan II меморијата од 16 гига не е голем хендикеп, вистинскиот проблем е како да ја наполните таа меморија со содржини. Уредот нема mass storage, што занчи дека не може да префрлате песни, слики и видеа на вообичаените начини, туку еднинствено преку софтверот за споделување содржини Zune или cloud сервисот SyncDrive на Micrsoft. Аудо и видео плеерот се споени во Music + Video Hub, a преку него имате пристап и до FM радиото и базата на апликации Marketplаce.

 

Заклучок

HTC Titan II e еден од најдобрите смартфони со OS Windows Phone 7.5 и е директен конкурент на гордоста на Nokia Lumia 900. Овој смартфон и многу не се разликува во хардверскиот дел од останатите смартфони на оваа платформа, поради стриктно пропишаните специфики, но затоа пак се издвојува со својата 16 мегапикселна камера, добриот екран, како 4G LTE конекцијата. Сето тоа додава на неговата цена, која е повисока од Nokia Lumia 900.



Пред да се решите да купите било каков уред со OS Windows Phone 7.5 прво треба да знаете дека ќе морате да го користите сервисот Zune и SyncDrive, доколку сакате музика, видеа и слики на вашиот смартфон, кои ќе може да ги префлрате и споделувате. SyncDrive за почеток е бесплатен, но подоцна ќе треба да издвоите пари за да го користите. Сите овие пречки може да ве предомислат доколку се решите да поседувате Windows смартфон, а доколку не ве интересира мултимедиата, HTC Titan II може да бдие одличен уред за вас со оглед на тоа што неговата цена сигурно ќе падне, во очекување на новите смартфони на Windows платформата.

Автор 

Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: